Difference between revisions 8704 and 9353 on mkwikibooks


утро над нас - Марија


:Од далечнините модри се веат 
:на сонцето златните далги, 
:од далечнините модри се леат 
:на утринта росните влаги. 

:Под долги, меки ширини рамни 
:магла се танка крева 
:и по селата мали - заспали 
:шумоли скришно врева. 

:Шумоли - в срце тага налева 
:за црноземните робjа, 
:шумоли скришно за мртви поља 
:за села и градови - гробjа. 

:Ех, тија долги ширини рамни! 
:Ех, тaja мака пуста! 
:Мртви и темни сурови гламњи 
:скршена гранка маслинка! 

:По тиja пот се човечка дими 
:и снага крвава цвили, 
:по тијa радост никого нема 
:а сонце радосно има! 

:Но тиja росни утрини пресни 
:копнат во гради и тлеат. 
:Копнат и како бура пеат 
:и како огин палат. 

[[Категорија:Македонска литература]]
[[Категорија:Современа македонска поезија]]
шќѓ..да ми го опишаш./