Revision 8670 of "Слава славит Кралевиќе Марко" on mkwikibooks

:Слава славит Кралевиќе Марко,
:слава славит светаго Ѓорѓија.
:Дошле триста попој и двесте калуѓери
:и триста стари патријарси.
:и му велет на Кралевиќе Марко,
:ејгииди Кралевиќе Марко,
:све си имаш, с'де риба от Охрида немаш.
:И си киниса Кралевиќе Марко,
:во града Охрида да ојт.
:Си зеде пушка и сабја.
:Мајка му велит:
:- Немој сине, не земај оружје.
:Нас ќе ни поможит свети Ѓоршија.
:Си киниса Кралевиќе Марко
:во Охрида града риба да си купит.
:и го најде едно Турче:
:- К'де одиш незнаен делија?
:- Што ме питаш, шо те тебе брига.
:Турчето го врза Кралевиќе Марка,
:и го однесе во града Охрида.
:Се молеле охриѓани:
:- Не губи го Кралевиќе Марко,
:не ќе ни родит нити жито, нити вино,
:нито трева по полето.
:А Марко му велит:
:- Немој да ме носиш
:прет јанино кафе, три години сум јало,
:пило, нишчо не сум платило.
:И тој сега за инет го однесе...
:А кога го виде Јана девојка:
:- Добро ми го донесе ов'ј пријет'л,
:три години јало, пило, нишчо не платило,
:сега ќе ми платит.
:И се опијани она црно Турче и си заспа,
:му зеде Јана к'лучој от појаси и го отк'лучи Кралевиќе Марко.
:Си однесе она Турче дома.
:И им велит на онје гости:
:- Ево риба од Охрида.
:[[Категорија:Песни за Крале Марко]]