Difference between revisions 8754 and 8755 on mkwikibooks

:Се к'ти ноќта црна!

:Се рути карпа - мрак! 
:И петли в село пеат 
:и зората се зори – 
:над карпа в крв се пие 
:и темнината пие 
:силно 
:светнал 
:ден! 

:Пробудете се морни 
:копачки и копачи – 
:на трудот 
:црн 
:народ! 

:Со мотика на рамо 
:за корка сува леб, 
:по патиштата стрмни, 
:по полињата paмни, 
:у вивналиов ден 
:да тprнeмe и ние 
:страдалници од век! 
:На деда Богoмил 
:земjата poвка, мека, 
:наба6рена за poд, 
:со страдна душа чека 
:ударите ни jаки 
:со мотиките остри 
:по троскот 
:пелин 
:трат! 

:На работа! 
:На труд! 
:Да прокопаме меко 
:полињата родни 
:афион, тутун, житце 
:да родат благородни. 

:И по кривите вади 
:да пропуштиме води 
:за оризите млади 
:и зелени лободи. 

:На работа! 
:На труд! 
:Да роди род богат! 
:Да бликне живот млад! 
:На пепел троскот, пелин 
:во огин пламен jад! 
:Жилите да пуштат 
:корења длабоко 
:плодови да бликнат 
:високо, високо 
:слободно 
:на воздух! 

:Ораме со рало 
:но земjата ни златна 
:колку е богата! 

:На пепел троскот, пелин! 
:Во огин пламен јaд! 

:Да престане, да снема 
:тагата голема 
:за голиот живот 
:на човек 
:станал – 
:скот. 

:И в тaјa мугра пресна 
:да екне дружна песна 
:на дружните удари – 
:та биjат срца млади 
:и растат силно гради 
:пребликнати со јaд! 
:Од сички маки тешки 
:не видовме бел ден, 
:а од солзи жешки 
:не стануе меден 
:нашиот живот! 

:На работа! 
:На труд! 
:Та не сме саде ние 
:та не сме саде тука – 
:ние сме по цел свет 
:безброjни 
:милиони 
:на трудот 
:црн – 
:народ! 

:Да биде честит денот 
:и првата ни стапка 
:у првиот ни век! 
:Ќе мине силен ек 
:ќе б'сне сонце златно – 
:по секаде на светот 
:ќе згине срамно гнетот  - 
:ке л'сне живот нов! 
  
:И реки ќе потечат, 
:и бреме ќе одвлечат 
:на вековита смрт! 
:Реките од живи 
:и пробудени сили 
:на копачи 
:копачки 
:и страдни 
:голи 
:гладни 
:по целата земjа! 

:Се к'ти ноќта црна! 
:Се рути карпа - мрак! 
:И петли в село пеат 
:и зората се зори – 
:над карпа в крв се мие 
:и темнината пие 
:силно 
:светнал 
:ден! 

[[Категорија:Македонска литература]]
[[Категорија:Современа македонска поезија]]мартина илиевска
марија стојановска
теодора христова
сара петковска

андреј халчу
филип ковачевски
никола петревски
димитар јанковски