Difference between revisions 16173 and 16365 on mkwikisourceВо творечкиот живот на [[Рајко Жинзифов]] '''Прошедба''' е единствениот расказ - репортажа. Не можеме да го вброиме во расказите, бидејќи поетот истиот и не го замислил како расказ. Преку '''Прошедба''' (во прозна форма) тој сакал да го претстави безобѕирното ограбување на нашето население од страна на грчката патријаршија преку нејзините владици. Тема на расказот се впечатоците на поетот од прошетката до [[селото Врбјани]]. Расказот му е посветен на [[Димитар Миладинов]]. Пред посветата се наоѓа мотото: „Зол трн, зла копачка“. Во алегоријата на оваа народна пословица се крие идејата: за да се ослободи нарадот од злото, тиранијата треба да биде уништена.
Во „глобока зора“, како што Жинзифов детално ја опишува, тој и неговиот пријател Здраве тргнуваат во посета кај дедо Стојан, селанец од селото Врбјани. По неколку часови пешачење пристигнуваат во селото, но фамилијата на дедо Стојан била појдена во црква бидејќи бил Духовден. И двајцата пријатели се упатиле кон црквата, кој била полна со народ. На Жинзифов му оставил впечаток разговорот на една стара жена, која барала од попот на гробот на нејзиниот син кој се наоѓал во црковниот двор да отпее молитва но таа да биде испеана на словенски. Бидејќи попот бил македонец и ја исполнил молбата и молитвата ја испеал на словенски. Но за пеењето попот и побарал еден грош. Жената немала и му дала едно петаче(дел од грошот),при што попот се разлутил и рекол дека ќе ја отпее молитвата за умрениот наопаку и истата нема да се фати. Писнала бабата и почнала да моли:„-О,за Бога!Попе не отпевај;Дома имам една ока изварка и десет јајца,дојди,земи,ама не отпевај...“ Од гробиштата Жинзифов и Здраве се враќаат во куќата на стариот Стојан, каде ги пречекуваат многу љубезно. Во подолг разговор старецот им раскажува колку го чинеле свадбите на синовите, дека дал неброени пари за венчавање. Имал шест синови, ама најголема глоба платил за најмалиот, зошто донел дома бегалка. За да го венча син му со бегалката владиката му побарал пет илјади гроша. И дури со многу молби успеал да го измоли грчкиот владика да даде благослов за венчавање за три илјади гроша.Еве што вели тој за ова тешко искушение пред кое се нашол кога требало да му плати на грчкиот владика три илјади гроша за венчавањето: '''
- „Отче попе, велјам, не биват ли подолу?
- „Не, велит, никак!“ - Отче попе, хилјада! - И не погледнуваат.
- „Отче попе, две хилјади!“ - Сја насмехна. Но пак нахмурти си лицето и налјутено ми сја опули и проговори, че много слова говорат на воденица, а овде една, та к’со, пет хилјади. Ох, как беше тешко на душата ми! Подумах - да... И после нека ет жива планината, нека ет здрава шумата. Но нешто ми шепотеше:„Зима ет силна, шума нема“...'''
За да собере толку дедо Стојан продал сто овци и пет крави. Своето разкажување старецот го завршил со зборовите: „Тешки времиња,тешки пустите“. Попладнето одат на селското гумно каде момите празнично облечени играат ора, а околу нив се насобрале жени, мажи и деца. Тоа го прават и момчињата во близина на гумното.Со заоѓањето на сонцето сите си заминуваат кон своите куќи. Жинзифов и Здраве,откако ја поминуваат ноќта во куќата на дедо Стојан, пред да зазори се поздравуваат со домаќинот и се враќаат в град. Раскажувањето за поминатиот ден на село во расказот е испреплетено со дигресии во кои Жинзифов ги изнесува своите размислувања за состојбата на црквите по селата, за грчкото влијание што го шират поповите, за продирањето на европската мода по градовите, каде сè повеќе народните облеки се заменуваат со „френски“. Жинзифов е остар противник на ширењето на модата во Македонија, тој се плаши таа да не ги зафати и селата и вели:'''''„Ако европејската поразија влезит и по селата, тогај проштавај народност!“'''''.Оваа мисла на Жинзифов ги открива неговите погледи и сфаќања како преродбеник. За него народниот начин на живеење, народните обичаи, народната носија се нешто кое треба да се чува и негува бидејќи претставуваат белези кои нашиот народ го разликува од другите народи. Покрај слики на селскиот живот од тој период, во '''''Прошедба''''' е оцртан ликот на селанецот, дедо Стојан. Тој е опишан како трудољубив човек, за него и неговото многучлено семејство од 30 души работниот ден летно време почнува по полноќ, пред да се појави на небото Квачката(соѕвездие). Дедо Стојан е неук и побожен човек кој бара заштита во верата. Постапува според традиционалните обичаи. Бидејќи животот му поминал и му поминувал под туѓи господари, многу често ја повторувал мислата:„Тешки времиња,тешки пустите“. Со оваа мисла тој сака да каже дека на душа му тежеле тешките даноци што морал да ги плаќа. Иако тој покорно го плаќал данокот бил свесен дека за „зол трн“ треба „зла копачка“, односно дека со уништувањето на непријателот по пат на борба може да се ослободи народот од екплоатацијата и тиранијата. Таа е идејната порака на Жинзифов.
Разказот '''''Прошедба''''' иако не е вистински расказ во уметничка смисла,значаен е како реалистички документ за приликите во Македонија во втората половина на XIX век и како прв во новата македонска литература.All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikisource.org/w/index.php?diff=prev&oldid=16365.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|