Revision 8676 of "Сердарот – Григор Прличев" on mkwikibooks==1 песна== :Пискотници се слушаат од Галичник до Река, :што тешка несреќа ги збра :и мажите, и жените, та гласи тажна ека :и навева сал коб и зла? :Дал' град полињата житородни ги беше фатил? :Ил' рој од скакулци се вдал? :Дал' султанот арачлии час предвреме им пратил :да збира арач лут без жал? :Ни град полињата житородни ги беше фатил, :ни рој од скакулци се вдал, :ни султанот арачлии час предвреме им пратил :да збира арач лут без жал. :Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега, :тој сердар прочут падна в бој, :и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега, :а да ги брани нема кој . . ." :-Земјоделци, служители на Деметра баш така :шепотеа за гласот зол, а жените, :штом чуја, писнаа од силна мака :и коси корнеа од бол. :А гласот растеше, и голем стана та се дигна :ко Бореј, брзокрил. :За час во сите ближни села толку бргу, ене, стигна :тој несреќен и кобен глас. :Вдовиците и бедните, ги гледаш, солзи леат, :и момите — за света чест. :А земјоделците ко втрегитени од ровја беа :на таа толку жална вест. :Но насреде уште останала самотна греда, :ама да потпира јако. :Но и неа бесно огнооки змејови страшни :силно ја тресат од темел и куќата, :најпосле, паѓа, а купишта прашни :станаа гробови неми . . . :Со одвратност од себе сонот го оттурна она, :мислите црни ги гони; :но пак ја обградија мачните слики од сонот :ноќеска што и се сони :Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева :сигурно синот и ќе е! :И пак го наведнува, како овената трева, :зашто чеканиот не е. :И зошто ја жали вдовицата минувач тажен, :солзите свои ги трие? :За смртта тој не се решаваше прв да и каже, :од неа злото го крие, :бидејки и беше единствена потпора, левен, :чедо на мајка си првно. :Страшилиште беше за Харпија—Албанец гневен :сегде што грабеше стрвно. :На оганот мајката котелот, ене го клава: :вода да стопли за толку :саканите капнати јуначки нозе и глава . . . :Него го носеа молкум. :Се надева, кутрата, пак да го пречека кога :коњче ќе разигра стројно. :Тој, силниот цар на сенчестпитпе планини, тогај :помил и станува тројно. :А Кузман честопати гонеше пљачкаши кои :плачкаа секаде смело, :и секогаш силен и горд, со другарите свои, :победник идеше в село ==5 песна== ==За таа наша пропаст жал на Махмуда му стана, :се спушти како орел тој. :Разбеснето со шпорите тој шибна, коња врана :со Кузмана да стапи в бој. : :Да, така дрвар лесно сече в гора гранка здрава :од дабот толку силен, стар. :И прво падна раката со таа руса глава :на мојот храбар господар. :А потем падна и се урна снагата му цела :врз оној грозен, крвав куп. :И бликаше на земјата во струи крвта врела :од уште топлиот му труп.== ==6 песна== :Јуначкото тело на Кузмана беше од рани :лути ишарано цело, :што беа се пробиле лесно низ ребрата збрани :се до внатрешните делој. :Од крвта ненаситен, се уште водеше битка, :лутина гневна дишејки; :од раните бликаше крвта, но се уште бритка :мавташе сабја, беснејќи. :Под секира дабот, што бури победувал, така :смртно под рани се веде, :а потоа паѓа од моќната дрварска рака, :ама - врз дрварот беден. . ." :Албанецот тоа го раскажа. Мајката, која :беше изумена сета, :штом ова го слушна, над маката бескрајна своја :затажи, припадна клета. :Одненадеж народот врати со плач на плачојте :како бран врз бран во брегот. :Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, :продолжи повтор за него :— „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи :господ во рајот го пратил; :неизмерни сласти му нуди; :и само плачејки душата ти му ја матиш, :бидејки тој падна со своите, бранејќи ја со нив :херојски земјата мачна, :а не како злосторник кого Темида го гони, :фрла во