Difference between revisions 2794032 and 2901006 on mkwiki{{Без извори|датум=ноември 2009}} Во [[социологија]]та и [[биологија]]та, '''населението''' се дефинира како збир на луѓе или организми од одредени видови, кои живеат на определена географска зона или простор, најчесто измерено врз принципот на [[цензус]]. Во биологијата, се изучува популацијата или населението на [[Животни|животните]] и [[Растенија|растенијата]], со особен осврт на [[екологија]]та како биолошка гранка. Во [[демографија]]та се изучува човечкото население. Различни аспекти на човечкото однесување во рамките на населението се изучуваат во Социологијата, [[економија]]та и [[географија]]та. Науката за населението е поврзана секогаш со законите на променливите, па така заклучоците не секогаш се однесуваат на секој поединец од населението. Бројот на населението влијае врз животната средина преку обемот на промените што ги прави човекот во природата. Односно: колку повеќе луѓе на еден простор толку повеќе потреби за преживување и опстанок, односно интервенциите на природата се многу поголеми, а голем дел од нив се со негативни последици. Бројот на населението на Земјата е различно и со тенденција кон постојано зголемување. dinamikata na naselenieto vo svetot po kontinenti, izrazeno vo milioni Динамика на населението во светот по континенти - изразено во милиони (табела подолу) {| class="wikitable" |- ! Година !! Свет !! Африка !! Азија !! Европа !! Северна Америка !! Јужна Америка !! Австралија |- | 1750 || 791 || 106 || 502 || 163 || 16 || 2 || 2 |- | 1850 || 1262|| 111 || 809 || 276 || 38 || 26 || 2 |- | 1950 || 2519 || 221 || 1398 || 547 || 167 || 172 || 13 |- | 1970 || 3692 || 357 || 2143 || 656 || 285 || 232 || 19 |- | 1980 || 4435 || 470 || 2632 || 692 || 361 || 256 || 23 |- | 1990 || 5264 || 622 || 3168 || 722 || 442 || 284 || 26 |- | 2000 || 6071 || 796 || 3680 || 728 || 520 || 316 || 31 |- | 2008 || 6707 || 973 || 4054 || 732 || 577 || 337 || 34 |} Разместеноста на населението и бројот на населението порано биле помали. Населението вило разместено на помал простор. Најзастапено било по долините на поголемите реки, во пороплите краеви, како: Нил, Инд, Хуан Хе, Тигар и Еуфрат, приморските делови на Средоземното Море итн. По големите географски откритија екумената е проширена со погусто населување на континентите на стариот, но и на континентите на новиот свет: Австралија, Јужна и Северна Америка. Денес во светот има повеќе од 6,5 милијарди луѓе. Луѓето, со исклучок на Антарктикот, се разместени на сите континенти. Но, разместеноста не е рамномерна Има територии со многу голема густина на населеност, како на пример Европа - особено Западна и Централна Европа, источните делови на кина, Индија и Индокина, северните делови на Египет, околу Гвинејскиот Залив во Африка, Јужноафриканската Република, Приатланската Низина во Северна Америка и дуриг територии. Територии со мала густина на населеност се: Канада, азискиот дел на Русија, пустината Сахара, Амазонија, планинските системи итн. == Повразани содржини == * [[Популација]] [[Категорија:Социологија]] [[be:Папуляцыя]] [[ca:Població (biologia)]] [[de:Population (Biologie)]] [[et:Populatsioon]] [[eo:Populacio]]⏎ [[hy:Պոպուլյացիա]] [[hr:Populacija (biologija)]] [[kk:Популяция, оның сипаттамасы. Түр түзу үдерісі, оның типтері]] [[nl:Populatie (biologie)]] [[no:Populasjon]] [[pl:Populacja (biologia)]] [[ru:Популяция]] [[sl:Populacija (biologija)]] [[sr:Популација (биологија)]] [[sv:Population]] [[uk:Популяція]] [[vi:Quần thể]] [[zh-min-nan:Kò-thé-kûn]] All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikipedia.org/w/index.php?diff=prev&oldid=2901006.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|