Difference between revisions 2932180 and 3113331 on mkwiki

{{Без извори|датум=октомври 2009}}
'''''La Pyramide Inversée''''' ('''''Обратната пирамида''''') е светларник конструиран во подземен трговски центар пред [[Лувр|музејот Лувр]] во [[Франција]]. Може да се Може да се гледа како мал брат на попознатата [[Пирамида Лувр]], свртен наопаку; свртената основа лесно може да се забележи однадвор.

== Дизајн ==

[[Пирамида (геометрија)|Пирамидата]] означува пресек на двата главни пата и ги ориентира посетителите кон влезот на музејот. Затегната со 30-тонска, 13,3 метарска квадратна метална рамка, инверзната пирамида во ламинирано стакло покажува надолу кон подот. Врвот на пирамидата е 1,4 метри над подот. Индивидуалните стаклени страни во пирамидата, дебели 30 mm, се поврзани со кртовидни спојки од челик долги '''381''' милиметар. Навечер, структурата се осветлува од серија рефлектори.

Точно под врвот на стаклената пирамида, на подот е сместена мала камена пирамида (околу еден метар висока), како слика на поголемата структура над неа. Врвовите на двете пирамиди скоро да се допираат.

''La Pyramide Inversée'' била дизајнирана од архитектите [[Јео Минг Пеи]], [[Коб Фрид]] и Партнери, и инсталирана како дел од втората фаза на владината реновација на музејот Лувр. Била завршена во [[1993]]. Во [[1995]], била финалист во [[Бенедиктус Награди|наградите Бенедиктус]], опишана од жири-комисијата како „исклучителна анти-структура … симболичка употреба на технологија … парче скулптура. Била замислена како објект но сега е објект кој зрачи светлина."


== Надворешни врски ==

* [http://en.structurae.de/structures/data/index.cfm?ID=s0003454 Structurae: Обратна пирамида]
* [http://davinci-code.info/inverted-pyramid-1 Музејот Лувр и обратната пирамида - фотографии и многу повеќе]
* [http://www.insecula.com/us/musee/M0001.html/ Повеќе од 10.000 фотографии: Musée du Louvre — музејот Лувр]
* [http://www.hotpixel.net/PyramideInversee/ La Pyramide Inversée - Фотографии од блиску]
* [http://www.louvre.fr/ Официјална веб-страница на музејот Лувр]
* [http://tions.net/CA256EA900408BD5/vwWWW/outdoor~02~21#louvre Парискиот меридијан, или „Линија на Ружи"]
{{commonscat|La Pyramide Inversée}}

[[Категорија:Музеи|Pyramide Inversée]]
[[Категорија:Згради и градби во Париз|Pyramide Inversée]]
[[Категорија:Пирамиди|Pyramide Inversée]]
[[Категорија:Лувр]]