Revision 67611 of "Зборник на Миладиновци/ Продан и два браќа" on srwikisource

{{заглавље
| претходна= [[Зборник на Миладиновци/ 11|11 песна]]
| следећа= [[Зборник на Миладиновци/ Стојна|Стојна]]
| наслов= Продан и два браќа
| одељак= [[Зборник на Миладиновци]]
| аутор= Народна песма
| белешке=12. Коришћен савремени македонски правопис
}}

{{Поезија|
<center>'''12.'''</center> 
<center>'''Продан и два браќа'''</center> 

Останало Продане сираченце,
С'де с' мајка, а без башта.
Твојата мајка чуждо ткае
Чуждо ткае, чуждо преде,
Туку тебе да изгледа. {{стих|5}}
Изгледа те, порасна те,
Учини те голем јунак,
Голем јунак за женење;
Та ми се прочу, Продане,
По с'та земја околиа; {{стих|10}}
Та се чини јуречно,
На борење борбаџиа,
На каменот намдарџија,
На скокање надскокува.
Дочуха те до два змеха, {{стих|15}}
До два змеха до два браќа,
До два брата от небото,
Се свалиха стред селото,
Стред селото на соборот,
На соборот на бејликот, {{стих|20}}
Да питаа стара баба:
„Дека седе сирак Продан;
Ојди, бабо, му нар'чај,
Нека дојде на саборот,
Да с' бореме два јунака.” {{стих|25}}
Со Пордана се бориа
Токму три дни и три ноќи,
От јаснина темна м'гла,
Темна м'гла попаднала,
Ситна роса заросила; {{стих|30}}
И си б'лсна, и си тресна.
Си дигнаха сирак Продан
Сирак Продан на небото.}}

[[Категорија:Зборник на Миладиновци|В]]