Difference between revisions 1125 and 1126 on mkwikimedia

На само  три километри од [[Гевгелија]], во поднежјето на [[Кожув|Кожув планина]], лоцирани во ретка јасенова шума, се простираат надалеко познатите Негорски бањи. Тие се природни термо минерални бањи од вулканско потекло, распослани на гевгелиското труско подрачје.

== Историски развој на Негорски Бањи ==
(contracted; show full)

За време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], бањата сосема е запуштена. За лошата состоја многу придонела и поплавата од [[Серменска Река|Серменската Река]] и тоа во 1942 година, кога целиот бањски двор бил покриен со талог кој што навлегол и во базенот со топлата бања. Негорски бањи позабрзан развој доживуваат дури во годините по ослободувањето.

== Географска положба на Негорски бањи ==

[[Негорскиа бања|Негорската бања]] е лоцирана во [[Гевгелиска Котлина|Гевгелиската Котлина]], на околу 4 км северно од [[Гевгелија]]. Бањата се наоѓа во подножјето на планината [[Кожув]], на надморската височина од 60 метри. Бањскиот комплекс опфаќа површина од 25 хектари целосно пошумена, озеленета и релативно добро уредена површина.
(contracted; show full)
На околу 500 метри јужно од минералните избори се наоѓа и минералното блато (кал) на поголема површина. Тоа е единственото во Македонија и успешно се користи во здравствениот бањски комплекс. Бањскио комплекс Негорски бањи има три хотеи и тоа: “Јасен” “Илиден” и “Бужор” во кои квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости. Собите располагаат со ТВ, интернет пристап, телефон, клима уред, фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања.