Difference between revisions 1141 and 1142 on mkwikimedia

На само  три километри од [[Гевгелија]], во поднежјето на [[Кожув|Кожув планина]], лоцирани во ретка јасенова шума, се простираат надалеко познатите [[Негорска бањи|Негорски бањи]]. Тие се природни термо минерални бањи од вулканско потекло, распослани на гевгелиското труско подрачје.

== Историски развој на Негорски Бањи ==
(contracted; show full)ветска војна|Втората светска војна]], бањата сосема е запуштена. За лошата состоја многу придонела и поплавата од [[Серменска Река|Серменската Река]] и тоа во ''1942 година'', кога целиот бањски двор бил покриен со талог кој што навлегол и во базенот со топлата бања. Негорски бањи позабрзан развој доживуваат дури во годините по ослободувањето.

== Географска положба на Негорски бањи ==
[[Негорска бања|Негорската бања]] е лоцирана во [[Гевгелиска Котлина|Гевгелиската Котлина]], на околу 
''4 км'' северно од [[Гевгелија]]. Бањата се наоѓа во подножјето на планината [[Кожув]], на надморската височина од ''60 метри''. Бањскиот комплекс опфаќа површина од ''25 хектари'' целосно пошумена, озеленета и релативно добро уредена површина.
Бањата се наоѓа во непосредна близина на магистралата Скопје – Солун. Таа има двојно значење, од една страна Бањата е добро поврзана со другите просторни целини, а од друга страна Бањата се наоѓа на мошне значаен транзитен правец, што и овозможува да се вклучи како понуда и во [[Транзитен туризам|транзитниот туризам]].

== Сообраќајна поврзаност на бањата ==
(contracted; show full)нија и успешно се користи во здравствениот бањски комплекс. Бањскиот комплекс [[Негорска бања|Негорски бањи]] има три [[Хотел|хотели]] и тоа: “[[хотел Јасен|Јасен]]” “[[хотел Илиден|Илиден]]” и “[[хотел Бужор|Бужор]]” во кои квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости. Собите располагаат со ТВ, интернет пристап, телефон, клима уред, фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања.

== Надворешни врски ==
1. Н. Ташков: Туристичките вредности на бањите во Република Македонија, Април 2004