Difference between revisions 1122 and 1145 on mkwikimedia

Туристичкиот локалитет [[Смрдлива Вода]], се наоѓа на надморска височина од ''850 метри'', а од градот [[Гевгелија]] е оддалечен ''24 километри''. Го зафаќа просторот помеѓу врвовите [[Флора]], [[Аџибарица]], [[Белези]] и [[село Коњско|селото Коњско]]. Познат е по минералната вода и нејзината лековитост за стомачни и заболувања на желудникот и бубрезите. 

== Атрактивно - рекреативни објекти ==
(contracted; show full)]] во [[Коњска Река]] и нејзините притоки, односно златоносен песок претставува ретка појава во Македонија. Премивањето на [[злато]] во минатото овде било доста развиено, па тоа може и денеска да се обнови и ќе претставува особена атракција. [[Река Цреша|Реката Цреша]], во својот средишен дел од текот, изградила една доста интересна кањонеста долина чија десна страна е позната под името [[Порта Алева Кечикај]]. [[Порта Алева Кечикај|Кечикај]] се одликува со мошне стрмни карпи чија височина достигнува и до 
''500 метри'' во вертикала. Тоа се доста поволни терени за алпинизам.
Наведените разновидни атрактивно- рекреативни елементи овозможуваат развој на повеќе видови [[туризам]], како: [[Здравствен туризам|здравствен]], [[Летувачки туризам|летувачки]], [[Ловен туризам|ловен]], [[Излетнички туризам|излетнички]] и [[Алпинистички туризам|алпинистички]].

== Надворешни врски ==
* http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1978 - статија за Смрдлива Вода на ИГЕО портал
* http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8D6BD0282C4EAE41B0F29D2D3D919CFC - статија за Смрдлива вода на Дневник


[[Категории: Гевгелија]]