Revision 1169 of "Охридска архиепископија" on mkwikimedia

[[Република Македонија|Македонија]] е библиска земја. Таа е првата земја на европска почва во која [[Апостол Павле|апостолот Павле]] заедно со [[Апостол Сила|апостолите Сила]], [[Апостол Тимотеј|Тимотеј]] и [[Апостол Лука|Лука]] меѓу ''51'' и ''54 година'' го посеал семето на христијанството, а Лидија од градот [[Тијатир]] која тогаш престојувала во [[Фили­пи]], е првата македонска, па и европска христијанка.

== Создавањето на Македонската црква во Средниот Век ==
[[Охридската архиепископија – патријаршија]], корените ги влече од [[Ранохристијански период|ранохристијанскиот период]]. Во ''1 век'' од п.н.е., [[Апостол Павле|Апостолот Павле]] со првите христијански општини во [[Република Македонија|Македонија]] ги поставил основите на македонската црква. За време на римската власт, во [[Република Македонија|Македонија]] постоеле три епархии: [[Солунска епархија|Солунската]], [[Епархија Стобека|Стобеката]] и [[Скупска епархија|Скупската]], а подоцна се зголемил угледот и на [[Лихнидска епископија|Лихнидската епископија]]. 

Во ''535 година'', византискиот цар [[Јустинијан I]] за да го намали папското влијание во [[Република Македонија|Македонија]], во околината на [[Скопје]] ја формира [[Архиепископија Јустинијана Прима|архиепископијата Јустинијана Прима]]. За време на словенските напади во [[Република Македонија|Македонија]] во ''VI век'', [[Архиепископија Јустинијана Прима|архиепископијата Јустинијана Прима]] била уништена и последен пат се споменува во ''601 година''. Македонските поглавари во борбата за зачувување на автокефалноста на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]] и на Македонската црква, се повикувале на традициите наследени од [[Архиепископијата Јустинијана Прима|архиепископијата Јустинијана Прима]]. Организираниот црковен живот на македонските Словени почнал со црковната и со културно-просветната дејност на [[Свети Константин – Кирил и Свети Методиј|св. Константин – Кирил и св. Методиј]] во [[Брегалничка мисија|Брегалничката мисија]]. Основите на Македонската црква во средниот век – на Охридската архиепископија ги поставил [[Свети Климент Охридски|св. Климент Охридски]]. Тој како словенски учител во областа [[Кутмичевица]], како основач на [[Охридска книжевска школа|Охридската книжевска школа]] и како “прв епископ словенски”, има апостолска улога во ширењето на христијанството и на словенскиот јазик меѓу [[Словени|Словените]] во [[Република Македонија|Македонија]] и во [[Албанија]]. Најголемиот број средновековни цркви, меѓу нив и Климентовиот манастир (денес св. Климент и св. Пантелејмон) во Охрид, се подигнати врз темелите на ранохристијанските цркви.

== Преспа и Охрид – центри на Преспанско – Охридската Архиепископија – Патријаршија ==
Со создавањето на македонската средновековна држава во ''969 година'', се јавила потребата од создавање самостојна црква – архиепископија. [[Комитопул Давид|Комитопулите Давид]], [[Комитопул Мојсеј|Мојсеј]], [[Комитопул Арон|Арон]] и [[Комитопул Самоил|Самоил]] во периодот кога ја признавале византиската врховна власт (''971 - 976''), размислувале за седиштето на архиепископијата. Изборот на [[Преспа]] за седиште на архиепископијата бил прифатен затоа што таму се наоѓало второто епископско седиште на св. Климент. По востанието на комитопулите против византиската власт, седиштето на државата се наоѓало во [[Преспа]], но се поставило прашањето за патронот на црквата. Комитопулите се труделе да најдат мошти на истакнат светец кој ќе биде патрон на нивната црква. Со освојувањето на [[Лариса]], во ''986 година'' Самоил ги зел моштите на [[Свети Ахил Лариски|св. Ахил Лариски]], учесник на првиот Вселенски собор и ги донел во [[Преспа]]. Таму била изградена соборна црква посветена на [[Свети Ахил Лариски|св. Ахил Лариски]]. 

За прв архиепископ на [[Преспанска архиепископија|Преспанската архиепископија]] бил избран [[Архиепископ Герман|архиепископот Герман]]. По крунисувањето на [[цар Самоил|Самоил]] за цар, Архиепископијата станала патријаршија, а седиштето од [[Преспа]] било пренесено во [[Охрид]]. По градот [[Охрид]], каде што се наоѓало седиштетот на Архиепископијата, таа е позната како [[Охридска архиепископија]]. Нејзината самостојност ја признал римскиот папа [[Силвестер II]]. Со крунисувањето на Самоил за цар, охридскиот архиепископ бил избран за патријарх, а Архиепископијата прераснала во патријаршија. По пронаоѓањето на Македонското Царство, византискиот цар [[Василиј II]] Охридската патријаршија ја свел на ниво на архиепископија, а со специјална повелба ја потврдил нејзината автокефалност. Во повелбата е прецизирано дека во иднина византискиот цар го назначува архиепископот, додека Советот на епископите го потврдува.

== Организација на Охридската Архиепископија ==
На чело на Охридската архиепископија стоел архиепископот како врховен поглавар. Територијата на Охридската архиепископија се делела на епархии со кои управувале епископи. Епископите управувале со сите цркви и манастири во својата епархија. Тие поставувале свештеници да вршат богослужба, а сочинувале високото свештенство. Монасите и ѓаконите го сочинувале ниското свештенство. Највисок орган на Архиепископијата бил [[Светиот синод]]. Архиепископијата имала и црковен суд кој решавал црковно-прави прашања на христијаните во архиепископијата. 

Охридската архиепископија одиграла многу важна улога за македонскито народ во средниот век. Од ''XI век'', со назначувањето на архиепископи Грци, во црквите се пишувале книги на грчки јазик, а од порано се уништувале. Македонското свештенство преку книжевните школи во црквите и во манастирите ја ширело словенската писменост и било нејзин верен чувар. Таму се создале вредни книжевни дела на словенски јазик. Со градбата на црквите се унапредувала архитектурата, а со фрескоживописот и со иконите се развивала уметноста.

== Надворешни врски ==
http://www.stskirilandmetodij.com/mg/index.php?option=com_content&view=article&id=23&Itemid=66 - почетоците на Охридската архиепископија