Difference between revisions 8722 and 9496 on mkwikibooks

:Везилке, кажи како да се роди 
:проста и строга македонска песна 
:од ова срце што со себе води 
:разговор ноќен во тревога бесна? 

:- Два конца парај од срцето, драги, 
:едниот црн е, а другиот црвен, 
:едниот буди морничави таги, 
:другиот копнеж и светол и стрвен. 

:Па со нив вези еднолична низа, 
:песна од копнеж и песна од мака, 
:ко јас што везам на ленена риза 
:ракав за бела невестинска рака. 

:Судбинско нешто се плело за века 
:од двете ниски, два созвучни збора, 
:едната буди темница што штрека, 
:другата буди вкрвавена зора. 

2. 

:Везилке, крени наведена лика, 
:погледај в небо во претпладне златно: 
:се зари таму и чудесна блика 
:твојата везба на синото платно. 

:За тебе нема ни вечерен запад, 
:ти - морно око на трепетна срна. 
:две бои таму ти горат и капат, 
:две шарки твои - црвена и црна. 

:Зар не се плашиш јаркоста нивна, 
:и најмил спомен дека ќе ти згасат? 
:Зошто се губиш, ти строга, ти дивна, 
:дните ти минат, прокоби се гласат. 

:- И најмил спомен што в душа ми блесна 
:се гаси од нив ко цвеке без боја. 
:Но ти што ловиш звук на чудна песна, 
:ти си ја кажа судбината своја.

[[Категорија:Македонска литература]]
[[Категорија:Современа македонска поезија]]
кољо балша