Difference between revisions 1165 and 1174 on mkwikimedia[[Национален парк|Националниот парк]] [[Галичица]] е прогласен во ''1958 година''. Овој парк опфаќа делови од планинкиот масив [[Галичица]], со крајбрежните простори на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]]. Површината која тој ја зафаќа изнесува ''22.750 км''. [[Галичица|Планината Галичица]] се наоѓа во југозападниот дел на [[Република Македонија]]. Таа е всушност хорст кој се издига помеѓу [[Охридска Котлина|Охридската]] и [[Преспанска Котлина|Преспанската Котлина]]. Ваквата форма на [[Галичица|планината Галичица]] и нејзината положба помеѓу двете најголеми езера во [[Република Мекедонија]] претставува посебна вредност. Таа е маркантна во географската средина со својата импознантна големина. Највисокиот врв [[Магаро]] се наоѓа на надморска височина од ''2.254 метри''. == Природните вредности на Националниот парк Галичица == === Геоморфолошки вредности ===⏎ Од овој планински престор се протегаат мошне убави глетки на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]]. Посебно е атрактивна можноста посетителите во исто време да ги набљудуваат двете прекрасни езера. Пејсажните атрактивни, естетски и куриозитетни вредности се однесуваат и на самите планински страни, кои [[Галичица]] ги поседува. (contracted; show full) парк, се карактеризира со кривина. Вкупно ''63км.'' од брегот на [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]] отпаѓа на линијата со стрмен брег, со помали и поголеми полуострови, ‘ртови и заливи. Како посебна вредност се наметнуваат клифовите кои се наоѓаат на потегот јужно од полуостровот градиште, околу село [[Трпејца]] и кај [[Манастир Свети Наум|манастирот Свети Наум]]. Бреговата линија на [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]] има четири поголеми и три помали полуострови и два острови. === Климатските вредности ===⏎ Климатските вредности во [[Националниот Парк Галичица|националниот парк Галичица]] се различни. Тие се разликуваат во котлинскиот во однос на планинскиот дел. Но, во основа факторите кои ја одредуваат климата се скоро исти. Треба да се констатира дека багоста во климатска смисла е присутна и во овој простор. Така, средногодишната температура од ''1.500 метри'' надморска височина изнесува околу ''7°C''. Средногодишната температура во јули и август изнесувала околу ''21 °C'', а во јануари и фебруари ''0,8°C''. Значи дека се работи за мошне поволни температурни карактеристики, како во летниот, така и во зимскиот дел од годината. Тоа овозможува активности на прошетка и планинарски, како и скијачки активности во зимскиот дел од годината. Кои вака изнесените карактеристики се надоврзуваат и остананите климатски елементи, вакви што се височината на врнежи од ''1.100 мм.'', изразената инсолација, која се движи над ''2.000'' сончеви часови во текот на годината и слично. Количеството на снежни врнежи е релативно сиромашно, што е каракеристично во месеците декември, јануари и фебруари, а во ноември и март се јавува само помало количество на снег. Тоа ја скратува зимската скијачка сезона на овој простор. === Хидрографските вредности ===⏎ Хидрографските вредности на [[Националниот Парк Галичица|националниот парк Галичица]] се доста нагласени, иако планината спаѓа во глупата на најсушни просторни целини во [[Република Македонија]]. Оваа карактеристика на [[Галичица]] произлегува пред се од геолошкиот состав на оваа планина. Таа спаѓа во групата на најваравничките планини во [[Република Македонија]], а тоа значи дека се работи за изразит водопропустлив терен, што условува појава на мал број истечни полноводни кодотеци. И покрај тоа, на поширокиот простор на националниот парк се јавуваат постојани извори и водотеци. Тие поседуваат значајна вредност. Од нив треба да се истакнат следниве: изворите кај [[Манастир Свети Наум|манастирот Св. Наум]], изворите на месноста [[Летница]] над селото [[Рамне]], и [[река Черава|реката Черава]] (изворите и се во [[Албанија]]).Од сите овие хидрограгски појави најголемо значење имаат изворите кај [[Манастир Свети Наум|манастирот Свети Наум]]. === Биогеографските вредности ===⏎ Интересната хидрографска форма и бујната околна вегетација, животинскиот свет на околниот простор, како и богатиот жив свет во водата, е така хармонизиран што го прави оваа извориште да биде едно од најпривлечните места во [[Република Македонија]]. Ова се должи и на прекрасните плажи кои се наоѓаат во непосредна близина, какои и на изворедниот манастирски комплекс [[Свети Наум]]. (contracted; show full)27; видови цицачи. Постојат и повеќе илјади други животни, кои најмногу се испитани во [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]]. Најбогат животински свет поседуваат просторите во навионалниот парк во кој е намалено присуството на човекот. Таков е на пример [[Остров Голем Град|островот Голем Град]], каде на него и во водите околу него живеат поголем број разновидни фунистички примероци. Обратна е појавата во просторите на паркот во кои човекот навлегол со населување и изградба на сообраќајниви и други објекти. == Антропогените вредности на Националниот парк Галичица === === Културно историски вредности ===⏎ [[Националниот Парк Галичица|Националниот парк Галичица]], покрај природните вредности, поседува и значајни културно – историски споменици. Тоа се следните: [[Бализика Свети Ѓоргија|бализика Св. Ѓоргија]], [[Црквата Света Богородица Пештанска Захумска|црквата Св. Богородица Пештанска Захумска]], пештерските [[Црква Свети Стефан|цркви Св. Стефан]] и [[Црква Света Богородица Пештанска|Св. Богородица Пештанска]], [[Манастир Свети Наум|манастирот Св. Наум]] и [[Црква Свети Петар|црквата Св. Петар]] на [[Остров Голем Град|островот Голем Град]] во [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]]. == Рекреативни активности ==⏎ Врз основа на вака нагласеното богатство, националниот парк Галичица може да се искористи за прошетки и трчање по рекреативните патеки. Лоцирањето видиковци на погодни места, какви што се гребенот [[Баба]] (''1.631 метри''), врвот [[Лако Сигној]] (''1.953 метри''), врвот [[Гола Бука]] (''1.897 метри'') и [[Еленов Врв]] (''1.221 м.''), над селото [[Велестово]], како и на други места, треба да ги открие можностите на прекрасни гле(contracted; show full) :* Зоната за зимски спортови може да се искористи за изградба на патеки за скијање. :* Во мелиоративната зона користењето на пасиштата, шумите и земјиштето се врши контролирано и со примена на одгледувачки и друго мерки предвидени со програмата за употребубање на шумите. [[Национален Парк Галичица|Националниот парк Галичица]] има управа која презема мерки за организирање на техничката и чуварската служба и контрола на активностите на територијата на паркот. Меѓутоа, загрозувањето на националниот парк претставува мошне голем проблем, и покрај преземените наведени активности. Туризмот треба да биде во функција на зачувување на овие вредности, за да може да ги користи како такви. Таков е случајот со коплексот околу изворите на [[Црн Дрим]], кои се лоцирани во зома со режим на строга заштита, а традиционално во тој дел се одвиваат туристичко – рекреативни активности. Слични проблеми постојат и во други делови на крајбрежјето, како на пример северно и јужно од [[Трпејца]], особено околу [[Црквата Света Богородица Пештанска Захумска|црквата Св. Богородица Захумска]].⏎ ⏎ == Надворешни врски == 1. Н. Мариноски: Туристичка Географија (Универзитет "Св. Климент Охридски", Битола) Охрид, 2006 All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikimedia.org/w/index.php?diff=prev&oldid=1174.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|