Difference between revisions 8663 and 8676 on mkwikibooks

==1 песна==
:Пискотници се слушаат од Галичник до Река,
:што тешка несреќа ги збра
:и мажите, и жените, та гласи тажна ека
:и навева сал коб и зла?



:Дал' град полињата житородни ги беше фатил?
:Ил' рој од скакулци се вдал?
:Дал' султанот арачлии час предвреме им пратил
:да збира арач лут без жал?

:Ни град полињата житородни ги беше фатил,
:ни рој од скакулци се вдал,
:ни султанот арачлии час предвреме им пратил
:да збира арач лут без жал.

:Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
:тој сердар прочут падна в бој,
:и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
:а да ги брани нема кој . . ."

:-Земјоделци, служители на Деметра баш така
:шепотеа за гласот зол, а жените,
:штом чуја, писнаа од силна мака
:и коси корнеа од бол.

:А гласот растеше, и голем стана та се дигна
:ко Бореј, брзокрил.
:За час во сите ближни села толку бргу, ене, стигна
:тој несреќен и кобен глас.

:Вдовиците и бедните, ги гледаш, солзи леат,
:и момите — за света чест.
:А земјоделците ко втрегитени од ровја беа
:на таа толку жална вест.


:Но насреде уште останала самотна греда,
:ама да потпира јако.

:Но и неа бесно огнооки змејови страшни
:силно ја тресат од темел и куќата,
:најпосле, паѓа, а купишта прашни
:станаа гробови неми . . .

:Со одвратност од себе сонот го оттурна она,
:мислите црни ги гони;
:но пак ја обградија мачните слики од сонот
:ноќеска што и се сони

:Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева
:сигурно синот и ќе е!
:И пак го наведнува, како овената трева,
:зашто чеканиот не е.

:И зошто ја жали вдовицата минувач тажен,
:солзите свои ги трие?
:За смртта тој не се решаваше прв да и каже,
:од неа злото го крие,

:бидејки и беше единствена потпора, левен,
:чедо на мајка си првно.
:Страшилиште беше за Харпија—Албанец гневен
:сегде што грабеше стрвно.

:На оганот мајката котелот, ене го клава:
:вода да стопли за толку
:саканите капнати јуначки нозе и глава . . .
:Него го носеа молкум.

:Се надева, кутрата, пак да го пречека кога
:коњче ќе разигра стројно.
:Тој, силниот цар на сенчестпитпе планини, тогај
:помил и станува тројно.

:А Кузман честопати гонеше пљачкаши кои
:плачкаа секаде смело,
:и секогаш силен и горд, со другарите свои,
:победник идеше в село

==5 песна==
==За таа наша пропаст жал на Махмуда му стана,
:се спушти како орел тој.
:Разбеснето со шпорите тој шибна, коња врана
:со Кузмана да стапи в бој.

:

:Да, така дрвар лесно сече в гора гранка здрава
:од дабот толку силен, стар.
:И прво падна раката со таа руса глава
:на мојот храбар господар.

:А потем падна и се урна снагата му цела
:врз оној грозен, крвав куп.
:И бликаше на земјата во струи крвта врела
:од уште топлиот му труп.==

==6 песна==
:Јуначкото тело на Кузмана беше од рани
:лути ишарано цело,
:што беа се пробиле лесно низ ребрата збрани
:се до внатрешните делој.

:Од крвта ненаситен, се уште водеше битка,
:лутина гневна дишејки;
:од раните бликаше крвта, но се уште бритка
:мавташе сабја, беснејќи.

:Под секира дабот, што бури победувал, така
:смртно под рани се веде,
:а потоа паѓа од моќната дрварска рака,
:ама - врз дрварот беден. . ."

:Албанецот тоа го раскажа. Мајката, која
:беше изумена сета,
:штом ова го слушна, над маката бескрајна своја
:затажи, припадна клета.

:Одненадеж народот врати со плач на плачојте
:како бран врз бран во брегот.
:Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите,
:продолжи повтор за него

:— „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи
:господ во рајот го пратил;
:неизмерни сласти му нуди;
:и само плачејки душата ти му ја матиш,

:бидејки тој падна со своите, бранејќи ја со нив
:херојски земјата мачна,
:а не како злосторник кого Темида го гони,
:фрла во јамата мрачна,

:и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен,
:не како удавен в браној,
:и не како жена што потајна болест ја јаде, —
:туку од јуначки рани . . .

