Difference between revisions 1134 and 1135 on mkwikimedia

[[Вардарски рид]] е централниот простор во гевгелиско, на кој континуирано се живеело во текот на повеќе од 1000 години, од крајот на [[Бронзено време|бронзеното време]](XIII век пред н.е.) до доаѓањето на [[Римјани|Римјаните]] (II век пред н.е.). Низ шест последователни населби, почнувајќи од мала праисториска населба на Ридот 1, во текот на V и IV век пред н.е. израснал старомакедонскиот град [[Античка Гортинија]], град посведочен во историските извори како еден од центрите на [[Античка Македонија]]. По преќин на населбата, повеќе од 1000 години, во полниот среден век (XI-XIII век пред н.е.), секторот некропола повторно се користел за погребување на населението од [[Вардарски Рид]]. Откриените наоди од шесте истражувани сектори претставуваат остатоци од старомакедонскиот град кој постоел од V-I век пред н.е, а во секторот „[[Некропола]]“ се погребувањата од најстарата-иницијална населба од средновековен хоризонт.
 
== Внатрешен бедем == 
Внатрешниот бедем е откриен долж северниот раб на [[Акропола|Акрополата]]. Истражен е во должина од 30 метри, заедно со една правоаголна кула, која се наоѓа на нај истурената северна точка на [[Акропола|Акрополата]]. Бедемот на места е зачуван во висина од над 1 метар од надворешната страна и на ниво на одење од внатешната страна. Кулата била висока 2 метри со димезни 6x3,40.  Таа давала јасен видик на поголемиот дел од градот и околината со [[река Вардар|реката Вардар]]. Бедемот ја заградувал Акрополата од северната, но и од западната страна. Тој и кулата не само што имале заштитна функција туку и улога да ја потенцираат доминантната позиција и значењето на [[Акропола|Акрополата]] во однос на останатите делови од градот, можеби како средиште на градската управа. 

Меѓу бројните наоди на фрагментирани ќерамички садови (особено релјефно калапени чаши со најразновидни мотиви, рачки од амфори со печати на мајстори и други) интересен е пронајдокот на керамичка ѕидна апликација  со релјефна претстава на грифон (митско животно со глава и крилја на орел, а тело на лав). [[Акропола]] во буквално значење е град на рид.  

== Акропола ==
Најстарото регистрирано живеење на [[Акропола|Акрополата]] датира од раниот IV век п.н.е. Според [[монета|монетите]] на [[Аминта III]]. Централниот комплекс на [[Акропола|Акрополата]] е дел од големата градежна активност забележана и во другите истражувани сектори, која се случила во времето на [[Филип V]] кога градот на [[Вардарски Рид]] го доживува својот голем просперитет. Трагите од силен пожар, регистрирани од повеќето објекти од наведениот хоризонт на живеење, би го поврзале со римските освојувања во времето на Филиповиот наследник [[Персеј]]. По овие настани постоечките објекти се обновени со извесни прегради, доградби и зајакнувања, нови подни нивоа и нови покриви. Истовремено е обновен бедемот и изградена е кулата. Двете градежни фази, освен стратиграфијата се потврдени со нумизматичниот материјал откриен на подовите во комплексот. 

Покрај монетите на погоре наведените македонски кралеви, во голем број се присутни и оние од автономните ковани во кованици на [[Амфиполис]], [[Пела]], [[Парореја]], [[Тесалоника]], а најмлади нумизматички материјали претставуваат римските републикански монети. По оваа обнова, Централниот комплекс егзистира до I век п.н.е. кога замира животот во градот, освен на источната тераса каде продолжува и во I век од нашата ера по што е напуштен. Највисокиот дел од ридот 2 претставува централен и најекспониран дел од локалитетите. Градбите откриени во Централниот дел на [[Акропола|Акрополата]] всушност претставуваат низа од простории со различни белези и инвентар што упатува на различна намена. Сите тие биле тесно поврзани меѓусебе во единствени и мошне комплексна архитектонска средина. Коплексот бил во употреба речиси за време на целиот развиток на последната, шеста населба во текот на III и II век пред Христа. 

Овде се пронајдени остатоци од различни градби од типот на простории за мелење житарици, простории за складирање на житото и храната, просторија за култни потреби како и влезни порти и ходници кои воделе до останатите наменски простории. Сите наоди откриени во Акрополата ([[Монета|монети]], [[Керамика|керамика]], [[Теракота|теракоти]]) укажуваат на тоа дека објектите припаѓаат на хеленистичкиот период од III и II век п.н.е.

