Difference between revisions 2940630 and 3097984 on mkwiki

{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Психологија}}
'''Стрес''' - во [[Психологија|психологијата]], состојба на телесна или психичка напнатост, која резултира од фактори што имаат тенденција да ја менуваат постојаната рамнотежа. Стресот е неизбежен ефект на живеењето и особено е сложен феноменот во модерното технолошко [[општество]]. Се поврзува со коронарната [[срцева болест]], психосоматските нарушувања и други  ментални и психички проблеми. Третманот, обично, се состои од комбинација на советување или психотерапија и медикаменти.
Стресот е последица на физичката, психичката или емоционалната состојба која предизвикува грижа, напнатост и хронична аксиозност. Тој се поврзува со современиот начин на живот и брзото темпо коe тој го наметнува. Повремени, кратки периоди на стрес се обично без последици, но кога ќе потраат подолго време влиjаат на здравјето. Стресот ги подига хормоните кортизол и адреналин кои предизвикуваат забрзана работа на срцето, потење, висок притисок и аксиозност. Како последица на силен стрес имаме срцеви заболувања (ангина пекторис), рак, настинка, несоница, автоимуни заболувања реуматиден артритис), срцев удар, висок крвен притисок, дијабетис тип 2, главоболка, чир, менструални пореметувања...

Со повторување на стресот се предизвикува физичка исцрпеност на одредени органи во организмот. Некаде предизвикува губење на јоните на калиумот што доведува до изумирање на клетките. Кај други пак ги намалува адреналните гликокортикоидни хормони, меѓу кои е и кортизонот и предизвикуваат снижување на шеќерот во крвта. На тој начин клетките не добиваат повеќе гликоза која го регулира шеќерот во крвта во текот на стресот.

Стресот е физиолошка и психолошка реакција на човекот на надворешните случувања која ја ремети неговата рамнотежа. Стресните ситуации се нарекуваат стресори, и тие како дел од секојдневието го прават човекот напнат, нервозен, предизвикуваат бројни психички и физички промени кај лицето изложено на стрес.
Стресните ситуации може да се категоризираатспоред штетата која ја прават (листата ќе ја ставам подоцна), но најстресни ситуации се смрт на дете, смрт на блиско лице, губење работно место (љубов, пари?), болест во семејството, развод, криминална осуда и затварање.
[[Податотека:PTSD stress brain.gif|мини|Регии од мозокот афектирани од стрес]]
Стресната ситуација делува агресивно врз организмот, при што организмот лачи хормони на стрес (адреналин и норадреналин)кои пак ги зголемуваат шеќерот и маснотиите во крвта, ја забрзуваат срцевата работа, го поттикнуваат тонусот на мускулите....
Последиците може да се манифестираат како зголемен крвен притисок, сушење на устата, главоболка, па чир, зголемување на вредностите на холестеролот...слаба ментална концентрација, отуженост, незадоволство, ментални блокови...оддавање на лекови, алкохол, дроги.

