Revision 9770 of "Ленка – Кочо Рацин" on mkwikibooks

:Откако Ленка остави
:кошула тенка ленена
:недовезена на разбој
:и на наломи отиде
:тутун да реди в монопол –
:лицето ѝ се измени
:веѓи паднаја надолу
:и усти свија кораво.

:Не беше Ленка родена
:за тија пусти тутуни!
:Тутуни – жолти отрови
:за гради – китки розови.

:Прва година помина
:грутка в срцето ѝ легна,
:втора година намина
:болест ја в гради искина.
:Трета година земјата
:на Ленка покри снагата.

:И ноќе кога месечко
:гроб ѝ со свила виеше.
:Ветерчок тихо над неа
:жална ѝ тага рееше:
:„Зошто ми, зошто остана
:кошула недоткаена?
:Кошула беше даровна...“

[[Категорија:Македонска литература]]
[[Категорија:Современа македонска поезија]]