јамата мрачна, :и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, :не како удавен в браној, :и не како жена што потајна болест ја јаде, — :туку од јуначки рани . . . :Да, не од недостојна смрт... За насилнички дела :отплатник беше, знаејќи :да одмазди смртно за својата дружина цела, :голем страв сегде ширејќи. :Во страшната борба тој отепа не еден Гега . . . :Јас ќе ти раскажам за нив, :за нашите најарни херои кои подлегнаа сега :сите под лутите рани: :во борба непобедлив широкоградиот Јакуп :којшто со подвижност лесна :за папукот Карала беше го фатил ко кален :на земја беше го треснал. :Утробата сал му ја истурил. . .Потоа Рушит, :сиот во позлата бојна, :од чија што песна и свирба трепереа уши: :опитен човек во војна. :И Селман брадатиот, татко му кому му пратил :поздрав, без веќе да жали, :бидејки за крвта на брата си беше го фатил, :— глава му одзел на Али. :И Ахмед, од сонцето спален, што обесил така :некојси кадија грешен :врз комшиска жена кој ставил изгнасена рака, :да ја обесчести решен . . . :Абдурахман,,куршум чиј наместо секогаш паѓал, :најди му рамен во светот: :без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓал :малечки птички во летот. :Оловниот куршум не погоди овојпат ништо. :Сиот избезумен, мажи :да паѓаат виде. И падна во вечните сништа, :остави мајка да тажи. :Живееше тој во Малесија, каде што секој :кога ќе тропне на врата :наоѓаше заштита, ако на стопанот некој :од нив му убил и брата. :Скриениот може и султанот да му го бара, :заплашувајќи со колеж. :па макар по цена на крвта - не ќе му го дарат :онега помош што молел . . . :И Сулејман, којшто го продал имањето сето, :гонет од младиот порив; :за сабја дамасклија немаше веќе на светот :она што не би го сторил . . . :И Емин, што рипна во реката Дримот та чија :матица брзо го свлечка :бидејќи со невооружени врази, а пијан :некогаш беше се спречкал. :А тогаш од водата некаков рибар што минал :беше го спасил со сила. :Но жицата Кузман од животот негов ја скина: :судбата таква му била!. .. :Чан-Јок, гостоприемлив, куќата чијашто често :беше во секое време :за сите отворена . . . Роден во планинско место :каде што живее племе :Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, :мешано празници слават; :и оџа, и поп на гробиштата заедно исти :обреди свештени прават. :Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага - :в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше, :без малку да остави трага, :в правта под нозете лесни. :Но нималку не му помогнаа нозете, ете! :И животворните зраци :изгаснаа; остави вдовица млада со дете, :малечко детенце в раце . . . :И најпосле, дивиот Махмуд, кој беше во сешто :бик меѓу стадото бесно. :Го викавме војвода, господ. . . штом наумил нешто :- веднаш го вршеше лесно. :Нам водачи тие ни беа; без бог да ги штити :смртта ги однесе ледна. :Јас не можам да ти ги изредам сите, па нити, :жено, да слушаш ти седна! :Од крвта на стомина борци сред викови диви :земјата прокисна меко. :Останавме само четворица Албанци живи :што го избегнавме секот. :За награда ние од Стан го донесовме син ти, :толку нажалени сите: :да не биде храна на птиците грабливи, нити :плен да им стане на пците. :Та нему му прилега погребението свето! :Нека не разбере Неда :јуначкото како го цени Албанецот сето!. . :. . . Често од Одрин ги гледав :зачудено Русите. Восхитен бев од синојте :кои Елада ги даде. :Служејќи му на Шкодралијата , каде што минав :- гробови видов. Но каде :да одев, да скитав, јас не сретнав појунак човек, :жено, од сина ти сакан. :И блажени нека се твоите гради се довек :што го охраниле така. :За твоето млеко се покажа достојно чедо, :венчан од славата трајна, :и никако не го посрамоти родот ти, Недо, :в скут на победата