Revision 1174 of "Национален Парк Галичица" on mkwikimedia

[[Национален парк|Националниот парк]] [[Галичица]] е прогласен во ''1958 година''. Овој парк опфаќа делови од планинкиот масив [[Галичица]], со крајбрежните простори на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]]. Површината која тој ја зафаќа изнесува ''22.750 км''. [[Галичица|Планината Галичица]] се наоѓа во југозападниот дел на [[Република Македонија]]. Таа е всушност хорст кој се издига помеѓу [[Охридска Котлина|Охридската]] и [[Преспанска Котлина|Преспанската Котлина]].
Ваквата форма на [[Галичица|планината Галичица]] и нејзината положба помеѓу двете најголеми езера во [[Република Мекедонија]] претставува посебна вредност. Таа е маркантна во географската средина со својата импознантна големина. Највисокиот врв [[Магаро]] се наоѓа на надморска височина од ''2.254 метри''.

== Природните вредности на Националниот парк Галичица ==
=== Геоморфолошки вредности ===
Од овој планински престор се протегаат мошне убави глетки на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]]. Посебно е атрактивна можноста посетителите во исто време да ги набљудуваат двете прекрасни езера. Пејсажните атрактивни, естетски и куриозитетни вредности се однесуваат и на самите планински страни, кои [[Галичица]] ги поседува.
Од високите видиковци на [[Галичица|планината Галичица]] се протега и извонредна гледка, која допира до [[Јабланица|планината Јабланица]] и албанските планини од една страна и [[Пелистер]] од друга страна. Иако се работи за висок хорст со доминантност во овој простор и изразито стрмни страни, поврзаноста е многу добра. Преку оваа планина поминува патен правец кој ја поврзува [[Охридска Котлина|Охридската]] со [[Преспанска Котлина|Преспанската Котлина]].

Во геолошкиот состав на [[Галичица|планината Галичица]] преовладува варовникот. Врз основа на ваквиот планински состав се темели појавата на бројни површински и подземни карстни рељефни форми. Од површинските карстни форми овде се јавуваат ували, вртачи и карстни полиња, а од подземни интересни се бројните поштери. Најголеми и најзначајни се : [[Црна Пештера]], [[Мечкила Дупка]], [[Самоска Дупка]] и други. Овие пештери сеуште не се туристички валоризирани.

Од позначајните вредности на [[Националниот Парк Галичица|националниот парк Галичица]] треба да се истакне бреговата линија на акваориумот на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]]. Западниот брег на [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]] е претежно праволиниски, со еден видлив полуостров. За разлика од него, источниот брег, чиј најголем дел му пришаѓа на овој национален парк, се карактеризира со кривина. Вкупно ''63км.'' од брегот на [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]] отпаѓа на линијата со стрмен брег, со помали и поголеми полуострови, ‘ртови и заливи. Како посебна вредност се наметнуваат клифовите кои се наоѓаат на потегот јужно од полуостровот градиште, околу село [[Трпејца]] и кај [[Манастир Свети Наум|манастирот Свети Наум]]. Бреговата линија на [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]] има четири поголеми и три помали полуострови и два острови. 

=== Климатските вредности ===
Климатските вредности во [[Националниот Парк Галичица|националниот парк Галичица]] се различни. Тие се разликуваат во котлинскиот во однос на планинскиот дел. Но, во основа факторите кои ја одредуваат климата се скоро исти. Треба да се констатира дека багоста во климатска смисла е присутна и во овој простор. Така, средногодишната температура од ''1.500 метри'' надморска височина изнесува околу ''7°C''. Средногодишната температура во јули и август изнесувала околу ''21 °C'', а во јануари и фебруари ''0,8°C''. Значи дека се работи за мошне поволни температурни карактеристики, како во летниот, така и во зимскиот дел од годината. Тоа овозможува активности на прошетка и планинарски, како и скијачки активности во зимскиот дел од годината. Кои вака изнесените карактеристики се надоврзуваат и остананите климатски елементи, вакви што се височината на врнежи од ''1.100 мм.'', изразената инсолација, која се движи над ''2.000'' сончеви часови во текот на годината и слично. Количеството на снежни врнежи е релативно сиромашно, што е каракеристично во месеците декември, јануари и фебруари, а во ноември и март се јавува само помало количество на снег. Тоа ја скратува зимската скијачка сезона на овој простор.

