Difference between revisions 1127 and 1128 on mkwikimedia

На само  три километри од [[Гевгелија]], во поднежјето на [[Кожув|Кожув планина]], лоцирани во ретка јасенова шума, се простираат надалеко познатите [[Негорска бањи|Негорски бањи]]. Тие се природни термо минерални бањи од вулканско потекло, распослани на гевгелиското труско подрачје.

== Историски развој на Негорски Бањи ==
Наспроти некои бањи во [[Република Македонија]] како што се [[Катловска Бања|Катловската]], [[Струмичка Бања|Струмичката]] и други за кои се знае дека ги користеле уште [[Римјани|Римјаните]], Негорските термоминерални води како бања почнуваат да се користат дури во најново време. Првите податоци за оваа термоминерална вода ги дава познатиот југословенски географ [(contracted; show full)
На околу 500 метри јужно од минералните избори се наоѓа и минералното блато (кал) на поголема површина. Тоа е единственото во Македонија и успешно се користи во здравствениот бањски комплекс. Бањскио комплекс Негорски бањи има три хотеи и тоа: “Јасен” “Илиден” и “Бужор” во кои квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости. Собите располагаат со ТВ, интернет пристап, телефон, клима уред, фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања.