Difference between revisions 16366 and 16367 on mkwikisourceВо творечкиот живот на [[Рајкоче Жинзифов]] '''Прошедба''' е единствениот расказ - репортажа. Не можеме да го вброиме во расказите, бидејќи поетот истиот и не го замислил како расказ. Преку '''Прошедба''' (во прозна форма) тој сакал да го претстави безобѕирното ограбување на нашето население од страна на грчката патријаршија преку нејзините владици. Тема на расказот се впечатоците на поетот од прошетката до [[селото Врбјани]]. Расказот му е посветен на [[Димитар Миладинов]]. Пред(contracted; show full)ија влезит и по селата, тогај проштавај народност!“'''''.Оваа мисла на Жинзифов ги открива неговите погледи и сфаќања како преродбеник. За него народниот начин на живеење, народните обичаи, народната носија се нешто кое треба да се чува и негува бидејќи претставуваат белези кои нашиот народ го разликува од другите народи. Покрај слики на селскиот живот од тој период, во '''''Прошедба''''' е оцртан ликот на селанецот, дедо Стојан. То ј е опишан како трудољубив човек, за него и неговото многучлено семејство од 30 души работниот ден летно време почнува по полноќ, пред да се појави на небото Квачката(соѕвездие). Дедо Стојан е неук и побожен човек кој бара заштита во верата. Постапува според традиционалните обичаи. Бидејќи животот му поминал и му поминувал под туѓи господари, многу често ја повторувал мислата:„Тешки времиња,тешки пустите“. Со оваа мисла тој сака да каже дека на душа му тежеле тешките даноци што морал да ги плаќа. Иако тој покорно го плаќал данокот бил свесен дека за „зол трн“ треба „зла копачка“, односно дека со уништувањето на непријателот по пат на борба може да се ослободи народот од екплоатацијата и тиранијата. Таа е идејната порака на Жинзифов. Разказот '''''Прошедба''''' иако не е вистински расказ во уметничка смисла,значаен е како реалистички документ за приликите во Македонија во втората половина на XIX век и како прв во новата македонска литература. All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikisource.org/w/index.php?diff=prev&oldid=16367.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|