== Внатрешен бедем == 
Внатрешниот бедем е откриен долж северниот раб на [[Акропола|Акрополата]]. Истражен е во должина од 30 метри, заедно со една правоаголна кула, која се наоѓа на нај истурената северна точка на [[Акропола|Акрополата]]. Бедемот на места е зачуван во висина од над 1 метар од надворешната страна и на ниво на одење од внатешната страна. Кулата била висока 2 метри со димезни 6x3,40.  Таа давала јасен видик на поголемиот дел од градот и околината со [[река Вардар|реката Вардар]]. Бедемот ја заградувал Акрополата од северната, но и од западната страна. Тој и кулата не само што имале заштитна функција туку и улога да ја потенцираат доминантната позиција и значењето на [[Акропола|Акрополата]] во однос на останатите делови од градот, можеби како средиште на градската управа. 

Меѓу бројните наоди на фрагментирани ќерамички садови (особено релјефно калапени чаши со најразновидни мотиви, рачки од амфори со печати на мајстори и други) интересен е пронајдокот на керамичка ѕидна апликација  со релјефна претстава на грифон (митско животно со глава и крилја на орел, а тело на лав). [[Акропола]] во буквално значење е град на рид.

== Стоа ==
Централната и најмонументална градба во досегашната фаза на истраженост на [[Вардарски Рид]] е секако објектот кој врз основа на архитектонски-градежните белези и движните наоди го идентификувавме како Стоа. Остатоците од овој објект датираат уште од V и IV век пред Христа. Тој има основа во форма на латинската буква “L” со димензии: 48 x 13. Стоата била поделена надолжно во две парии, северна и јужна. Во северната биле распоредени 4 простории, додека  јужната била отворена.. Доказите за периодот во која била изградена оваа градба ги добиваме и од повеќето [[Монета|монети]] на [[Филип II|Филип II]], [[Александар III Македонски|Александар III]] и [[Касандар]]. 

Во четирите простории се откриени железни и бронзени елементи од врата ( шајки, клучалки, нитни и сл ), железни сечила, ножеви, камен острач, керамички садови, неколку хитри, ихтии, плитки чинии, кантароси, медицински садови, монети и слично. Стоата на [[Вардарски Рид]] во секој случај претставува еден солиден пример на македонска стоа од раноантичко време, која го дава најсилниот израз на раниот градски карактер на населбата. 
         
== Куќата на колекционерот ==
По многу нешта еден од најинтересните објекти отриени на [[Вардарски Рид]] е градбата наречена Куќата на Колекционерот, откриена во секторот на Источна тераса во 2002 година. По своите архитектонски белези таа претставува еден од најубавите примери на станбена градба од предримско време, додека според инвентарот е далеку најбогата и најпровокативна целина. Отаму произлегува и карактерот на оваа градба, како и нејзиното значење во научна и културна смисла. Од една страна, таа била вообичаена куќа за живеење со сите неопходни оделенија и содржина, со убава позиција во градот и нешто подобро опремена од останатите. Од друга страна, богатството, карактерот и распоредот на движните наоди зборуваат за специфичен објект, во кој меѓу другото, се колектирале и грижливо чувале предмети со посебни естетски вредности, и тоа од различни временски периоди. 

Во посебни околности, откриени се значително постари предмети од самата градба, а пак таа врз основа на монетните наоди датира од II век п.н.е. Куќата на колекционерот има 6 соби од кои првите три го сочинувале резиденцијалниот или станбен дел, останатите економскиот дел или складиштето на материјали. Двата дела немааат директна комуникација па биле поврзни со надворешен трем. Така меѓу другото, на тој простор се откриени специфични огништа во форма на јами со тврдо запечатени страни и силни остатоци од горење во внатрешноста, во кои, најверојатно се подготвувала жарта за кујнските потреби и греењето на куќата. 

Дека се работи за куќа во која живеел колекционер докажуваа повеќето артефактни пронадоци од типот на мали приврзоци во форма на птица и срна, сет за вино, монистри, украсувани коски, чаши со [[Елјефна декорација|елјефна декорација]], [[Теракота|теракотни фигури]], приврзок-мане острач кој најверојатно бил ископан од некој гроб бидејќи во тоа време претставувал неизбежен тоалетен реквизит во машките гробови. Сепак најзначајниот наод во оваа куќа е мермената скулптура на [[Афродита]] со скршеница на левата подлактица. Според стилските особености може да датира уште од IV век и претставува врвно уметничко остварување за што несомнено бил свесен и самиот колекционер. Посебна категорија на наоди во Куќата на колкционерот претставуваа [[Монета|монетите]]. Вкупно се пронајдени 24 примероци , главно од автономните градови [[Амфиполи]] и [[Тесалоника]] и од кралевите [[Филип V]] и [[Персеј]]. Се претпоставува дека животот во оваа куќа а воедно и на вардарски Рид замрел некаде околу I век пред Христа. Сиромаштвото на наоди од таа фаза укажува дека повеќе не било достигнато економското ниво и културните остварувања неопходни за живеење.