:Да, не од недостојна смрт... За насилнички дела
:отплатник беше, знаејќи
:да одмазди смртно за својата дружина цела,
:голем страв сегде ширејќи.

:Во страшната борба тој отепа не еден Гега . . .
:Јас ќе ти раскажам за нив,
:за нашите најарни херои кои подлегнаа сега
:сите под лутите рани:

:во борба непобедлив широкоградиот Јакуп
:којшто со подвижност лесна
:за папукот Карала беше го фатил ко кален
:на земја беше го треснал.

:Утробата сал му ја истурил. . .Потоа Рушит,
:сиот во позлата бојна,
:од чија што песна и свирба трепереа уши:
:опитен човек во војна.

:И Селман брадатиот, татко му кому му пратил
:поздрав, без веќе да жали,
:бидејки за крвта на брата си беше го фатил,
:— глава му одзел на Али.

:И Ахмед, од сонцето спален, што обесил така
:некојси кадија грешен
:врз комшиска жена кој ставил изгнасена рака,
:да ја обесчести решен . . .

:Абдурахман,,куршум чиј наместо секогаш паѓал,
:најди му рамен во светот:
:без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓал
:малечки птички во летот.

:Оловниот куршум не погоди овојпат ништо.
:Сиот избезумен, мажи
:да паѓаат виде. И падна во вечните сништа,
:остави мајка да тажи.

:Живееше тој во Малесија, каде што секој
:кога ќе тропне на врата
:наоѓаше заштита, ако на стопанот некој
:од нив му убил и брата.

:Скриениот може и султанот да му го бара,
:заплашувајќи со колеж.
:па макар по цена на крвта - не ќе му го дарат
:онега помош што молел . . .

:И Сулејман, којшто го продал имањето сето,
:гонет од младиот порив;
:за сабја дамасклија немаше веќе на светот
:она што не би го сторил . . .

:И Емин, што рипна во реката Дримот та чија
:матица брзо го свлечка
:бидејќи со невооружени врази, а пијан
:некогаш беше се спречкал.

:А тогаш од водата некаков рибар што минал
:беше го спасил со сила.
:Но жицата Кузман од животот негов ја скина:
:судбата таква му била!. ..

:Чан-Јок, гостоприемлив, куќата чијашто често
:беше во секое време
:за сите отворена . . . Роден во планинско место
:каде што живее племе

:Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа,
:мешано празници слават;
:и оџа, и поп на гробиштата заедно исти
:обреди свештени прават.

:Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага -
:в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше,
:без малку да остави трага,
:в правта под нозете лесни.

:Но нималку не му помогнаа нозете, ете!
:И животворните зраци
:изгаснаа; остави вдовица млада со дете,
:малечко детенце в раце . . .

:И најпосле, дивиот Махмуд, кој беше во сешто
:бик меѓу стадото бесно.
:Го викавме војвода, господ. . . штом наумил нешто
:- веднаш го вршеше лесно.

:Нам водачи тие ни беа; без бог да ги штити
:смртта ги однесе ледна.
:Јас не можам да ти ги изредам сите, па нити,
:жено, да слушаш ти седна!

:Од крвта на стомина борци сред викови диви
:земјата прокисна меко.
:Останавме само четворица Албанци живи
:што го избегнавме секот.

:За награда ние од Стан го донесовме син ти,
:толку нажалени сите:
:да не биде храна на птиците грабливи, нити
:плен да им стане на пците.

:Та нему му прилега погребението свето!
:Нека не разбере Неда
:јуначкото како го цени Албанецот сето!. .
:. . . Често од Одрин ги гледав

:зачудено Русите. Восхитен бев од синојте
:кои Елада ги даде.
:Служејќи му на Шкодралијата , каде што минав
:- гробови видов. Но каде

:да одев, да скитав, јас не сретнав појунак човек,
:жено, од сина ти сакан.
:И блажени нека се твоите гради се довек
:што го охраниле така.

:За твоето млеко се покажа достојно чедо,
:венчан од славата трајна,
:и никако не го посрамоти родот ти, Недо,
:в скут на победата сјајна .. .

:А куќата што ке ги чуе плачовите твои
:света ќе остане за нас.
:На твојата порта не ќе тропнат Албанци, кои
:бараат гозби и храна.

:За Гегата рајата трпеза полна ќе даде;
:рајата има, се гледа.
:Јас секогаш ке го почитувам покривот каде
:Кузман го родила Неда

:и каде што таа поднесува голема тага.
:Пред тебе клетва ќе ветам;
:Албанецот нема да згазне на зборот и лага
:не ќе е клетвата света"!

