Difference between revisions 67651 and 68237 on srwikisource

{{заглавље
| претходна= [[Зборник на Миладиновци/ Лазар и Петкана|Лазар и Петкана]]
| следећа= [[Зборник на Миладиновци/ Марко и Гино арнаутче|Марко и Гино арнаутче]]
| наслов= Марко, Арапин и Маркоица
| одељак= [[Зборник на Миладиновци]]
| аутор= Народна песма
| белешке=101. Коришћен савремени македонски правопис
}}

{{Поезија|
<center>'''101.'''</center> 
<center>'''Марко, Арапин и Маркоица'''</center> 

Марко беше више на дивани,
Се опули по бели друмои,
Је зборует на своја невеста:
„Ој невесто, мое мило добро!
Што ке бидит м'гли и прахои, {{стих|5}}
Под Вароша, по бели друмои?”
„Дејди Марко, мој мили стопан!
Да не ми је голема превара!”
Уште речта двата не изрекле,
Ето порти вите се кљукает,
Је зборуват Марко невесте си:
„Појди слези во наши дворои,
И погледај што се порти кљукат!”
Ми отиде млада Маркоица,
Кога гледат црна Арапина.
„Ели чуеш млада Маркоице!
Даљ је тува Марко Кралевиќе?
Сум го чуло многу вино пило
И на облог се оболожуало;
Ако сакат да с' обложуеме,
Мие двата вино да пиеме,
Ако мене тој ме надпиет,
Ке му даам моја добра коња,
Ке му даам моја остра сабја,
Со сабиа глава да пресечиш;
Ако него вино го надпиам,
Да ми даит млада Маркоица.”
Тарчаинчкум се качи на диван:
„Дејди Марко, мој стопанине!
Сама, велит, лова што ни дошла,
Што ни дошла црна Арапина,
На облога он се обложует;
Ако него вино го надпиам,
Ќе ти даит негва добра коња,
Ќе ти даит негва остра сабја,
Со сабја глава да пресечиш;
Ако вино тои те надпиет,
Да му даиш млада твоја љубов.”
„Ај отвори наши вити порти,
Нека влезит црна Арапина!”
М' отвори от дворје вити порти;
Коња врза в д'лга конушница,
Па се вкачи више на дивани.
Што си пија три дни и три ноке,
В три дни никој од ним не се опи;
А Маркое му се здодеало,
Седееќум, вино пијееќум;
На Арапот Марко му зборвеше:
„Дејди Арап, море црни Арап,
Изин дај ми малу да прошетам!”
Малу во двор Марко се прошета,
Бргу по скалици се искачи,
С' искачи за вино загорено;
Чабур чаша полна ми испило,
Чабур чаша седумдесет ока.
Бог да биет црна Арапина!
Беше клало билки чемерлики;
А ја испи, дремка го навали.
Легна Марко малце да преспиет,
И он колај не се разбудует.
Бог да биет црна Арапина,
Што је велит младе Маркоице:
„Промени се, млада Маркоице!
Блаѕе си ти, што ке мен' кердосаш,
И мене со тебе јуш најблаѕе,”
„Фало богу единому, велит,
3ашто ти мене ке ме избавиш
От овего тешка пианица!
Почекај, постој ти да соберам
Се моето рубо невестинско,
Да му земам оружје Марково!”
Бог да биет црна Арапина!
Не ми чекат млада Маркоица,
Туку рипнал на ноѕе јуначки,
Прау тргат долна конушница,
Своја коња от тамо отрешует,
Па Маркоа коња отврзует,
Си ја качи млада Марко'ица.
Не ми терат, како коњ се терат,
Туку како силен ветар бегат.
Приближие до Солуна града,
Тамо велит млада Маркоица:
„Дејди Арап, дејди златен Арап!