*ДЕФИНИЦИЈА

Значи, под ѕtrеѕ Ѕеlуе подразбира процес кој се одигрува во организмот кога тој е изложен на каква било агресија (било трауматска, инфективна, токсична, психичка(еgzogепа рѕihogепа traаита) итн.), која во таква мера ја загрозува и ја нарушува неговата дотогашна состојба на телесен и душевен екилибар, поточно равновесие, што одбраната од таа агресија со користење само на поединечни специфични одбранбени/(адаптативни) механизми не е можна.
Според феноменологијата, МКБ-10 разликува:
1.Акутна реакција на стрес
2.Посттрауматско стресно растројство
З.Растројство во приспособувањето (адаптацијата) 
==Причинители==
До стрес доаѓа кога постои нарушување на рамнотежата меѓу барањата што ги поставувам животот и напата способност да се соочиме со нив. Одредени видови занимања се исклучително стресни, особено работењето на подвижна лента или занимањата кои бараат постојана работа со опасна опрема. Настанатите состојби со кои тешко се соочуваме, по правило, предизвикуваат стрес: премор на работа, парични проблеми, губење на сигурнноста или закана од губење на сигурноста, смртни случаи и развод.
Позитивните искуства, како што се венчавка или подобро работно место, можат, исто така, да бидат стресни. Другите причинители се од лична природа: болест, осаменост, болка или емоционален судир. Последиците од таквите промени, големи и мали, меѓусебно се собираат. Можеме да поднесеме само одредено количество стрес во одреден временски период
==Клиничка слика==
Симптоматологијата покажува големи варијации, сепак со доминација на дисоцијативни симптоми од лесно поматена свест (збунетост. отежнато сфаќање и дезориентација) и психомоторна активност (од повлекување до кататонен ступор или психомоторна агитираност до хаотично бегство).
Често се присутни и вегетативни феномени придружени со панична анксиозност.
Клиничката слика се манифестира неколку минути по дејството на стресната ситуација и обично трае неколку дена.
По излегувањето од таквата ментална состојба субјектот може да има парцијална или целосна (психогена) амнезија.
Според МКВ-IV, растројството се јавува веднаш по стресната траума, трае најмалку 2 дена и целосно се повлекува по 4 недели.
После извесен период на години при потсетување на настанот.
Трауматскиот настан може повторно да се преживува најмалку на еден од следниве начини: повратни слики, мисли. идеи, соништа, илузии, флешбек епизоди, чувство на оживување на искуствата. дистрес
Постои очигледно избегнување на се што би го потсетило на трауматскиот настан (мисли, луѓе, места, разговори, активности).
Покасно, можни секвели
Видливи СИМПТОМИ на анксиозност или зголемена возбуденост (пречки при спиење, раздразливост, ослабена концентрација, хипервигилитет, моторен немир). значајни пречки  во социјалните, работните или во другите видови функционирања.
Пречките траат најмалку 2 дена, односно најмногу 4 недели присутни се внатре во тие 4 недели од трауматскиот настан.
Пречките не настануваат како последица на непосредното физиолошко влијание на психоактивните супстанции или на општата лоша здравствена состојба.
*ПОСТГРАУМАТСКО СТРЕСНО РАСТРОЈСТВО (травматска  невроза)
Растројството почнува како одложен и (или) продолжен одговор на стресна ситуација која силно ја загрозува личноста или пак е од катастрофална природа за која може да се претпостави дека може да предизвика первазивно страданве речиси кај сите луѓе. Се карактеризира со епизоди на повторно преживување на стресната ситуација во сеќавањето флешбекови (flashback-ови), лоши соништа и ноќни мори.
Анксиозноста и депресивноста се чести симптоми кои се придружени и со вегетативни феномени.
Главни симптоми:
*отежнато заспивање или одржување на сонот
*раздразливост и хостилност
*отежната концентрација
*хипервигилитет
* претерана плашливост
Трае подолго од еден месец.
Растројството предизвикува клинички пречки или оштетувања на социјалното, професионалното или на другото функционирање
Почетокот е неколку недели од стресната ситуација која влијаела како моќен психотрауматски фактор кој трае одредено време. ==Епидемиологија==
Според студии работени во општата популација, преваленцијата на растројството во текот на целиот живот изнесува од 1 до 14%, зависно од методите на статистичките студии и од мострата на изготвувањето.
РАСТРОЈСТВО ВО ПРИСПОСОБУВАЊЕТО (во адаптацијата) "културен шок", "реакција на тагување" "хоспитализам кај деца". МИГРАЦИОНА РЕАКЦИЈА НА АДАПТАЦИЈА
Растројството се карактеризира со состојба на субјвКТИВНО страдање и емоционално растројство кое го нарушува социјалното приспособување на субјектот, а настанува во текот на приспособувањето на некој значајни животни промени или пак како последицана стресни ситуации (вклучува и тешко соматско растројство).
Стресната ситуација (стресорот) може да го погоди интегритетот на личноста на единката (жал поради смртен случај, сепарација, брачни проблеми) или пак ги погодува семејството или поширокиот систем на социјални вредности (миграција, бегство, природни катастрофи).
