Revision 1180 of "Дојранско Езеро" on mkwikimedia[[Дојранско Езеро]] се наоѓа во југоисточниот дел на [[Република Македонија]]. Котлинскиот простор во кој е лоциран овој акваториум е ограничен од север и северозапад со [[Беласица|планината Беласица]], од запад и југозапад со ограноците на [[Кара Бели|планината Кара Бели]] и од истрок со ограноците на [[Круша|планината Круша]]. Надморската височина на која се наоѓа езерската површина е на ''148 метри''. Површината на езерото изнесува ''42.7 км2'', од кои ''15.6 км2'' и припаѓаат на [[Република Грција]], а ''27.1 км2'' на [[Република Македонија]]. Површината на [[Дојранско Езеро|Дојранското Езеро]] се менува во зависност од водостојот, така што во литературата и во официјалните публикации се сретнуваат различни податоци од ''41.9'' до ''43 км2''. Податокот од ''42.7 км2'' е податок од Статистичкиот завод на Република Македонија од ''[[1996]] година''. И покрај ваквите разлики, треба да се констратира дека ова езеро е најмало по површина, од трите тектонски езера во Република Македонија. Вкупната должина на бреговата линија изнесува ''24 км''. Овој брег бележи најмала разгранетост, а во него преовладуваат песочни плажи кои имаат позитивен одраз во туризмот. Најголемата длабочина изнесува ''10 метри''. Значи, се работи за многу мала длабочина, посебно во однос на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]], што треба да се прими како негативна околност за одвивање на туристичките активности. Потврда на оваа квалификација е и фактот дека дури на ''100 метри'' оддалеченост од брегот, длабочината изнесува ''3 метри''. Најголем дел од езерото е покриен со глиновит материјал и само поизразито наклонетите тераси се песокливи, што е една од причините за заматеноста на водата. Максималната амплитуда на водостојот изнесува ''267 км''. Тоа негативно се одразува врз останатите елементи на географската средина. Температурата на водата претставува една од најзначајните вредности на [[Дојранско Езеро|Дојранското Езеро]]. Средногодишната температура во [[Дојранско Езеро|Дојранското Езеро]] изнесува ''14.8 степени'', што е највисока вредност во однос на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]]. Температурата на водата во зимскиот период е доста различна. Средномесечните вредности се движат од умерените ''9.9 степени'' во декември, до ''3.9 степени'' во фебруари. Поради релативно малите длабочини, езерото замрзнува во овој период. Сепак, за развој на туризмот од најголемо значење се средномесечните температури на водата во летниот период од годината. Тие во пет месеци од годината се повисоки од ''18 степени''. тоа значи дека во период од скоро половина година постојат термички услови за одвивање на капалишните активности. Средномесечната температура во мај изнесува ''18.9 степени'', во јуни ''22.4 степени'', во јули ''24.3 степени'', август ''24.2 степени'' и во сепмтеври ''20.4 степени''. Бојата на водата има нијанси од темно зелена, зеленкасто – жолтеникава и жолтенива, што како вредност заостанува зад [[Преспанско Езеро|Преспанското]], а посебно зад [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]]. == Надворешни врски == 1. Н. Мариноски: Туристичка Географија (Универзитет "Св. Климент Охридски", Битола) Охрид, 2006 All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikimedia.org/w/index.php?oldid=1180.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|