Difference between revisions 4443802 and 4464663 on mkwiki{{викификација}} [[Image:Gorilla_eating.jpg|thumb|right|250px|[[Горила]] јаде овошје.]] '''Јадењето''' (исто така познато исто така и како конзумирање) е земање храна за да се обезбеди организмот со потребните хранливи или медицински потреби, особено за енергија и растење. Животните и останатите хетеротрофи мора да јадат со цел да преживеат: месојадците јадат други животни, тревопасните животни јадат растенија, омниворите консумираат мешавина од растително и животинско потекло, а детриворите јадат детритус. Габите ја варат органската храна надвор од нивните тела, за разлика од животните кои ја варат храната во своите тела. За луѓето, јадењето е секојдневна активност. == Навики за јадење на луѓето == Многу домови имаат кујна или надворешна (во тропските предели) кујнна која се користи за приготвување оброци и храна. Може да имаат и трпезарија или друг дел одреден за јадење. Некои возови имаат вагон-ресторан. Сребрениот прибор, приборот за јадење и пиење и садовите за готвење доаѓаат во широк спектар на форми и големини. Повеќето општества исто така имаат ресторани, како и готова храна која може да се купи низ улиците, така што луѓето може да јадат надвор од дома, кога немаат доволно време за да си подготват храна или во некоја социјална прилика (клубови за јадење). На највисокото ниво на софистицираност, овие места постануваат „ театарски спектакли на глобален космополитизам и мит“. На излети, или фестивали за храна, јадењето, всушност е примарна цел на социјаните собири. На многу социјални настани, храна и пијалаци им се оставени на располагање на присутните гости. (contracted; show full) == Позиции за јадење == [[File:10 month old baby eating chocolate.jpg|thumb|150px|right|Бебињата почнуваат да јадат храна со раце помеѓу 8 и 12 месеци.]] Позициите за јадење се разликуваат во разни региони во светот каде многуте култури влијаат на начинот на кој луѓето ја јадат храната. Во повеќето од земјите на Блискиот Исток, најчесто се јаде додека се седи на земја и се верува дека е тоа поздраво отколку да седите на маса. == Развојот на јадењето кај луѓето == (contracted; show full) Многу лабораториски истражувања покажале дека луѓето со прекумерена тежина повеќе се емоционално реактивни и поголема е веројатноста да се прејадат кога се под стрес отколку луѓето со нормална тежина. Дури, постојано се докажува дека подебелите лица почесто и поинтензивно ги доживуваат негативните емоции отколку луѓето со нормална тежина. Натуралистичкото истражување на Lowe and Fisher ги споредува емоционалната реактивност и емоционалното јадење на студентките со нормална и со прекумерена тежина. Истражувањето ја потврдило тенденцијата на подебелите поединци кон прејадување, но овие наоди се однесуваат само на ужинки, не на оброци. Тоа значи дека овие поединци немаат тенденција да јадат повеќе за време на главните оброци, туку се зголемила количината на ужинки која ја изеле меѓу оброците. Едно можно објаснување кое го предлагаа Lowe and Fisher беше дека подебелите лица че(contracted; show full) == Улогата на мозокот за време на јадењето == Мозокот може да го контролира внесувањето на храна, бидејќи има нервни завршетоци кои ја детектираат гладта од другите делови на телото. Учеството на мозокот при внесувањето на храна се истражувало преку стаорци. Стаорците на кои моторните неврони во мозокот им биле исклучени од нервните завршетоци на мозочните хемисфери (decerebration), не биле во состојба да и пристапуваат на храната или да јадат. Наместо тоа, тие ја добивале својата храна во течна форма. Ова истражување покажува дека мозокот има улога при јадењето. Постојат два пептиди во хипоталмусот кои произведуваат глад, меланин концентриран хормон (MCH) и орексин. MCH игра поголема улога во создавањето на гладта. Кај глувците, MCH го стимулира хранењето и мутацијата предизвикува хиперпродукција на MCH да доведе до прејадување и ситост. Орексинот игра важна улога во контролирањето на односот меѓу јадењето и спиењето. Другите пептиди во хипоталмусот кои го поттикнуваат јадењето се невропептидот Y (NPY) и ауготи – поврзан протеин (AGRP). Ситоста во хипоталамусот е стимулирана од лептинот. Лептинот цели кон рецепторите на јадрото - arcuate и ја потиснува секрецијата на MCH и орексин. Јадрото - аrcuate исто така содржи уште две пептиди кои ја поттиснуваат гладта. Првиот е CART ( кокаин и амфитамин – регулиран препис), а вториот е α-MSH (α-melanocyte- стимулирачки хормон). == Нарушувања == Физиолошки, јадењето е предизвикано од гладта, но постојат многу физички и психички услови кои може да влијаат врз апетитот и да го нарушат нормалното јадење. Тука се вклучува депресијата, алергија на храна, голтање на некои хемикалии, булимија, анорексија, нервоза, хипофиза и други ендокрини проблеми, и многубројни други болести и нарушувања во исхраната. Хроничниот недостаток на здрава храна може да предизвика разни болести, и на крај може да доведе до глад. Кога ова се случува пречесто, тоа се вика прегладнетост. Ако не е можно јадење и пиење, како што често е случај кога една личност се опоравува од операција, алтернативи се ентерална и парентерална исхрана. == Поврзано == * [[Начин на исхрана|Диета]] * [[Џвакање]] [[Категорија:Храна и пијалаци]] [[Категорија:Психологија]] All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikipedia.org/w/index.php?diff=prev&oldid=4464663.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|