Revision 8752 of "Калеш анѓа" on mkwikibooks

Нурнувајќи подлабоко во македонската историја, барајќи ги корените на нашиот народ дојдов во пресрет со литературното дело Калеш Анѓа. Би се запрашале  - Што содржи ова дело? Секако во моментов би сакала овде да ги нафрлам сите детали, но тоа не би било коректна постапка. Она што сега можам да го напишам, се надевам ќе биде сосем доволнода ја потикне вашата заинтересираност.
Секако доколку сте љубители на книгите поврзани со историјата.
Ова литературно дело на најсликовит начин ја опишува состојбата на нашиот народ за време на турското ропство. Испреплетувајќи повеќе мотиви, Стале Попов успеал да ги долови можните случувања во тој период.
Бунтот на македонскиот народ, противењето за потурчување на самосвесната македонска мома, честа, предавството, маките на кои се изложени македонците... и што ли уште не би кажала.
Калеш Анѓа е името на литературново дело. Но се запрашувате - Зошто токму вака е именувано? Несомнено тоа е името на главниот лик.
Калеш Анѓа - лик на девојка која е родена како македонка, која го цени своето потекло и  никогаш не би се откажала од својата вера. Таа поседува моминска храброст и се потпира на својата чест.
Овде и би прекратила зашто безмислено е да продолжам да раскажувам. Самиот факт дека друг ви ја дава сликата за книгата не е многу задоволувачки. Овие неколку реченици не се ништо во споредба со целокупноста на Калеш Анѓа. Само се надевам дека ви беа еден вид патоказ на Вас кои сте заинтересирани за овој вид литература.