Марко овде с' имат побратими,
Мене тие веднош ке познает,
А тебе на часот ке загубет;
Слечи твое свилно убао руво,
И ја него да си го облечам,
Страшен делиа да им се гледам;
На ти стори се кабаетлиа,
Ѓоа мноту љуѓе си искало,
Многу грешки сегде си сторило,
Да те носам прау Цариграда.”
Што појдоа на ладна меана,
На меана во Солуна града.
Личба личит млада Маркоица:
„Да слушајте Солунсни гражани!
Овој хајта мошне кабаетлиа,
Колку крвје турил по друмои,
Колку недугај хајта не сторило,
Ке го насам прау при Султана;
Немој некои Арап да загубит,
Оти џувап никој не ми дават!
Ноќе стана млада Маркоица,
До рамена глава му пресече;
Утро само кога се ос'мна
Пиштит тога страшен делибаша:
„Аљ слушате Солунске гражане!
От вас сакам црна Арапина;
Кој нему ноќе глава пресекло?
Си гражани арно разберите,
Бар' едно живо не остава!”
Тук се мољат Солунски гражани:
„Не можиме, велет, крај да најме,
Кој је Арапина загубило;
Све ни сакај што ке ни посакаш
Да даиме и да простиме.”
„Благо дајте дванаесет товари
Со се маски, с' млади кираџии;
Арапина така ви проштаам,”
Је дадоа Солунски гражани
Је дадоа се што посакала.
Та потера дванаесет маски
От Солуна назад се вратила.
Излегоа под Солуна града,
Под Солуна в зелени ливади,
Ми го стрети Марка Кралевиќа.
Изговори Марко Кралевиќе:
„Даљ ме чуеш страшен делибаша!
Дали идеш по море, по вода,
Дали идеш по бели друмои?
Ке те прашам, нешто да ми кажиш,”
Изговори страшен делибаша:
„Кажи Марко, Марко Кралевиќе!
Што неоља, Марко, ми те нашло?”
„Дали стрете црна арапина,
Да носит убава невеста?”
„Дејди Марко, Марко Кралевиќе!
Јас си идам от место далечно,
Јас си стретиф црна Арапина
Преку Стамбол тридесет конаци,
Кај носеше убава невеста,
Во погледот како Маркоица.
Дејди Марко, Марко от Вароша;
Дали краљство, море, не повељаш,
Даљ не можиш друга да си најдиш,
M'ш сакала, и м'ш си избрала.
Дали чуеш Марко Кралевиќе!
Ај ти назад, Марко, поврати се,
Дванадесет товари да тераш,
Да тоарвиш со моиот слуга,
Да тоарвиш и да растоарвиш,”
Кинисае по бели друмои;
Негде годе жена потерует
Ми го биет с три струка камџика,
Ми го биет Марка Кралевиќе;
Негде годе петици згазует,
От петици црн крв потекует.
Си дојдоа тие по Пирока,
Си фтасаа под бела Плетвара. 
Тога опет страшен делибаша,
Опет фати Марка да прашует;
„Дејди Марко, Марко Кралевиќе,
Да ја видиш млада Маркоица
Дали можиш неа да познаиш?”
Изговори Марко Кралевиќе:
„Даљ ме чуеш страшен делибаша,
Немој така тебе да останит!
Кога гледаш во сурова земја,
Ти прилегаш млада Маркоица;
Кога гледаш она ведро небо,
Нигде немат пострашен от тебе.”
И дојдоа во бела Плетвара.
Рипна от коња млада Маркоица,
Качи Марка свои стопанина:
„Јаз сум твоја млада Маркоица.”
„Простум тебе моите црни крвје,
И проштам ти три струка камџика,
Што биеше по глава, по чело.”
Си ојдоа више на дивани,
Растоарје дванаесет т'вара благо.}}