сјајна .. . :А куќата што ке ги чуе плачовите твои :света ќе остане за нас. :На твојата порта не ќе тропнат Албанци, кои :бараат гозби и храна. :За Гегата рајата трпеза полна ќе даде; :рајата има, се гледа. :Јас секогаш ке го почитувам покривот каде :Кузман го родила Неда :и каде што таа поднесува голема тага. :Пред тебе клетва ќе ветам; :Албанецот нема да згазне на зборот и лага :не ќе е клетвата света"! :Со почит, пред телото мртво Кузманово, рака :Гегите кренаа веднаш. :Тупаници стиснаа силно; пред мртвиот вака :клетва изрекоа една: :- „Се колнам јас, јунаку, никогаш мајката твоја :да не ја нажали Гега. :И нема да позволам,еве, на зборот си стојам, :смртник да пречи од сега". :Се колнеа Гегите, колено чисто на тие :Пелазги славни. А Неда :со закован поглед в кој омраза — молња се крие :гледа во водачот бледа. :Ко втрештена беше. Молчалива - риба! Но бликна :одеднаш болката пуста. :И тежеше в гради. Ја натера гневот, та викна :луто мајчината уста: :- „Зар повтор со злосторни ужасни мисли сте полни, :скитници, грабливи страчки?! :Зар пак, о, разбојници, кроите некакви волни :убиства, кражби и пљачки? :Зар не се сеќавате, клетници, божјата рака :како ве разори, смачка? :Ил' диво се смеете син ми што загина сакан :мислите: час е за пљачка! :Но и други борци ќе воскресне Река и водач :нивни ќе излезам в гора. :По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам . . . :Јас да ве уништам морам, :ил' мртва ќе паднам. Зошто ми е животот кога :син ми неодмазден ке е? :Во бојот ќе побарам смрт. Но по желба на бога :може и триумф да грее! :Јас сина да видам - ќе жртвувам живот, копнејќи; :сили со радост ќе зберам. :Но залудо ти ми го фалиш ко јунак, бидејки :враг си му нему по вера. :Даројте на врагот се омразни. Храброста нема :што да ја фалите вие. :Го нејкам ја венецот никаквец што и го спрема, :помисли други што крие. :Расплакана Албанка, косите што си ги куби, :фалби на Кузман му плете, :бидејќи во оваа слава и подвиг и убил :можеби маж или дете. :Од кротката раја, во нашата клетва се вели, :Гегите храна ќе зберат. :Сал мојата куќа ќе била чествувана, нели? :Клетви ви не се за вера! :Со таквите клетви и зборови немој да мамиш! :Света е куќата моја: :со барут и железо полна е; не ќе ја срами :Неда родината своја. :Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, - :вас ќе ве дочека смело, :со божјата помош во борба со душмани крвни :в крв ќе запечати дело. :Ти велев често: „Кузмане не ризикуј ти живот, :не елегувај во бојот пак!" :Но ти опасноста ја презре, и во пресрет, диво, :на болниот му летна знак. :. . . Но, на рамо вие го носевте сина ми довде, :голем пат вие сте прошле . . . :Знам, нечесно ќе е да почнам со играта овде, :зашто со милост сте дошле. :И затоа нека во верност се заколне секој, :нека се заколне дека не ќе врши грабежи, :се дури постои веков, :во намачената Река. :Земете ја, инаку, клетвата назад, и така :денес да почнеме битка! :Јас не можал среќна да бидам се дури во мака :страдниот народ се витка!" :Им рече . . . ја гледаат збунето Гегите неа: :лик на природата сама . . . :А луѓето, сите со трепет, замаени беа :од необичната драма. :И откако дадоа збор Арнаутите, секој :од нив се заколна дека не ќе врши грабежи, :се дури постои веков, :во намачената Река. :Го поткрена Неда мртовецот, — тешкиот товар :во мајчина прегратка лесен . .. :Плачејќи, во бранови луѓе го гледаат ова. . :Околу патот е тесен. :Големото портиште скрцна ко бикова рика. :Дворот се начичка добро до народот :и од неговата таговна вика. :(Сите пак, не ги ни собра.) :Сред плачот се стегаше народот надвор и благо :секој на мртвото тело :Кузманово сакаше да му се доближи: да го :бакне неговото чело. :А Неда, носејќи го на раце лесниот