:Со почит, пред телото мртво Кузманово, рака
:Гегите кренаа веднаш.
:Тупаници стиснаа силно; пред мртвиот вака
:клетва изрекоа една:

:- „Се колнам јас, јунаку, никогаш мајката твоја
:да не ја нажали Гега.
:И нема да позволам,еве, на зборот си стојам,
:смртник да пречи од сега".

:Се колнеа Гегите, колено чисто на тие
:Пелазги славни. А Неда
:со закован поглед в кој омраза — молња се крие
:гледа во водачот бледа.

:Ко втрештена беше. Молчалива - риба! Но бликна
:одеднаш болката пуста.
:И тежеше в гради. Ја натера гневот, та викна
:луто мајчината уста:

:- „Зар повтор со злосторни ужасни мисли сте полни,
:скитници, грабливи страчки?!
:Зар пак, о, разбојници, кроите некакви волни
:убиства, кражби и пљачки?

:Зар не се сеќавате, клетници, божјата рака
:како ве разори, смачка?
:Ил' диво се смеете син ми што загина сакан
:мислите: час е за пљачка!

:Но и други борци ќе воскресне Река и водач
:нивни ќе излезам в гора.
:По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам . . .
:Јас да ве уништам морам,

:ил' мртва ќе паднам. Зошто ми е животот кога
:син ми неодмазден ке е?
:Во бојот ќе побарам смрт. Но по желба на бога
:може и триумф да грее!

:Јас сина да видам - ќе жртвувам живот, копнејќи;
:сили со радост ќе зберам.
:Но залудо ти ми го фалиш ко јунак, бидејки
:враг си му нему по вера.

:Даројте на врагот се омразни. Храброста нема
:што да ја фалите вие.
:Го нејкам ја венецот никаквец што и го спрема,
:помисли други што крие.

:Расплакана Албанка, косите што си ги куби,
:фалби на Кузман му плете,
:бидејќи во оваа слава и подвиг и убил
:можеби маж или дете.

:Од кротката раја, во нашата клетва се вели,
:Гегите храна ќе зберат.
:Сал мојата куќа ќе била чествувана, нели?
:Клетви ви не се за вера!

:Со таквите клетви и зборови немој да мамиш!
:Света е куќата моја:
:со барут и железо полна е; не ќе ја срами
:Неда родината своја.

:Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, -
:вас ќе ве дочека смело,
:со божјата помош во борба со душмани крвни
:в крв ќе запечати дело.

:Ти велев често: „Кузмане не ризикуј ти живот,
:не елегувај во бојот пак!"
:Но ти опасноста ја презре, и во пресрет, диво,
:на болниот му летна знак.

:. . . Но, на рамо вие го носевте сина ми довде,
:голем пат вие сте прошле . . .
:Знам, нечесно ќе е да почнам со играта овде,
:зашто со милост сте дошле.

:И затоа нека во верност се заколне секој,
:нека се заколне дека не ќе врши грабежи,
:се дури постои веков,
:во намачената Река.

:Земете ја, инаку, клетвата назад, и така
:денес да почнеме битка!
:Јас не можал среќна да бидам се дури во мака
:страдниот народ се витка!"

:Им рече . . . ја гледаат збунето Гегите неа:
:лик на природата сама . . .
:А луѓето, сите со трепет, замаени беа
:од необичната драма.

:И откако дадоа збор Арнаутите, секој
:од нив се заколна дека не ќе врши грабежи,
:се дури постои веков,
:во намачената Река.

:Го поткрена Неда мртовецот, — тешкиот товар
:во мајчина прегратка лесен . ..
:Плачејќи, во бранови луѓе го гледаат ова. .
:Околу патот е тесен.

:Големото портиште скрцна ко бикова рика.
:Дворот се начичка добро до народот
:и од неговата таговна вика.
:(Сите пак, не ги ни собра.)

:Сред плачот се стегаше народот надвор и благо
:секој на мртвото тело
:Кузманово сакаше да му се доближи: да го
:бакне неговото чело.

:А Неда, носејќи го на раце лесниот товар,
:силно офкајќи, се качи
:по ретките високи скали, гологлава . . Нова
:стихија разнесе плачој.

:На постела таа го стави мртовецот, каде
:жена, во црнина цела,
:рамнодушно чекаше. Врз глава таа му кладе
:крпа, копринена, бела.

