Difference between revisions 1164 and 1181 on mkwikimedia

[[Национален парк|Националниот парк]] [[Пелистер]] се наоѓа помеѓу [[Преспанска Котлина|Преспанската Котлина]] и [[Пелагониска Котлина|котлината Пелагонија]]. Тое е прв прогласен национален парк на територија на [[Република Македонија]]. За национален парк е прогласен уште во ''[[1947]] година''. Површината на овој национален парк изнесува ''10.400 хектари''. Тој опфаќа дел од [[Баба|планината Баба]] и тоа највисокиот врв [[Пелистер]] (''2.601метар''), а со височина од над ''2.000 метри'' познати се уште некои други врвови на оваа планина. И покрај тоа што зафаќа вака висок планински простор, овој национален парк е доста пристапен, а од [[Битола]] до неговиот [[Копанки|локалитет Копанки]] има околу ''15 км''.

== Природните вредности на Националниот парк Галичица ==
Природните вредности на овој планински простор се мошне интересни и карактеристични. Тоа се однесува на геолошките, геоморфолошките, климатските, хидрографските, какои на биогеографските особини.

=== Геоморфолошки вредности ===
Геолошките карактеристики се во тесна врска со положбата што ја има [[Баба|планината Баба]] со [[Пелистер]]. Таа му припаѓа на внатрешниот динарски систем со извесни разлики кои се последица на различните магматски интрузии.
Можат да се издвојат следните стратографски членови :
:* На северниот и североинточниот дел се јавува комплексот на палеозојски карпи ;
(contracted; show full)не пристапни. На овој простор се присутни циркови во кои се заезерила вода и на тој начин ги формирала [[Глацијално езеро|глацијалните езера]], потоа варовните долини кои се наоѓаат на страните на [[Пелистер]] и моренските флувиоглацијални наноси. Во таа насока посебно значење заслужуваат камените реки. Тоа се суводолици исполнети со длобонски материјал добиен со денудација и механичко распаѓање на карпите, сотавен од големо количество искршени карпи и блокови со различна големина и хаотично испретурени.


=== Климатските вредности ===
Климатските услови на [[Пелистер]] се мошне погодни. [[Клима|Климата]] се одликува со умереност како во зимскиот дел од годината така и во летниот период. Средномесечната јалска температура изнесува ''18,4 °C'', што укажува на мошне пријатна рекреативна вредност. Средномесечната јануарска температура изнесува ''-2,6°C''. Средногодишната температура на воздухот на [[Пелистер]] на надморска височина од ''1.200 метри'' изнасува ''8,3°C'(contracted; show full)
Националниот парк се карактеризира и со изворедно богатство на хидрографски вредности. Во групата на вои атрактивности доминантно место заземаат [[Големото глацијално езеро|Големото]] и [[Мало глацијално езеро|Малото глацијално езеро]], кои се лоцирани над шумската граница.


=== Хидрографските вредности ===
Пелистер се карактеризира со бројни извори и доста постојани и повремени водотеци. Меѓѕ водотеците посебно место заслужуваат планинските реки: [[Сапунчица]], [[Црвена Река]], [[Шемница]], [[Вртушка]], [[Брајчинска]] и др. овие реки го оплеменуваат просторот, а појавата на риби во  нив ја отвора можноста за поширока рекреативно-туристичка содржина на националниот парк.

=== Биогеографските вредности ===
Вредноста на национачлниот парк Пелистер сепак се темели на извонредното и специфичното биогеографски наследство. Во тој контекст разновидноста на растителниот свет е посебно нагласено. За Пелистер се вели дека претставува “природен арборетум”. На оваа планина растат околу ''88'' дрвенати растенија, кои се класификувани во ''23'' фамилии, што претставуваат ''29'' проценти од вкупната дендрофлора во [[Република Македонија]]. [[Молика|Моликата]] прет(contracted; show full)
:* Буково – еловата шума, која се наоѓа на цеверната страна на Вртушка, на височините од ''1.250'' до ''1.800 метри'' ;
:* Високопланинската букова шума, која се јавува на северните падини на вртушка, на височините од ''1.800 метри''.

Ваквите извонредни шуми и други флорис
ртични елементи во себе кријат големо богатство на животински свет. Меќу нив од туристичка гледна точка значајни се видовите на висок и низок дивеч. Скоро сите главни видови се застапени во овој национален парк.
Ловот во најголемиот дел од националниот парк е наполно забранет, така што како ловна зона е утврдена источната падина на [[Баба|планината Баба]]. [[Пелистер]] е прифатен во прелиминарниот список за вклучување во списокот на [[УНЕСКО]].

== Надворешни врски ==
1. Н. Мариноски: Туристичка Географија (Универзитет "Св. Климент Охридски", Битола) Охрид, 2006