товар, :силно офкајќи, се качи :по ретките високи скали, гологлава . . Нова :стихија разнесе плачој. :На постела таа го стави мртовецот, каде :жена, во црнина цела, :рамнодушно чекаше. Врз глава таа му кладе :крпа, копринена, бела. :Ти која си, жено, што можеш да стоиш сред :врели :плачови студена тука? :Калуѓерка таа е, Фотина, чиешто челик - :срце во градите чука. :В гроб темен испратила мнозина Фотина клета. :Нејната студена душа, :гледајки ја одблизу смртта - замрзнала сета. :Страшниот пискот го слуша, :недостапна сала за солзи. Но, ете ја,стои :- карпа пред јароста бурна; :нејзиниот ум го зацврстиле молитви, кои :идат од душата тмурна. :Мртовецот таа го соблече. . . Крвави порој, :лута и не една рана ... :А мајката, браздите кога ги виде, без зборој :ко поулавена стана. :Тресејќи се целата, очи со раце стискајќи, :в потп се изоблеа ладна: :Еринија чиниш ја збрка;со глава, ко лисје нишајќи, :таа полумртва падна. :Надојдоа жени; од подот го кренаа тие :нејното немоќно тело, :и почна со студена водица некој да трие :Недино високо чело. :Но откако дојде на себеси кутрата Неда - :отвори полека очи. :Штом поткрена поглед, започнаа пак да се редат :тажачки, солзи без почин. :А Фотина мртвиот в корито беше го клала; :вода го потури млака :што беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малку :жив да се искапи така. :Го искапа бабата. Кога го вршеше ова :среде тишината темна, :монотоно сите ги редеше маки на Јова9, :в потсмев кон сладоста земна. :Ко лице и песната бестрасна беше, но река :в кристално корито, чинам, :што тече низ песок, гонејки ја полека-лека :жедта на тие што минат. :Баш така Библијата како со балсал ги слади :неутешените гради ... :Зборовите параа срце на тие што таму :собрани беа, а само :утехата стои пред кутрата мајка ко стена, :болката неа ја скрши. :Свршуваше песната . . . Ама опитната жена :и со капењето сврши :на многутажениот мртовец, херој од Река. :И Кузмановото тело :се провикна за да го кренат .. .Па видоа дека :телото - цвет беше бело. :А мајката прва се спушти и лесно го крена :како од фиданка гранка. :Му облече кошула веднаги опитната жена, :риза - пајажина танка. :А потем, позлатени дреи што Кузман на празник :само ги носеше голем. :Да, така младоженец ружаат моми со разни :обредни песни во пролет. :Го пренесе мајката, накитен сиот во злато, :на чардак - резбарско дело. :Го кладоа в постела: Неда по тажачки прати, :најарни тажачки в село. :За тажење, досега нигде неслушнато, Неда :најпрво знакот го даде; :И расплете коси, над мртвото затажи чедо. .. :Рацете таа ги кладе :врз Кузман... - „Се надевав - писна, - ој Кузмане, дека :како младоженец в зора :девојките ќе ми те облечат; :тука Ке екнат весели, свадбени ора. :Го украси резбар со цвеќиња таванов, - рече, - :од младоженската стаја. :Канејќи не бочвата сите на свадбена вечер — :врие од виното таа. :И пративме дарови на свршеницата твоја; :прстенот таа го смени. :Ни наближи часот за венчило. . . Злосторна моја :судбино, како се мени! :Но место да чуеш ти радосна свадбена песна :-тажачка слушаш да пекам. :И наместо одаја брачна, ох! — јамата тесна :бездушно тебе те чека! :На рацете нема да залулам внуче, а ете, :каде ме остави, каде?! :Се изгасна родот, а друго освен тебе дете :нелам, не остана надеж. :Го остави творецот земен со еден и родот :на чествуваниот Раде. :А мракот на смртта ја голтна без милост и таа :фиданка бог што ја даде. :На Радета Стајко му беше единствено дете; :Ти, пак, Стајковата надеж. :Во битките смртта на сите вам венец ви сплете :на гради камен ми кладе. :Та новата рана ја отвори старата; денес, :кутра, да не бидам жива - :над синот и мажот оплакувам одеднаш! Мене :срцето в бол ми се свива. :Се чуди со ужас и денес албанското