Difference between revisions 1166 and 1167 on mkwikimedia

[[Дојранско Езеро]] се наоѓа во југоисточниот дел на [[Република Македонија]]. Котлинскиот простор во кој е лоциран овој акваториум е ограничен од север и северозапад со [[Беласица|планината Беласица]], од запад и југозапад со ограноците на [[Кара Бели|планината Кара Бели]] и од истрок со ограноците на [[Круша|планината Круша]]. Надморската височина на која се наоѓа езерската површина е на ''148 метри''.

(contracted; show full)а одвивање на капалишните активности. Средномесечната температура во мај изнесува ''18.9 степени'', во јуни ''22.4 степени'', во јули ''24.3 степени'', август ''24.2 степени'' и во сепмтеври ''20.4 степени''. Бојата на водата има нијанси од темно зелена, зеленкасто – жолтеникава и жолтенива, што како вредност заостанува зад [[Преспанско Езеро|Преспанското]], а посебно зад [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]].


== Наводи ==

{{наводи}}