Revision 8749 of "Бисера – Константин Миладинов" on mkwikibooks

:Бисеро моме, Бисеро, 
:што носиш бисер на грло?
:Твоето грло хубаво
:и от дробнаго бисера
:хилјада пати побело.

:Бисеро моме, Бисеро,
:зошто со бисер покриваш
:твоето грло хубаво?
:Ја нејку бисер да баца,
:тук сака твоето грло.

:Бисеро моме, Бисеро,
:за кого нижиш бисерот?
:За кого готвиш дарои?
:Ја дарој бисер не сака,
:тук сака мома Бисера.

:"Бисеро,моме Бисеро!
:Даљ си у бахчи растена
:даљ си од бога дадена?
:"Не сум од бога падната,
:тук сум од мајка родена."

[[Категорија:Македонска литература]]
[[Категорија:Современа македонска поезија]]