племе :што јунак татко ти беше; :со славата побратен, сердар, тој целото време :беше на херојство решен. :Ги плашеше како што зајак се плаши, кој бива :гонет од изгладнет орел . . . :Тој падна во Дебарца кај што со Муча на живот :и на смрт беше се борел. :Ти остана детенце, утеха една во жалост, :бујно ко фиданка в гора, :За подвигот татков со восхит ти, :иако мало, сакаше јас да ти зборам. :Штом слушаше ти за неговото убиство, твојот :поглед плалнуваше а ужас; :и, вцрвен од лутина, клетва ти даде во својот :гнев - дека одмазда ружаш. :Бегајќи од шумот на твоите врсници, често :нешто во мисли те влече: :во сонот ги гледаше битките, а најаве место :играчки — имаше мечој. :Со опашан,тежок меч често те гледав да шеташ, :пламено нешто шепнејќи. :За убиства жеден, те гледав кај виорно леташ, :невидлив бој ти водејќи. :Но, отпкако порасна направи дела од кои :душмански племиња в страва :се стресоа... За тебе слушнав од душмани твои :фалби што тебе те слават.. :Штом татко ти загина, сабјата твоја :повторно ја прероди Река :ко пиле што пиштела в орлови нокти, во која :Гега ја навредил сека :домакинска куќа... Ти брзаш,мој сине,да земеш :венец од лаври во крајот :на блаженства,кај што не се знае болка и :време, каде што таму, во рајот, :од приказни можеш да сретнеш задоволства толку . . . :Песни се нижат од гласој - :што не ги чул досега смртник . . . И бескрајно, колку :векови минат ко часој! :Сред ливада, таму, и татко, и син ќе се сретат; :таткото сина ќе гушне. :Во борбите диви што сторила твојата чета :од тебе тогаш ќе слушне. :Штом јунакот тој ќе го гушне со насмевка милна, :радосен ќе ми те баци . . . :А, можеби, набрзо и мене, в радоста силна :ќе ми подадете раце . . ." :Го изрече ова . . . Бессолзните очи од тешка :тага ко жарови беа; :бидејќи го пресуши изворот тагата жешка :- немаше солзи да леат. :Во истото време подзедоа жените болно :тажења, в припев редејќи, :а однадвор им пригласуваше, липаше волно :народот збиен, плачејќи. :И едно по друго од другите жени два хора, :одгласувајќи ко ѕвона, :за животи редеа што рекол Кузман и сторил. :Кој ке го раскаже она :што жените,кога ќе тажат над мртов, го редат? :.... Дојдоа мајките чие :што чеда со Кузмана паднало; потем со Неда :Кузман го тажеа тие. :Жалејќи го Кузмана, тие над своето блиско :толку неизмерно плачат: :да не стане пљачка на пците. .. А лелек и пискот :сегде во куќата јачат. :Но одеднаш Неда истрчува горе ко елен, :народот гневно го кори: :- ,,Ој, орачи, мажи, не тажете вие! - им вели ! :слушајте што ви се збори! :В бесполезно плачење зошто венеете така? :Плачот остајте го еднаш! :Кому му се нозете лесни и снагата јака :нека биволите веднаш :ги впрегне во коли и тргне во Стан. Та и сами :знаете: в прашина, мртви, :десетмина јунаци лежат што смртта ги смами. :скапи за земјава жртви! :Па, кога се мртви, дајте им на кутрите мајки :нека ги истажат барем. :Тажењето за нив е награда: оплакувајки :мајките ќе им ја дарат!" :Им рече ... И рипнаа четири момчиња млади; :веднаш истрчаа спроти :Недината куќа, та право отидоа каде :многуимотниот Фоти. :Од крајната сушина колите сосема лесни :тие ги свлечкаа по нив. :По нешто поправија и во дупчињата тесни :катран намачкаа они. :И впрегнаа три чивта близнаци биволи црни. :Чесно молејќи се богу, :одејќи пристигнаа се до планините стрмни,. :толку надиплени многу. :Брзајќи биволите спотнаа. Се уште така :крцкот се слуша по ридје. :Ги водеше колите опитен старец што в мака :препател многу и видел. ==7 песна== :Да, така беше тоа. Девојка, пак, тажна дома :во собата и сама е. :По либе таа тажи .. . Чија ли е таа мома :чии клепки толку лични, се? :Свршеницата е таа; Марија, и една надеж :на Томе, својот татко стар. :Тој женски ред-занаети со