:Ти која си, жено, што можеш да стоиш сред
:врели
:плачови студена тука?
:Калуѓерка таа е, Фотина, чиешто челик -
:срце во градите чука.

:В гроб темен испратила мнозина Фотина клета.
:Нејната студена душа,
:гледајки ја одблизу смртта - замрзнала сета.
:Страшниот пискот го слуша,

:недостапна сала за солзи. Но, ете ја,стои
:- карпа пред јароста бурна;
:нејзиниот ум го зацврстиле молитви, кои
:идат од душата тмурна.

:Мртовецот таа го соблече. . . Крвави порој,
:лута и не една рана ...
:А мајката, браздите кога ги виде, без зборој
:ко поулавена стана.

:Тресејќи се целата, очи со раце стискајќи,
:в потп се изоблеа ладна:
:Еринија чиниш ја збрка;со глава, ко лисје нишајќи,
:таа полумртва падна.

:Надојдоа жени; од подот го кренаа тие
:нејното немоќно тело,
:и почна со студена водица некој да трие
:Недино високо чело.

:Но откако дојде на себеси кутрата Неда -
:отвори полека очи.
:Штом поткрена поглед, започнаа пак да се редат
:тажачки, солзи без почин.

:А Фотина мртвиот в корито беше го клала;
:вода го потури млака
:што беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малку
:жив да се искапи така.

:Го искапа бабата. Кога го вршеше ова
:среде тишината темна,
:монотоно сите ги редеше маки на Јова9,
:в потсмев кон сладоста земна.

:Ко лице и песната бестрасна беше, но река
:в кристално корито, чинам,
:што тече низ песок, гонејки ја полека-лека
:жедта на тие што минат.

:Баш така Библијата како со балсал ги слади
:неутешените гради ...
:Зборовите параа срце на тие што таму
:собрани беа, а само

:утехата стои пред кутрата мајка ко стена,
:болката неа ја скрши.
:Свршуваше песната . . . Ама опитната жена
:и со капењето сврши

:на многутажениот мртовец, херој од Река.
:И Кузмановото тело
:се провикна за да го кренат .. .Па видоа дека
:телото - цвет беше бело.

:А мајката прва се спушти и лесно го крена
:како од фиданка гранка.
:Му облече кошула веднаги опитната жена,
:риза - пајажина танка.

:А потем, позлатени дреи што Кузман на празник
:само ги носеше голем.
:Да, така младоженец ружаат моми со разни
:обредни песни во пролет.

:Го пренесе мајката, накитен сиот во злато,
:на чардак - резбарско дело.
:Го кладоа в постела: Неда по тажачки прати,
:најарни тажачки в село.

:За тажење, досега нигде неслушнато, Неда
:најпрво знакот го даде;
:И расплете коси, над мртвото затажи чедо. ..
:Рацете таа ги кладе

:врз Кузман... - „Се надевав - писна, - ој Кузмане, дека
:како младоженец в зора
:девојките ќе ми те облечат;
:тука Ке екнат весели, свадбени ора.

:Го украси резбар со цвеќиња таванов, - рече, -
:од младоженската стаја.
:Канејќи не бочвата сите на свадбена вечер —
:врие од виното таа.

:И пративме дарови на свршеницата твоја;
:прстенот таа го смени.
:Ни наближи часот за венчило. . . Злосторна моја
:судбино, како се мени!

:Но место да чуеш ти радосна свадбена песна
:-тажачка слушаш да пекам.
:И наместо одаја брачна, ох! — јамата тесна
:бездушно тебе те чека!

:На рацете нема да залулам внуче, а ете,
:каде ме остави, каде?!
:Се изгасна родот, а друго освен тебе дете
:нелам, не остана надеж.

:Го остави творецот земен со еден и родот
:на чествуваниот Раде.
:А мракот на смртта ја голтна без милост и таа
:фиданка бог што ја даде.

:На Радета Стајко му беше единствено дете;
:Ти, пак, Стајковата надеж.
:Во битките смртта на сите вам венец ви сплете
:на гради камен ми кладе.

:Та новата рана ја отвори старата; денес,
:кутра, да не бидам жива -
:над синот и мажот оплакувам одеднаш! Мене
:срцето в бол ми се свива.

:Се чуди со ужас и денес албанското племе
:што јунак татко ти беше;
:со славата побратен, сердар, тој целото време
:беше на херојство решен.

