Difference between revisions 1123 and 1124 on mkwikimediaНа само три километри од [[Гевгелија]], во поднежјето на [[Кожув|Кожув планина]], лоцирани во ретка јасенова шума, се простираат надалеко познатите Негорски бањи. Тие се природни термо минерални бањи од вулканско потекло, распослани на гевгелиското труско подрачје. == Историски развој на Негорски Бањи == Наспроти некои бањи во [[Република Македонија]] како што се [[Катловската, Струмичката Бања|Катловската]], [[Струмичка Бања|Струмичката]] и др.уги за кои се знае дека ги користеле уште [[Римјани|Римјаните]], Негорските термоминерални води како бања почнуваат да се користат дури во најново време.⏎ ⏎ Првите податоци за оваа термоминерална вода ги дава познатиот југословенски географ [[Јован Цвииќ]] кој го посетил овој крај во 1989 година. Во 1902 година за неа пишува и [[Р. Хоернес]]. Меѓутоа, и едниот и другиот наведуваат дека овде постојат само термоминерални извори, но не и објекти кои ќе овозможат користење на истите. Наредната 1903 година, заповедникот на турскиот гарнизон во Гевгелија, [[Шукри паша]], изградил на појакиот извор бања, односно зграда со два базена и соби за одмарање. ⏎ ⏎ Базените и денеска постојат и тоа едниот е поголем и има тркалезна форма со пречник од 2.60 метри и длабочина од 1.20 метри, а вториот е помал и има форма на коцка. Првиот во почетокот служел за капење на жените на [[Шукри паша]], а во вториот се капаел само [[Шукри паша]]. Над базените на спрат се наоѓачле соби, а постоела и една пространа тераса наменета за [[Теферич|теферич]] (уживање) на пашата.⏎ ⏎ По изградбата на бањата, пашата забранил на христијанското население да се капе во отворените вирови. Затоа топлиот вир кој се наоѓал јужно од бањата бил заграден со трска и почнал масовно да се користи од месното христијанско население. ⏎ ⏎ По [[Прва светска војна|Првата светска војна]], воениот гарнизон од [[Гевгелија]] на местото на топлиот извор подигнал бања со голем базен долг 9 метри, широк 4.5 метри и длабок 0.90 метри. Во состав на бањата се изградени и две соби за сместување и една за одмарање. Во периодот меѓу двете светски војни во бањата не се вршени некои пообемни градежни работи. Единствено по 1920 година се извршени одредени асанациони работи, односно се изградени дренажни канали, преку кои е овозможено исушување на мочуриштата. Покрај честите поплави што ги правела [[Серменска Река|Серменската Река]] и силниот земјотрес што ја зафатил и бањата во 1931 година придонел таа да се најде во многу запуштена состојба. ⏎ ⏎ За време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], бањата сосема е запуштена. За лошата состоја многу придонела и поплавата од [[Серменска Река|Серменската Река]] и тоа во 1942 година, кога целиот бањски двор бил покриен со талог кој што навлегол и во базенот со топлата бања.⏎ ⏎ Негорски бањи позабрзан развој доживуваат дури во годините по ослободувањето. == Географска положба на Негорски бањи == Негорски бања е лоцирана во Гевгелиската Котлина, на околу 4 км северно од Гевгелија. Бањата се наоѓа во подножјето на планината Кожув, на надморската височина од 60 метри. Бањскиот комплекс опфаќа површина од 25 хектари целосно пошумена, озеленета и релативно добро уредена површина. (contracted; show full) На околу 500 метри јужно од минералните избори се наоѓа и минералното блато (кал) на поголема површина. Тоа е единственото во Македонија и успешно се користи во здравствениот бањски комплекс. Бањскио комплекс Негорски бањи има три хотеи и тоа: “Јасен” “Илиден” и “Бужор” во кои квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости. Собите располагаат со ТВ, интернет пристап, телефон, клима уред, фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања. All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikimedia.org/w/index.php?diff=prev&oldid=1124.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|