Revision 3111849 of "Aseth" on mkwiki

{{Без извори|датум=август 2010}}
'''ASETH (A Simple Exchanger Of THoughts - Едноставен разменувач на мисли)''' ќе биде [[друштвена мрежа|социјална мрежа]] и алатка за [[микроблогирање]] развиена во [[Adobe Flash]] која ќе им овозможува на корисниците да читаат и запишуваат мисли / пораки или да комуницираат во реално време. 
== Изработка ==
Моментално, ASETH е сèуште во ран период на изработка со ограничена функционалност, а објавеното издание е наменето за тестирање. Алатката се развива во Adobe Flash, [[PHP]] и користење на [[XML]] бази на податоци и истата ќе биде достапна на македонски и англиски. При самото вчитување на алатката, потребно е да се внесе име и да се кликне на „Влез“ каде што корисникот е автоматски пренасочен на основната страница. Десно на страната се наоѓаат мислите или пораките од претходни корисници - временски распоредени, додека пак горното лево поле од страницата служи за испраќање на мисла или порака од 300 знаци кон базата на пораки. Долниот лев дел служи за комуницирање во реално време со користење на претходно избраното име.

Моменталната функционалност и дизајн на ова издание, може но и не мора да се одразат на крајниот продукт на ASETH.

== Врски ==
[http://0.mk/aseth Лимитираното издание на ASETH]

[[Категорија:Програмска опрема]]