Difference between revisions 1124 and 1125 on mkwikimediaНа само три километри од [[Гевгелија]], во поднежјето на [[Кожув|Кожув планина]], лоцирани во ретка јасенова шума, се простираат надалеко познатите Негорски бањи. Тие се природни термо минерални бањи од вулканско потекло, распослани на гевгелиското труско подрачје. == Историски развој на Негорски Бањи == (contracted; show full) За време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], бањата сосема е запуштена. За лошата состоја многу придонела и поплавата од [[Серменска Река|Серменската Река]] и тоа во 1942 година, кога целиот бањски двор бил покриен со талог кој што навлегол и во базенот со топлата бања. Негорски бањи позабрзан развој доживуваат дури во годините по ослободувањето. == Географска положба на Негорски бањи == Негорски бања е лоцирана во [[Гевгелиска Котлина|Гевгелиската Котлина]], на околу 4 км северно од [[Гевгелија]]. Бањата се наоѓа во подножјето на планината [[Кожув]], на надморската височина од 60 метри. Бањскиот комплекс опфаќа површина од 25 хектари целосно пошумена, озеленета и релативно добро уредена површина. Бањата се наоѓа во непосредна близина на магистралата Скопје – Солун. Таа има двојно значење, од една страна Бањата е добро поврзана со другите просторни целини, а од друга страна Бањата се наоѓа на мошне значаен транзитен правец, што и овозможува да се вклучи како понуда и во [[Транзитен туризам|транзитниот туризам]]. == Сообраќајна поврзаност на бањата == Сообраќајната поврзаност претставува основен фактор на туристичкиот развој. Бидејќи Негорска Бања се наоѓа во непосредна близина до меѓународната магистрала Е-75, таа директно се уште не е поврзана со овој патен правец, туку до неа се стигнува преку Гевгелија. Од овој град до Бањата води квалитетен асфалтиран пат, кој понатаму продолжува до соседните села Негорци и Прдејци. На оваа релација сообраќа редовна градска автобуска линија. (contracted; show full) На околу 500 метри јужно од минералните избори се наоѓа и минералното блато (кал) на поголема површина. Тоа е единственото во Македонија и успешно се користи во здравствениот бањски комплекс. Бањскио комплекс Негорски бањи има три хотеи и тоа: “Јасен” “Илиден” и “Бужор” во кои квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости. Собите располагаат со ТВ, интернет пристап, телефон, клима уред, фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања. All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikimedia.org/w/index.php?diff=prev&oldid=1125.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|