Difference between revisions 1150 and 1176 on mkwikimedia

[[Село Бања|Селото Бања]] ('''[[Кочанска Бања]]''') се наоѓа на ''7 км'' од [[Кочани]] од десната страна на магистралниот пат [[Кочани]] – [[Штип]]. Сместено е во подножјето на [[Осоговските Планини]] и лежи на последните ограноци од ридиштата на овие планини, кои благо се спуштаат кон котлината на надморската висина од ''340 км''. Од источната страна се наоѓа село [[Тркање]], а од западната село [[Спанчево]], кон југ селото се граничи со плодните оризови полиња. Народната традиција зборува дека [[Село Бања|Бање]] името го добило по бањата и изворите на топла вода во селото.

Изворите во [[Село Бања|Бања]] се карактеризираат со специфични хидролошки, односно хемиски – минеролошки и термички својство, како и со количеството на водата која извира на овој простор. Количеството на вода во бањата во подолг период била назадоволителна. Со извршените дупчења количеството на термоминерална вода изнесува над ''65 литри'' во секунда. Температурата на водата е ''64 степени'', што значи дека станува збор за мошне погодна вредност. Тоа овозможува користење во бањската намена, бидејќи се работи за хипертермална вода.

По хемискиот состав бањата спаѓа во групата на слабоминерализирани термички води. Во неа преовладуваат [[Хидрокарбонат|хидрокарбонатите]], слабо е алкална и со низок степен на [[Радиоактивност|радиоактивност]]. Од [[Катјон|катјоните]] најмногу содржини [[Натриум|натриум]], [[Калиум|калиум]], [[Калциум|калциум]] и [[Магнезиум|магнезиум]], а од [[Анјон|анјоните]] [[Хлор|хлор]], [[Сулфат|сулфати]], [[Хидрокарбонат|хидрокарбонати]], [[Силициумоксид|силициумоксид]], [[Алуминиумоксид|алуминиумоксид]], [[Железооксид|железооксид]] и други. Поседува и ретки [[Минерал|минерали]], како што [[Литум|литумот]], [[Цезимуот|цезимуот]], [[Рубидиум|рубидиумот]] и слично.

Ваквите физичко – хемиски својства на вдата во Кочанската бања претставуваат основа врз која се базира нејзиното користење за лечење на бројни болести. Главно се користи при лечењето на следните болести:

:* Сите видови на рематични заболувања
:* Заболувањата на жолчните патипта и жолчната кесичка
:* Заболувањата на мочните канали
:* Гинеколошки заболувања
:* Воспалувања на нервите
:* Болести на желудниот и дванаесетпалачно црево
:* Состојби по повреди на коскениот систем и други заболувања

Освен  тоа ниската [[Радиоактивност|радиоактивност]] на водата благотворно делува на катаралните воспалувања и заболувањата на дишните ограни. Иако денес оваа бања не ги користи во потполност потенцијалите кои ги поседува, треба да се истакне дека се работи за бања кои ја користеле уште [[Римјани|Римјаните]]. Во периодот на [[Осмалинско владеење|осмалинското владеење]] на овие простори Бањата била користена и од [[Турци|Турците]]. Во близина на [[Кочанска бања|Кочанската бања]], кај село [[Долни Подлог]] од дупнатина длабока ''318 метри'' откриена е топла минерална вода со јачина од ''95 литри'' во секунда и температура од ''80 степени'', што може да претставува основа за изградба на бањски здравствено рекреативни објекти.

== Надворешни врски ==
1. Н. Ташков: Туристичките вредности на бањите во Република Македонија (Универзитет "Гоце Делчев", Штип), Април 2004