'''БУГАРСКИ'''

{{Поезија|
<center>'''101.'''</center> 
<center>'''МАРКО, АРАПИН И МАРКО'ИЦА'''</center> 

Марко беше више на дивани,
се опули по бели друмо'и,
йе збору'ет на своя невеста:
- Ой невесто, мое мило добро!
Що ке бидит мъгли и прохо'и {{стих|5}}
под Вароша, по бели друмо'и?
- Дейди Марко, мой мили стопанин!
Да не ми йе голема превара!
Уще речта двата не изрекле,
ето порти вити се клюкает.
Йе зборуват Марко невесте си:
- Пойди слези во наши дворо'и
и погледай що се порти клюкат!
Ми отиде млада Марко'ица,
кога гледат църна арапина.
- Ели чуеш, млада Марко'ице!
Даль е тува Марко Кралевике?
Сум го чуло много вино пило
и на облог се обложу'ало;
ако сакат да с' обложу'еме,
мие двата вино да пиеме,
ако мене тои ме надпиет,
ке му да'ам моя добра коня,
ке му да'ам моя остра сабя,
со сабя глава да пресечит;
ако него вино го надпиам,
да ми даит млада Марко'ица.
Тарчаинчкум се качи на диван:
- Дейди Марко, мои стопанине!
Сама, велит, лова що ни дошла,
що ни дошла църна арапина,
що ни дошла църна арапина,
на облога он се обложу'ет;
ако вино него го надпиеш,
ке ти да'ит нег'ва добра коня,
ке ти да'ит нег'ва остра сабя,
со сабя глава да пресечиш;
ако вино тои те надпиет,
да му да'иш млада твоя любов.
- Ай отвори наши вити порти,
нека влезит църна арапина!
М' отвори от дворье вити порти;
коня върза в дълга конушница,
па се качи више на дивани.
Що си пи'я три дни и три ноке,
в три дни никой од ним не се опи;
А Маркойе му се злодеало,
седеекюм, вино пиеекюм;
на арапот Марко му зборваше:
- Дейди арап, море църни арап,
изин дай ми малу да прошетам!
Малу по двор Марко се прошета,
бъргу по скалици се искачи,
с' искачи за вино загорено;
чабур чаша полна ми испило,
чабур чаша седумдесет ока.
Бог да биет църна арапина!
Беша клало билки чемерлики;
а я испи, дремка го навали.
Легна Марко малце да преспиет
и он колай не се разбуду'ет.
Бог да биет църна арапина,
що йе велит младе Марко'ице:
- Промени се, млада Марко'ице!
Бладзе си ти, що ке мен' кердосаш
и мене со тебе юш най-бладзе.
- Фало богу единому, велит,
защо ти мене ке ме избавиш
от овего тешка пианица!
Почекай, постой ти да соберам
'се моето рубо невестинско,
да му земам оружье Марково!
Бог да биет църна арапина!
Не ми чекат млада Марко'ица,
туку рипна на нодзе юначки,
пра'у търгат долна конушница,
своя коня от тамо отрешует,
па Марко'а коня отвързует,
си я качи млада Марко'ица.
Не ми терат, како кон се терат,
туку како силен ветар бегат.
Приближи'е до Солуна града.
Тамо велит млада Марко'ица:
- Дейди арап, дейди златен арап!
Марко овде с' имат побратими,
мене тие веднош ке познает;
а тебе на часот ке загубет;
слечи твое свилно 'убао руво
и я него да си го облечам,
страшен делиа да им се гледам;
па ти стори се кабаетлиа,
гьа многу люгье си исклало,
многу грешки 'сегде си сторило,
да те носам пра'у Цариграда.
Що пойдо'а на ладна ме'ана,
на ме'ана во Солуна града.
Личба личит млада Марко'ица:
- Да слушайте, солунски граждани!
Овой хайта мошне кабаетлиа,
колку кървье турил по друмо'и,
колку недугай хайта не сторило,
ке го носам пра'у при султана;
немой некой арап да загубит,
оти джувап никой не ми дават!
Нокье стана млада Марко'ица,
до рамена глава му пресече;
утро само кога се осъмна,
пищит тога страшен делибаша:
- Аль слушате, солунски граждане!
От вас сакам църна арапина;
кой нему ноке глава пресекло?
'Си граждани арно разберите,
бар' едно живо не остава!
Тук се молят солунски граждани:
- Не можиме, велет, край да найме,
кой йе арапина загубило;
све ни сакай, що ке ни посакаш
да да'име и да се простиме.
- Благо дайте дванайсет товари
со 'се мъски, с млади кираджии;
арапина така ви проща'ам.
Йе дадо'а солунски граждани,
йе дадо'а 'се, що посакала.
Та потера двана'есет мъски,
от Солуна назад се вратила.
Излего'а под Солуна града,
под Солуна в зелени ливади,
ми го стрети Марка Кралевикя.
Изговори Марка Кралевике:
- Даль ме чуеш, страшен делибаша!
Дали идеш по море, по вода,
дали идеш по бели друмо'и?
Ке те прашам, нещо да ми кажиш!
Изговори страшен делибаша:
- Кажи, Марко, Марко Кралевике!
Що неволя, Марко, ми те нашло?
- Дали стрете църна арапина
да си носит 'убава невеста?
- Дейди Марко, Марко Кралевике!
Яс си идам от место далечно,
яс си стретиф църна арапина
преку Стамбол тридесет конаци,
кай носеше 'убава невеста,
во погледот како Марко'ица.
Дейди Марко, Марко от Вароша;
дали кральство, море, не повеляш,
даль не можиш друга да си найдиш,
мъш сакала и мъш си избрала.
Дали чуеш, Марко Кралевике!
Ай ти назад, Марко, поврати се,
дванадесет товари да тераш,
да то'арвиш со моиот слуга,
да то'арвиш и да расто'арвиш.
Киниса'е по бели друмо'и;
негде-годе жена потеру'ет,
ми го биет с три струка камджика,
ми го биет Марка Кралевике;
негде-годе петици згазу'ет,
от петици църн кърв потекует.
Си дойдо'а тие до Пирока,
си фтаса'а под бела Плетвара*.
Тога опет страшен делибаша,
опет фати Марка да прашует:
- Дейде Марко, Марко Кралевике!
Да я видиш млада Марко'ица,
дали можеш неа да позна'иш?
Изговори Марко Кралевике:
- Даль ме чуеш, страшен делибаша,
немой хатар тебе да останит!
Кога гледаш во сурова земя,
ти прилегаш млада Марко'ица;
кога гледаш она ведро небо,
нигде немат по-страшен от тебе.
И дойдо'а во бела Плетвара.
Рипна от коня млада Марко'ица,
качи Марка свои стопанина:
- Яз сум твоя млада Марко'ица.
- Простум тебе мойте църни кървье
и прощам ти три струка камджика,
що биеше по глава, по чело.
Си ойдо'а више на дивани,
расто'арье дванайсет т'вара благо.}}

[[Категорија:Зборник на Миладиновци|М]]