Revision 10987 of "Денови – Кочо Рацин" on mkwikibooks

:Како на вратот ѓердани
:ниски камења студени,
:така на плешки денови
:легнале та натежнале.
:Денови ли се – денови
:аргатски маки големи!



:Стани си утре порано
:Дојди си вечер подоцна,
:наутро радост понеси
:навечер тага донеси –
:ај, пуст да е, пуст да би
:останал живот кучешки!



:Роди се човек – роб биди
:роди се човек – скот умри,
:скотски цел живот работи
:за други, туѓи имоти.
:За туѓи бели дворови
:копај си црни гробови!



:За себе само р’гај си
:за себе маки тргај си –
:нижи си ѓердан денови
:нижи си алки ковани,
:нижи си синџир железен
:околу вратот навезен.


[[Категорија:Македонска литература]]
[[Категорија:Современа македонска поезија]]