=== Хидрографските вредности ===
Хидрографските вредности на [[Националниот Парк Галичица|националниот парк Галичица]] се доста нагласени, иако планината спаѓа во глупата на најсушни просторни целини во [[Република Македонија]]. Оваа карактеристика на [[Галичица]] произлегува пред се од геолошкиот состав на оваа планина. Таа спаѓа во групата на најваравничките планини во [[Република Македонија]], а тоа значи дека се работи за изразит водопропустлив терен, што условува појава на мал број истечни полноводни кодотеци. И покрај тоа, на поширокиот простор на националниот парк се јавуваат постојани извори и водотеци. Тие поседуваат значајна вредност. Од нив треба да се истакнат следниве: изворите кај [[Манастир Свети Наум|манастирот Св. Наум]], изворите на месноста [[Летница]] над селото [[Рамне]], и [[река Черава|реката Черава]] (изворите и се во [[Албанија]]).Од сите овие хидрограгски појави најголемо значење имаат изворите кај [[Манастир Свети Наум|манастирот Свети Наум]].

=== Биогеографските вредности ===
Интересната хидрографска форма и бујната околна вегетација, животинскиот свет на околниот простор, како и богатиот жив свет во водата, е така хармонизиран што го прави оваа извориште да биде едно од најпривлечните места во [[Република Македонија]].
Ова се должи и на прекрасните плажи кои се наоѓаат во непосредна близина, какои и на изворедниот манастирски комплекс [[Свети Наум]].
Растителниот и животинскиот свет се значајни вредности на [[Националниот Парк Галичица|националниот парк Галичица]]. Иако се работи за планина со тешко пристапни падини и камењари, како и висини од над ''1.500 метри'', сепак одве егзистира можне интересна [[Флора|флора]] и [[Фауна|фауна]], која ги сочинува исконските вредности, што на националниот парк му дава посебна димензија. На овој простор опстојуваат претставници од најразлични флористични типови. Тие се лоцирани на стрмните и вертикалните карпи, на камењарите и сипарите, или пак на плитката или подлабоката почва. Ваквата разновидност на релјефот и педолошкиот супсрат, какои другите еколошки фактори, условиле појава на најразлични флористични форми кои се многу ретки или се својствени само за овој простор. 

Растителниот свет е претставен со преку ''600'' флористични видови, од кои преку ''170'' се  од дрвенеста растителност. Ваква разновидност не може да се забелже на другите планини во [[Република Македонија]]. Тое не се однесува само на [[Република Македонија]], туку и на значително пошироко простори. Во просторот на [[Националниот Парк Галичица|националниот парк Галичица]] разновидноста на растителните видови и еколошките услови создале голем број на флористички заедници. На [[Галичица]] се застапени заедници кои се карактеристични за регионите под влијание на субмедитеранската клима, односно од топлољубиви и сушнотропски заедници, како и заедници кои се студеноотпорни и кои се карактеристични за алпскиот регион. На планината [[Галичица]] се јавуваат растителни видови кои постоеле во други услови, односно егзистираат како реликтни видови, какои и видови кои имаат ендемско значење. Во туристичка смисла тие ја поседуваат преку се куриозитетната особеност, а често пати се користат и во едукативна намена. 

Од рсатенијата кои претставуваат посебна вредност во [[Националниот Парк Галичица|националниот парк Галичица]], треба да се истакнат растенијата од дрвенеста растителност и реликтните и ендемичните форми.

Од дрвенестите растенија посебно внимание заслужуваат следниве: дивата и потомата фаја, боровата молика и муника, крупноцветниот повед халожина, шишмирот, дивиот костен и други.

Од реликтните растенија треба да се истакнат: Morina percica, Stipa payeri, Ranonda nathaliae, Phelipaea boiseieri, Berberis croatica.

Во едндемичните растенија спаѓаат: Juniperus exelsa, Juniperus foethoisima, Pinus peuce, Pinus heldreichii, Genista rediata, Lilium Heldreichii, Lilium candidum, Nepeta ernesti – mayeri.

[[Национален Парк Галичица|Националниот парк Галичица]] се карактеризира и со интересен и разновиден животиниски свет. Истражувањата на крупната [[Фауна|фауна]] упатуваат на постоење на околу ''170'' видови животни од кои ''10'' видови се водоземци, ''18'' видови влекачи, ''124'' видови птици и ''18'' видови цицачи. Постојат и повеќе илјади други животни, кои најмногу се испитани во [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]]. Најбогат животински свет поседуваат просторите во навионалниот парк во кој е намалено присуството на човекот. Таков е на пример [[Остров Голем Град|островот Голем Град]], каде на него и во водите околу него живеат поголем број разновидни фунистички примероци. Обратна е појавата во просторите на паркот во кои човекот навлегол со населување и изградба на сообраќајниви и други објекти.