Симптомите можат да се развијат во текот на 3 месеци од почетокот на дејствувањето на стресорот и траат околу 6 месеци или повеќе ако се јавуваат како резултат на хроничен стресор (хронично лоша здравствена состојба, реактивни состојби).
Се мисли дека и во развојот на растројствата во приспособувањето во голема мера играат улога и предиспозитивните фактори со кои располага  личноста.
Реактивните слики се всушиост неможност на добра адаптација на една личносг во ново настанатите услови на живеење, во една нова   средина   и   милије   содруги   услови   и   закони
Според феноменолошката доминација, МКБ-10 разликува неколку поттипови (реактивни состојби):
КРАТКА ДЕПРЕСИВНА РЕАКЦИЈА
Транзиторно, благо депресивно растројство кое трае најмногу до еден месец.
ПРОДОЛЖЕНА ДЕПРЕСИВНА РЕАКЦИЈА
Се карактеризира со продолжена блага депресивна реакција која трае најмногу до 6 месеци.
МЕШОВИТА АНКСИОЗНО-ДЕПРЕСИВНА РЕАКЦИЈА
Мешана анксиозно-депресивна реакција која не достигнува јачина за да биде класифицирана како афективно растројство.
РЕАКЦИЈА СО ПРЕТЕЖНО РАСТРОЈСТВО НА ДРУГИТЕ ЕМОЦИИ
Растројството се карактеризира со благо изразена анксиозност, депресивност, загриженост и лутина.
РЕАКЦИЈА СО ПРЕТЕЖНО РАСТРОЈСТВОТО ОДНЕСУВАЊЕТО
Главните симптоми се во растројствата на обноските, како адолесцентна реакција на жалост со агресивност или антисоцијално однесу вање. 
==Лекување==
Со стресот не мора да се борите сами. Психологот, психијатарот, свештеникот или пријателот често можат да ви помогнат да го препознаете или решите проблемот кој ви се чини нерешлив. Развивањето на секојдневните механизми за борба против стресот во кои имате доверба ќе ви помогнат да се подготвите за состојбата за која знаете дека ќе биде стресна.
===Конвенсионална медицина===
Ако симптомите на стрес се појавиле во врска со одреден настан,како што е смртен случај во семејството, лекарот може да препиње лек против анкционизност, како што е диазепам. Овие лекови се многу ефикасни, ако се примаат пократко време, но може да создадат зависност, ако се примаат подолго од неколку недели.
===Алтернативни начини на лекување===
Некои начини на лекување кои порано се сметале за алтернативни денес ги употребуваат, особено оние кои ги поттикнуваат физичкото и психичкото олабавување.
====Ароматерапија====
Етеричното масло од лаванда може да помогне во смирување на стресот: ставете пет-шест капки во бањата или две три капки во марамче и повремено вдишувајте.
====Работа на телото====
Олабавувајќи ги напнатите мускули и поттикнувајќи го крвотокот, масажата помага за психичко олабавување. Меѓу третманите кај стручен масер можете и самите да си ги масирате слепоочниците, вратот, рамената и лицето.
====Лекување со лековити билни====
Традицијоналниот одговор е чаша топол чај. Некои тревари препорачуваат чај од камилица, пасифлора, валеријана или амарикански гинсенг.
==Терапија на стресните состојби==
Во терапијата на стресните состојби се користат психофармаколошки и психотераписки методи.
Од психофармаколошките средства најчесто се користат анксиолитици од бензодијазепинската група и анксиолитици со благи антидепресивни својства (алпразолам).
При стресните состојби со депресивна феноменологија се ординираат и антидепресиви од групата на трицикличните и населективните серотонински антидепресиви.
Од психотераписките методи се користат аналитички, површни и когнитивно - бихејвиорални методи.
Психосоматски  болести!?!
Емоциите (бес, гнев, лутење, страв) можат да предизвикат телесна болест, или да ја влошат веќе постоечката. Значи, тоа се болести во кој психичкиот    фактор    игра    значајна    улога.
Према Franc Aleksander (1950 г.) класични психосоматски болести:
*Гастродуоденален улкус
*Улцерозен колитис
*ХТА
*Хипертиреоза
*Бронхијална    астма
*Хроничен полиреуматизам    на зглобовите
*Неуродерматитис
Денеска, према МКБ:
Алергиски реакции; ангина  пекторис; ангионеуротичен едем; аритмии; ХТА; бронхијална астма; гастродфуоденален улкус; диабетес меллитус; хиперинсулинизам; хипертиреоза; иритабилен колон; кардиоспазам; мигрена; болни менструални пореметувања; мукозен колитис; неуродерматитис; пилороспазам; пруритусани; реуматоидни артритис; регионален ентеритис; тахикардија; туберкулоза; улцерозен колит; уртикарија. 

ве и неколку совети кои можат да ви помогнат да
го намалите и брзо да го совладате стресот:
*Смејте се почесто.
*Избегнувајте осаменост.
*Избегнувајте негативна реакција.
*Организирајте го ефикасно своето време.
*Дишете длабоко за да се опуштите.
*Спијте доволно.
*Наизменично напнувајте ги и опуштајте ги мускулите по 5 секунди одгоре надолу (лицето, вратот, градениот кош, надлактиците, подлактиците, рацете, стомакот, дебелото месо, бутовите, листовите и стапалата).
*Вежбајте три пати неделно или секојдневно шетајте барем по половина час.

{{Психологија-никулец}}

[[Категорија:Психологија]]