Difference between revisions 1170 and 1171 on mkwikimediaПланината Кожуф зафаќа површина од ''1000 км'' квадратни на територијата на две држави ([[Република Македонија]] и [[Република Грција]]).Во границите на [[Република Македонија]], [[Кожуф]] опфаќа територија од ''80 проценти'' а останатите ''20 проценти'' се во територијата на [[Република Грција]]. Кругот на територијата на планината [[Кожуф]] запичнува од најсеверната точка-вливот на [[река Бошавица|реката Бошавица]] во [[река Вардар|реката Вардар]] кај [[Демир Капија]]. Границата оди по течението на [[рекат Вардар|реката Вардар]] а од десната страна е најимпозантниот дел-кањонот на [[Демиркапискат клисура|Демиркаписката клисура]]. Ја преминува државната граница на [[Република Македонија]] и во близина на селото [[Лумница]] (''850 м.н.в'') на територија на [[Република Грција]] продолжува на запад одвојувајки ја планината [[Пајак]], северните страни на Мегленската долина и доаѓа до седлото [[Пуљевац]] (''1165 м.н.в'') продолжува кон [[Мрежичко]]. Тука е границата со [[Козјак]] планина. Од [[Мрежичко]] преку [[Мушов гроб]] (''1019 м.н.в'') ја зафаќа северната страна на висорамнината [[Витачево]], доаѓа до [[река Бошавица|реката Бошавица]]. [[Кожуф]] планина има две главни била како продолженија на [[Ниџе]] преку [[Козјак]] и тоа во два правца, југозапад и североисток.Од [[Пуљевац]] (''1165 м.н.в'') доаѓа до седлото [[Орлов вис]] (''1627 м.н.в'') преку врвот [[Коњска глава]] (''1836 м.н.в'') доаѓа до третиот по височина врв [[Дудица]] (''2132 м.н.в''). Отука главното било продолжува кон седлото [[Порта]] (''1845 м.н.в'') доаѓајки до највисокиот врв на Кожуф - [[Зелен брег]] (''2171 м.н.в'') потоа се спушта до седлтот [[Марково езеро]](''2035 м.н.в'') за да искачи до [[Морето]] или [[К-92]] (''2102 м.н.в.'') па преку [[Мала рупа]] (''2004 м.н.в'') и преку [[Сува рупа]] (''1960 м.н.в'') дојде до селото [[Лумница]]. ⏎ ⏎ Планината [[Кожуф]] има ''8'' (осум) двеилјадни врвови и тоа : :* Зелен брег (''2171'') :* Пиновон (''2156'') во [[Република Грција]] :* Дудица (''2132'') :* Порта (''2112'') :* Морето или К-92 (''2102'') :* Дзена (''2065'') во [[Република Грција]] :* Марково езеро (''2035'') :* Мала рупа (''2004'') [[Кожуф]] планина изобилува со огромен воден потенцијал од која извират многубројни реки. За планинарите и љубители на планината [[река Дошниц|реката Дошниц]]а е една од најубавите и најчисти реки во [[Република Македонија|Македонија]]. Од изворот под [[Зелен берг]] до вливот во [[река Вардар|Вардар]] нема никаков индустриски објект кој ја загадува. Таа е најчистата река во која опстојуват пастрмката, кленот, ракот и други. На [[Кожуф]] сеуште опстојува рисот како редок и заштитен вид. За жал од страна на криволовците веќе 2-3 децении го нема еленот а одвреме навреме се појавува мечката која во потрага по помирни места мигрира од планини во [[Република Грција|Грција]] и [[Република Македонија|Македонија]] кон [[Кожуф]]. Растителниот свет е богат со најразновидни врсти но секако најатрактивни се лековитите билки и растението (Arbutus andrahne) или во народот познат како „гол човек„ кој и со закон е заштитен. Во далечната ''[[1953]] година'' на иницијатива на [[Даре Џамбаз]] и [[Планинарски сојуз на Македонија|Планинарскиот сојуз на Македонија]] со група млади ентузијасти беше изграден домот на [[Висока чука]] (''1100 м.н.в''). Долги години беше место на средби на планинари и љубители на планината од целиот балкан. За жал денес тој е руиниран објект во кој не можат да престојуват планинари. Постои можност тој да биде ставен во функција но треба да го управуват луѓе кои ќе можат да го реновират и ќе му го најдат местото во новиот тренд – планинскиот туризам за кој постојат можности и интерес пошироко од [[Република Македонија]]. Денес, на само ''210 км'' од [[Скопје]] и ''130 км'' од [[Солун]], на површина од ''2.000 хектари'', на Кожуф се наоѓа најновиот ски-центар во [[Република Македонија|Македонија]], чија изградба започна во [[''2001'']] и денеска имаме можност да уживаме во една од најновите опреми за скијање во [[Република Македонија|Македонија]]. Центарот е најсовремено опремен и располага со одлични услови за скијање. Моментално располага со два ски-лифта со капацитет на носење по ''3.000 скијачи'' за еден час до врвот на жичарницата, еден шестосед кој единствен од таков тип на [[Балкан|Балканот]], ресторан, бачило, ''16'' апартмани и ''16 км'' скијачки патеки. Овој центар е единствен во земјата кој располага со опрема за вештачки снег. == Надворешни врски == http://www.makedonskibiser.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=930%3A2009-12-05-17-01-41&catid=139%3A2009-08-26-13-19-34&Itemid=400&lang=mk - Кожуф All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikimedia.org/w/index.php?diff=prev&oldid=1171.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|