Revision 1145 of "Смрдлива Вода" on mkwikimedia

Туристичкиот локалитет [[Смрдлива Вода]], се наоѓа на надморска височина од ''850 метри'', а од градот [[Гевгелија]] е оддалечен ''24 километри''. Го зафаќа просторот помеѓу врвовите [[Флора]], [[Аџибарица]], [[Белези]] и [[село Коњско|селото Коњско]]. Познат е по минералната вода и нејзината лековитост за стомачни и заболувања на желудникот и бубрезите. 

== Атрактивно - рекреативни објекти ==
* Минерални извори кај народот познати како „[[Смрдлива вода“]] од каде што и целиот локалитет го добил своето име. Се нарекуваа така поради непријатната миризба на водата на „расипано јајце“. По својот хемиски состав се [[Хидрокарбонати|хидрокарбонатни]], [[Минерали|минерализирани]], [[Слабо кисели води|слабо кисели води]]. Се користат преку пиење за лекување на стомачните заболувања, потоа камен во бубрегот, песок и поситен камен во мочните патишта, воспаление во мочните органи и сл. Чистиот планински воздух и лековитоста на водата придонеле таа да се користи од локалното население уште меѓу двете светски војни, а по втората светска војна се изградиле и сместувачки локалитети за сместување и престојување на посетителите.

* Терени погодни за развој на планинарењето и спортот, особено во [[Аџибарица|месноста Аџибарица]], односно во изворишниот дел на [[река Цреша|реката Цреша]].
	
* Пространи дабови и букови шуми како и [[Гол човек]] (Arbutus andrachne), единствено зимзелено дрво коешто двапати годишно ја менува својата црвенкаста и лушпеста кора. Интересно е тоа што кога ќе го допрете, имате чувство дека допирате нежна човечка кожа. Лисјата му се јајцевидни, а цветовите распоредени како гроздови.

* Квалитетна клима и разновиден дивеч, меѓу кои како раритет се јавува и еленот.

=== Гол човек (Arbutus andrachne)===
Посебна атракција за туристите во близина на [[Смрдлива Вода]] е дрвото „гол човек“, ендемичен вид растение, единствено зимзелено дрво што два пати годишно ја менува својата црвеникава и лушпеста кора. Кога се допира, се има чувство како да се допира нежна човечка кожа. Лисјата му се јајцевидни, а цветовите распоредени како гроздови - ни рекоа некои од туристите. Гледајќи го дрвото, за момент ни се пристори како да се насмевнува позирајќи пред фотоапаратите на посетителите. Атракција за туристите во близина на [[Смрдлива Вода]] е дрвото „гол човек“, ендемичен вид растение, единствено зимзелено дрво што два пати годишно ја менува својата црвеникава и лушпеста кора. 

- Кога се допира, се има чувство како да се допира нежна човечка кожа. Лисјата му се јајцевидни, а цветовите распоредени како гроздови - ни рекоа некои од туристите. Гледајќи го дрвото, за момент ни се пристори како да се насмевнува позирајќи пред фотоапаратите на посетителите.

=== Присуство на злато во Коњска Река ===
Присуството на [[злато]] во [[Коњска Река]] и нејзините притоки, односно златоносен песок претставува ретка појава во Македонија. Премивањето на [[злато]] во минатото овде било доста развиено, па тоа може и денеска да се обнови и ќе претставува особена атракција. [[Река Цреша|Реката Цреша]], во својот средишен дел од текот, изградила една доста интересна кањонеста долина чија десна страна е позната под името [[Порта Алева Кечикај]]. [[Порта Алева Кечикај|Кечикај]] се одликува со мошне стрмни карпи чија височина достигнува и до ''500 метри'' во вертикала. Тоа се доста поволни терени за алпинизам.
Наведените разновидни атрактивно- рекреативни елементи овозможуваат развој на повеќе видови [[туризам]], како: [[Здравствен туризам|здравствен]], [[Летувачки туризам|летувачки]], [[Ловен туризам|ловен]], [[Излетнички туризам|излетнички]] и [[Алпинистички туризам|алпинистички]].

== Надворешни врски ==
* http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1978 - статија за Смрдлива Вода на ИГЕО портал
* http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8D6BD0282C4EAE41B0F29D2D3D919CFC - статија за Смрдлива вода на Дневник


[[Категории: Гевгелија]]