сновалка и даде :и тоа беше негов дар. :Не пристигна свршеникот си мртов да го кити :со росен погребен букет, :бидејки не тажат во Река момите, па нити :го видел тој срам овој свет! :Пред свадбата девојките, затворени ко пилци, :сред мечтите се носат рој. :Нив бог ги гледа. В ѕидот,пак,ко в кафез птички крилца :го кршат тие гласот свој. :Ткаејки, таа слушна плач. И мисла црна нејзе :и блесна в глава како нож. :Ко гласник на несреката при неа Толе влезе, :леејќи солзи како дожд. :— „За плач е час.. Свршеникот непријател го уби :трпејќи пораз во Стан. :Го тажат жените, променети во црни руби, :а плачот - железен е бран." :И жал, и мака скри девојката; и мирно седна :пред својот нежен татко стар, :Не заплака, а мени боја, проѕирна и бледна, :пожолтена ко килибар. :А старецот си излезе, оддалечи, мислејќи, :за кого да ја мажи друг. :Ој, кутриот? Тој никогаш, па иако копнејќи, :не ќе стисне во преград внук. :... Штом сама остана, шамијата ја сметна в трепет :и пушти веднаш жален вик. :Расплетувајќи долги коси, врз нив тури пепел: :го презре својот убав лик. :И писна в плач; - „О дни во кои несреќа се лее! :Та тажен ли е живот клет; :од денес полн со болки, низа крвава тој ќе е :од солзи, преполн маки сет. :И само в гроб јас кутрата, за мојта болна душа :ќе најдам сладок балсам .. . :Ти, о дали свршеницата си сакана ја слушаш? :Те прашам: кај ме напушти? .. . :Не ќе видам да носиш пак на коњот трофеј боен, :да стигнеш гордо, в роден крај. :Ни на оро, сред младите, ќе видам, либе мое, :да блеска твојот пусат в сјај. :О, зошто немав сабја јас, та со неа мавтајќи, :да летнев како јунак в бој! :И место тебе, стрела албанска пречекувајќи, :ко заштитник да паднев твој. :А Гегата крволочен јас, бесна ко Менада, :би го раскинала со заб. :Но што!... Од огнот борбен момата се плаши млада; :нејзиниот е мускул слаб. :Со солзи жешки, да ме чуе, молби богу пратив :пред светиот му моќен трон. :И може творецот на светов жив да ми те врати :штом мојот ќе го чуе стон! :Но, кој од оној свет се вратил? Камо таков човек? :Се уште силен е Харон... :Природните ги создал господ закони за довек, :за мене не ги мени он! :Ќе служам јас во домот божји, и во црна руба :ќе бидам вечно тажна јас. :Не ке примнам друг в постела, и колку да е убав, :се дури трае мојот час. :Со плач ќе те смилостувам.. О слушај ме, ти можеш :да слушаш крик мој секој пат: :Час побргу ти сврзи ме со либето, мој боже, :во твојот рајски светол кат! :Ти не си жив. Штом мојте очи сонот ќе ѓи склопи :- во сонот ке ми блеснеш ти :сред тишината, во сиот сјај што целата ме :опи, ко оние што блесна дни. :О сонце, колку светлина ти прскаш уште рано, :и како лееш светол зрак! :Штом Кузман не го чествуваш ти згасни в океанот :да не грееш и над нас пак!" :Проговори .. . И целата покуќнина од темел :ја претури од силен јад. :А јадот толку растеше ... Го исплака без време :избраникот на својта град. ==8 песна== :Крај Галичник постои ритченце малечко свето :врби насадено сето. :И шумоли поточе, брзо ко змија, течејќи, :кристални води леејќи. :Светлината сончева одвај приѕирнува таму. :В сенчести гранчиња тука :кукајца се вести штом пролет ќе наближи само, :таговно в пресрет и кука. :И изморен патник замислено седнува овде, :потпрен под некоја врба. :Слушајки го чрчорот птичји што достига довде, :целиот пролетен брбор — :На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал, :го пее ова просјак сед; :а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш :го запишав од ред до ред. [[Категорија:Македонска литература]] [[Категорија:Современа македонска поезија]] All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikibooks.org/w/index.php?oldid=8676.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|