:Ги плашеше како што зајак се плаши, кој бива
:гонет од изгладнет орел . . .
:Тој падна во Дебарца кај што со Муча на живот
:и на смрт беше се борел.

:Ти остана детенце, утеха една во жалост,
:бујно ко фиданка в гора,
:За подвигот татков со восхит ти,
:иако мало, сакаше јас да ти зборам.

:Штом слушаше ти за неговото убиство, твојот
:поглед плалнуваше а ужас;
:и, вцрвен од лутина, клетва ти даде во својот
:гнев - дека одмазда ружаш.

:Бегајќи од шумот на твоите врсници, често
:нешто во мисли те влече:
:во сонот ги гледаше битките, а најаве место
:играчки — имаше мечој.

:Со опашан,тежок меч често те гледав да шеташ,
:пламено нешто шепнејќи.
:За убиства жеден, те гледав кај виорно леташ,
:невидлив бој ти водејќи.

:Но, отпкако порасна направи дела од кои
:душмански племиња в страва
:се стресоа... За тебе слушнав од душмани твои
:фалби што тебе те слават..

:Штом татко ти загина, сабјата твоја
:повторно ја прероди Река
:ко пиле што пиштела в орлови нокти, во која
:Гега ја навредил сека

:домакинска куќа... Ти брзаш,мој сине,да земеш
:венец од лаври во крајот
:на блаженства,кај што не се знае болка и
:време, каде што таму, во рајот,

:од приказни можеш да сретнеш задоволства толку . . .
:Песни се нижат од гласој -
:што не ги чул досега смртник . . . И бескрајно, колку
:векови минат ко часој!

:Сред ливада, таму, и татко, и син ќе се сретат;
:таткото сина ќе гушне.
:Во борбите диви што сторила твојата чета
:од тебе тогаш ќе слушне.

:Штом јунакот тој ќе го гушне со насмевка милна,
:радосен ќе ми те баци . . .
:А, можеби, набрзо и мене, в радоста силна
:ќе ми подадете раце . . ."

:Го изрече ова . . . Бессолзните очи од тешка
:тага ко жарови беа;
:бидејќи го пресуши изворот тагата жешка
:- немаше солзи да леат.

:Во истото време подзедоа жените болно
:тажења, в припев редејќи,
:а однадвор им пригласуваше, липаше волно
:народот збиен, плачејќи.

:И едно по друго од другите жени два хора,
:одгласувајќи ко ѕвона,
:за животи редеа што рекол Кузман и сторил.
:Кој ке го раскаже она

:што жените,кога ќе тажат над мртов, го редат?
:.... Дојдоа мајките чие
:што чеда со Кузмана паднало; потем со Неда
:Кузман го тажеа тие.

:Жалејќи го Кузмана, тие над своето блиско
:толку неизмерно плачат:
:да не стане пљачка на пците. .. А лелек и пискот
:сегде во куќата јачат.

:Но одеднаш Неда истрчува горе ко елен,
:народот гневно го кори:
:- ,,Ој, орачи, мажи, не тажете вие! - им вели !
:слушајте што ви се збори!

:В бесполезно плачење зошто венеете така?
:Плачот остајте го еднаш!
:Кому му се нозете лесни и снагата јака
:нека биволите веднаш

:ги впрегне во коли и тргне во Стан. Та и сами
:знаете: в прашина, мртви,
:десетмина јунаци лежат што смртта ги смами.
:скапи за земјава жртви!

:Па, кога се мртви, дајте им на кутрите мајки
:нека ги истажат барем.
:Тажењето за нив е награда: оплакувајки
:мајките ќе им ја дарат!"

:Им рече ... И рипнаа четири момчиња млади;
:веднаш истрчаа спроти
:Недината куќа, та право отидоа каде
:многуимотниот Фоти.

:Од крајната сушина колите сосема лесни
:тие ги свлечкаа по нив.
:По нешто поправија и во дупчињата тесни
:катран намачкаа они.

:И впрегнаа три чивта близнаци биволи црни.
:Чесно молејќи се богу,
:одејќи пристигнаа се до планините стрмни,.
:толку надиплени многу.

:Брзајќи биволите спотнаа. Се уште така
:крцкот се слуша по ридје.
:Ги водеше колите опитен старец што в мака
:препател многу и видел.

==7 песна==
:Да, така беше тоа. Девојка, пак, тажна дома
:во собата и сама е.
:По либе таа тажи .. . Чија ли е таа мома
:чии клепки толку лични, се?

