Difference between revisions 1172 and 1173 on mkwikimedia

'''Планината [[Кожуф]]''' зафаќа површина од ''1000 км'' квадратни на територијата на две држави ([[Република Македонија]] и [[Република Грција]]).Во границите на [[Република Македонија]], [[Кожуф]] опфаќа територија од ''80 проценти'' а останатите ''20 проценти'' се во територијата на [[Република Грција]]. Кругот на територијата на планината [[Кожуф]] запичнува од најсеверната точка-вливот на [[река Бошавица|реката Бошавица]] во [[река Вардар|реката Вардар]] кај [[Демир Капија]]. Границата оди по течението на [[рекат Вардар|реката Вардар]] а од десната страна е најимпозантниот дел-кањонот на [[Демиркапискат клисура|Демиркаписката клисура]]. Ја преминува државната граница на [[Република Македонија]] и во близина на селото [[Лумница]] (''850 м.н.в'') на територија на [[Република Грција]] продолжува на запад одвојувајки ја  планината [[Пајак]], северните страни на [[Мегленска долина|Мегленската долина]] и доаѓа до седлото [[Пуљевац]]  (''1165  м.н.в'') продолжува кон [[Мрежичко]]. Тука е границата со [[Козјак]] планина. Од [[Мрежичко]] преку [[Мушов гроб]] (''1019 м.н.в'') ја зафаќа северната страна на висорамнината [[Витачево]], доаѓа до [[река Бошавица|реката Бошавица]].

(contracted; show full)

== Надворешни врски ==
http://www.makedonskibiser.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=930%3A2009-12-05-17-01-41&catid=139%3A2009-08-26-13-19-34&Itemid=400&lang=mk - Кожуф