== Антропогените вредности на Националниот парк Галичица ===
=== Културно историски вредности ===
[[Националниот Парк Галичица|Националниот парк Галичица]], покрај природните вредности, поседува и значајни културно – историски споменици. Тоа се следните: [[Бализика Свети Ѓоргија|бализика Св. Ѓоргија]], [[Црквата Света Богородица Пештанска Захумска|црквата Св. Богородица Пештанска Захумска]], пештерските [[Црква Свети Стефан|цркви Св. Стефан]] и [[Црква Света Богородица Пештанска|Св. Богородица Пештанска]], [[Манастир Свети Наум|манастирот Св. Наум]] и [[Црква Свети Петар|црквата Св. Петар]] на [[Остров Голем Град|островот Голем Град]] во [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]].

== Рекреативни активности ==
Врз основа на вака нагласеното богатство, националниот парк Галичица може да се искористи за прошетки и трчање по рекреативните патеки. Лоцирањето видиковци на погодни места, какви што се гребенот [[Баба]] (''1.631 метри''), врвот [[Лако Сигној]] (''1.953 метри''), врвот [[Гола Бука]] (''1.897 метри'') и [[Еленов Врв]] (''1.221 м.''), над селото [[Велестово]], како и на други места, треба да ги открие можностите на прекрасни гледки кои две котлини и планинските простори. Високите отсеци претставуваат извонредни терени за алпинизам. Така отсекот под врвот [[Магоро]] (''2.255 м.'') е висок ''760 метри'' и е мошне поголем за алпинистичко освојување, додека отсеците под врвот [[Голем Врв]] и [[Туглајш]], чија височина изнесува ''180 метри'', погодни се за алпинисти – почетници. Пештерите во овој национален парк се користат само од страна на спелеолозите, иако постојат услови за спелеолошки туристички активности. Зимско – спортските скијачки активности се одвиваат во комплексот [[Суво Поле]], под врвот [[Томорос]] (''1.675 метри''), односно во комплексот [[Отешево]], но постојат услови за вклопување и на други простори во овој вид туристичка понуда. Наведените можности за туристички активности извонредно ги надополнуваат активностите на капење и сончење, како доминантна туристичка понуда на овој простор.

Во националниот парк се одредени зони на заштита. Тоа се следните зони: 
:# Строго заштитена зона во која се опфатени предели и биотопи, мозаично распоредени во категоријата на најзначајните природни добра. Такви се крајбрежните карпи и клифови, пределите на Мгаро, островот Голем Град, изворите кај Св. Наум и високопланинските локви.
:# Туристичко – рекреативна зона има две. Тоа се пределите од Пештани до границата со Албанија на Охридското Езеро и пределите од Стење до границата со Албанија на Преспанското Езеро.
:# Мелеоративна зона, која ги опфаќа пределите на природните вредности од втора и трета категорија, кои се наоѓаат на целиот простор на националниот парк.

:* Во строго заштитените зони можат да се вршат само надгледувања за научни цели, а по исклучок и организирани посети за воспитно – образовни и културни потреби, по претходно одобрување од управата на националниот парк.
:* Туристичко – рекреативните зони се делат на зони со регуларен режим (затворени за определен рок) и зони за слободна посета. Во зоните со регуларен режим се дозволува сано посета на пешаци по јасно обележаните патеки. Зоната за слободна посета се користи за одмор и рекреација и за изградба на инфраструктурни и супраструктурни туристички објекти.
:* Зоната за зимски спортови може да се искористи за изградба на патеки за скијање.
:* Во мелиоративната зона користењето на пасиштата, шумите и земјиштето се врши контролирано и со примена на одгледувачки и друго мерки предвидени со програмата за употребубање на шумите.

[[Национален Парк Галичица|Националниот парк Галичица]] има управа која презема мерки за организирање на техничката и чуварската служба и контрола на активностите на територијата на паркот. Меѓутоа, загрозувањето на националниот парк претставува мошне голем проблем, и покрај преземените наведени активности. Туризмот треба да биде во функција на зачувување на овие вредности, за да може да ги користи како такви. Таков е случајот со коплексот околу изворите на [[Црн Дрим]], кои се лоцирани во зома со режим на строга заштита, а традиционално во тој дел се одвиваат туристичко – рекреативни активности. Слични проблеми постојат и во други делови на крајбрежјето, како на пример северно и јужно од [[Трпејца]], особено околу [[Црквата Света Богородица Пештанска Захумска|црквата Св. Богородица Захумска]].

== Надворешни врски ==
1. Н. Мариноски: Туристичка Географија (Универзитет "Св. Климент Охридски", Битола) Охрид, 2006