:Свршеницата е таа; Марија, и една надеж
:на Томе, својот татко стар.
:Тој женски ред-занаети со сновалка и даде
:и тоа беше негов дар.

:Не пристигна свршеникот си мртов да го кити
:со росен погребен букет,
:бидејки не тажат во Река момите, па нити
:го видел тој срам овој свет!


:Пред свадбата девојките, затворени ко пилци,
:сред мечтите се носат рој.
:Нив бог ги гледа. В ѕидот,пак,ко в кафез птички крилца
:го кршат тие гласот свој.

:Ткаејки, таа слушна плач. И мисла црна нејзе
:и блесна в глава како нож.
:Ко гласник на несреката при неа Толе влезе,
:леејќи солзи како дожд.

:— „За плач е час.. Свршеникот непријател го уби
:трпејќи пораз во Стан.
:Го тажат жените, променети во црни руби,
:а плачот - железен е бран."

:И жал, и мака скри девојката; и мирно седна
:пред својот нежен татко стар,
:Не заплака, а мени боја, проѕирна и бледна,
:пожолтена ко килибар.

:А старецот си излезе, оддалечи, мислејќи,
:за кого да ја мажи друг.
:Ој, кутриот? Тој никогаш, па иако копнејќи,
:не ќе стисне во преград внук.

:... Штом сама остана, шамијата ја сметна в трепет
:и пушти веднаш жален вик.
:Расплетувајќи долги коси, врз нив тури пепел:
:го презре својот убав лик.

:И писна в плач; - „О дни во кои несреќа се лее!
:Та тажен ли е живот клет;
:од денес полн со болки, низа крвава тој ќе е
:од солзи, преполн маки сет.

:И само в гроб јас кутрата, за мојта болна душа
:ќе најдам сладок балсам .. .
:Ти, о дали свршеницата си сакана ја слушаш?
:Те прашам: кај ме напушти? .. .

:Не ќе видам да носиш пак на коњот трофеј боен,
:да стигнеш гордо, в роден крај.
:Ни на оро, сред младите, ќе видам, либе мое,
:да блеска твојот пусат в сјај.

:О, зошто немав сабја јас, та со неа мавтајќи,
:да летнев како јунак в бој!
:И место тебе, стрела албанска пречекувајќи,
:ко заштитник да паднев твој.

:А Гегата крволочен јас, бесна ко Менада,
:би го раскинала со заб.
:Но што!... Од огнот борбен момата се плаши млада;
:нејзиниот е мускул слаб.

:Со солзи жешки, да ме чуе, молби богу пратив
:пред светиот му моќен трон.
:И може творецот на светов жив да ми те врати
:штом мојот ќе го чуе стон!

:Но, кој од оној свет се вратил? Камо таков човек?
:Се уште силен е Харон...
:Природните ги создал господ закони за довек,
:за мене не ги мени он!

:Ќе служам јас во домот божји, и во црна руба
:ќе бидам вечно тажна јас.
:Не ке примнам друг в постела, и колку да е убав,
:се дури трае мојот час.

:Со плач ќе те смилостувам.. О слушај ме, ти можеш
:да слушаш крик мој секој пат:
:Час побргу ти сврзи ме со либето, мој боже,
:во твојот рајски светол кат!

:Ти не си жив. Штом мојте очи сонот ќе ѓи склопи
:- во сонот ке ми блеснеш ти
:сред тишината, во сиот сјај што целата ме
:опи, ко оние што блесна дни.

:О сонце, колку светлина ти прскаш уште рано,
:и како лееш светол зрак!
:Штом Кузман не го чествуваш ти згасни в океанот
:да не грееш и над нас пак!"

:Проговори .. . И целата покуќнина од темел
:ја претури од силен јад.
:А јадот толку растеше ... Го исплака без време
:избраникот на својта град.

==8 песна==
:Крај Галичник постои ритченце малечко свето
:врби насадено сето.
:И шумоли поточе, брзо ко змија, течејќи,
:кристални води леејќи.

:Светлината сончева одвај приѕирнува таму.
:В сенчести гранчиња тука
:кукајца се вести штом пролет ќе наближи само,
:таговно в пресрет и кука.

:И изморен патник замислено седнува овде,
:потпрен под некоја врба.
:Слушајки го чрчорот птичји што достига довде,
:целиот пролетен брбор —

:На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал,
:го пее ова просјак сед;
:а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш
:го запишав од ред до ред.
[[Категорија:Македонска литература]]
[[Категорија:Современа македонска поезија]]