Revision 2929915 of "Јаглероден циклус" on mkwiki{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[Податотека:Carbon cycle.jpg|мини|десно|460п|Дијаграм на јаглеродниот циклус кој го покажува движењето на јаглеродот помеѓу земјата, атмосферата, и океаните во милијарди тони годишно. Жолтите броеви се природни флуктации, црвените се човечките придонеси во гигатони јаглерод годишно и белите броеви укажуваат на складираните количества.]]
'''Јаглероден циклус''' е поим со кој се означува кружењето на [[јаглерод]]от во [[природа]]та, односно [[Биогеохемиски цикулс|биогеохемискиот циклус]] на јаглеродот. Сите [[Органско соединение|органски соединенија]], како и целокупниот [[живот]] на [[Земја]]та се засноваат на [[Хемиско соединение|соединенијата]] на јаглеродот. Основната форма на јаглеродот со која започнува и со која завршува јаглеродниот циклус е [[Јаглерод диоксид|јаглеродниот диоксид]]. Значи, основниот „резервоар“ на јаглеродот е [[гас]]от CO<sub>2</sup>. Количеството јаглероден диоксид во [[воздух]]от секогаш останува исто, бидејќи тој се враќа во него со истата брзина со која [[растенија]]та го врзуваат (земаат).
== Тек на јаглеродниот циклус ==
Растенијата го внесуваат јаглеродниот диоксид од воздухот и го користат за создавање [[храна]] по пат на [[фотосинтеза]]. Потоа тој протекува низ [[Синџири на исхрана|синџирите на исхрана]] - [[Тревојад|хербиворите]] го обезбедуваат јаглеродот со јадење растенија, додека [[Месојад|карниворите]] со јадење на хербиворите. Сите овие [[Организам|организми]] при процесот на [[дишење]] го ослободуваат јаглеродниот диоксид повторно во [[атмосфера]]та. Исто така, при дишењето на [[Бактерија|бактериите]] и [[Габа|габите]] се ослободува јаглероден диоксид од разложувањето на телата на мртвите организми.
[[Дрво]]то, [[јаглен]]от, [[Природен гас|природниот гас]] и [[бензин]]от содржат јаглерод. Кога тие горат, јаглеродот се соединува со [[кислород]]от и се создава јаглероден диоксид, којшто оди во атмосферата и се вклучува во јаглеродниот циклус.
[[Категорија:Биогеохемиски циклуси]]All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikipedia.org/w/index.php?oldid=2929915.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|