Revision 8710 of "Т'га за југ - Константин Миладинов" on mkwikibooks


:Орелски крилја как да си метнех
:и в наши ст'рни да си прелетнех!
:На наши места ја да си идам,
:да видам Стамбол, Кукуш да видам,
:Да видам дали с'нцето и тамо
:мрачно угревјат, како и вамо.

:Ако како овде с'нцето ме стретит,
:ако пак мрачно с'нцето светит:
:На п'т далечни ја ке се стегнам,
:и в други ст'рни ке си побегнам,
:каде с'нцето светло угревјат,
:каде небото ѕвезди посевјатз.

:Овде је мрачно и мрак м' обвива
:и темна м'гла земја покрива:
:мразој и снегој, и пепелници,
:силни ветришта и вијулици,
:Околу м'гли и мразој земни,
:а в’гради студој, и мисли темни.

:Не, ја не можам овде да седам!
:Не, ја не можам мразој да гледам!
:Дајте ми крилја ја да си метнам
:и в наши ст'рни да си прелетнам:
:на наши места ја да си идам,
:да видам Охрид, Струга да видам.

:Тамо зората греит душата
:и с'нце светло зајдвит в гората.
:Тамо дарбите природна сила
:со с'та раскош ги растурила:
:Бистро езеро, гледаш, белеит
:или од ветар синотемнеит:
:поле погледниш, или планина
:-сегде Божева је хубавина.

:Тамо по с'рце в кавал да свирам,
:с'нце да зајдвит, ја да умирам!


:[[Категорија:Македонска литература]]
:[[Категорија:Современа македонска поезија]]