Difference between revisions 1126 and 1127 on mkwikimedia

На само  три километри од [[Гевгелија]], во поднежјето на [[Кожув|Кожув планина]], лоцирани во ретка јасенова шума, се простираат надалеко познатите Негорски бањи. Тие се природни термо минерални бањи од вулканско потекло, распослани на гевгелиското труско подрачје.

== Историски развој на Негорски Бањи ==
(contracted; show full)
Бањата се наоѓа во непосредна близина на магистралата Скопје – Солун. Таа има двојно значење, од една страна Бањата е добро поврзана со другите просторни целини, а од друга страна Бањата се наоѓа на мошне значаен транзитен правец, што и овозможува да се вклучи како понуда и во [[Транзитен туризам|транзитниот туризам]].

== Сообраќајна поврзаност на бањата ==
Сообраќајната поврзаност претставува основен фактор на туристичкиот развој. Бидејќи 
[[Негорска Бања]] се наоѓа во непосредна близина до [[Меѓународна магистрала Е-75|меѓународната магистрала Е-75]], таа директно се уште не е поврзана со овој патен правец, туку до неа се стигнува преку [[Гевгелија]]. Од овој град до Бањата води квалитетен асфалтиран пат, кој понатаму продолжува до соседните села о [[Негорци]] и [[Прдејци]]. На оваа релација сообраќа редовна градска автобуска линија.

  Со изградба на крак од автопатот до Бањата, нејзината сообраќајна положба осетно ќе се подобри. Тоа ќе претставува и одличен предусклов за забрзан развој на странскиот, особено [[Транзитен туризам|транзитниот туризам]].  

== Хидрографски карактеристики на бањата ==
Негорските термоминерални извори се врзани за расед кој се протега од север – северозапад кон југ – југоисток. Тој расед има карактер на термална линија како резултат на тектонските процеси. Покрај главната раседна линија што се јавува во Гевгелиската Котлина, постојат и други разно димензирани пукнатини низ кои циркулира термо-минералната вода. На местата каде се вкрстуваат овие термални пукнатини се јавуваат термо-минералн извори, како на пример оние кај селот(contracted; show full)
На околу 500 метри јужно од минералните избори се наоѓа и минералното блато (кал) на поголема површина. Тоа е единственото во Македонија и успешно се користи во здравствениот бањски комплекс. Бањскио комплекс Негорски бањи има три хотеи и тоа: “Јасен” “Илиден” и “Бужор” во кои квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости. Собите располагаат со ТВ, интернет пристап, телефон, клима уред, фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања.