Difference between revisions 1128 and 1129 on mkwikimedia

На само  три километри од [[Гевгелија]], во поднежјето на [[Кожув|Кожув планина]], лоцирани во ретка јасенова шума, се простираат надалеко познатите [[Негорска бањи|Негорски бањи]]. Тие се природни термо минерални бањи од вулканско потекло, распослани на гевгелиското труско подрачје.

== Историски развој на Негорски Бањи ==
(contracted; show full)

== Хидрографски карактеристики на бањата ==
Негорските термоминерални извори се врзани за расед кој се протега од север – северозапад кон југ – југоисток. Тој расед има карактер на термална линија како резултат на тектонските процеси. Покрај главната раседна линија што се јавува во 
[[Гевгелиска Котлина|Гевгелиската Котлина]], постојат и други разно димензирани пукнатини низ кои циркулира термо-минералната вода. На местата каде се вкрстуваат овие термални пукнатини се јавуваат термо-минерални извори, како на пример оние кај селото [[Смоквица]], потоа оние во селото [[Горничет]] и други. Со тоа е докажано дека покрај постоењето на термо-минерална вода по природен пат, во [[Негорска Бања]] се јавува и [[Артерска термоминерална вода|артерска термоминерална вода.
]]. Термоминералната вода која по природен пат избива на површината до алувијалните слоеви, во нив се шири, па затоа во целиот овој слој на територијата на Бањата се јавуваат термоминерални извори.


Водата во негорските термоминерални извори се од вулканско потекло. За постоењето на раседните кои од своја страна условуваат непостојаност на теренот потврда се и појавувањето на честите сеизмички манифестации што се јавуваат во овој крај. Така за време на Валандовскиот земјотрес во 1931 година, во [[Негорска Бања]] се појавиле и нови извори, а изменет е и режимот на водата во постојаните. При тоа, температурата на водата се покачила, а се појавил и посеител млаз на пареа. Со смирување на почвата постепено се намалувала и температурата и штедроста на водата. Ова јасно укажува дека при изградба на новите објекти во бањата, на овој проблем мора да му се обрна потребно внимание.

  Најголемата штедрост од 1.1 л/сек има Новата Каптажа, другите два извора, Ладната и Топлата бања имаат речиси еднаква количини на вода 0.35л/сек. Вкупното богатство на сите три извори изнесува 1.80 што е помало во споредба на Косоврашката Бања 68.8 и Бања Банско 40л/сек. Количината на водата на изворите е иста во текот на целата година.

  По своите хемиски и физички својства, водата во Негорска Бања спаѓа во редот на хомотермални слабо минерализирани и слабо радиоактивни. Главниот хемиски состав на водата е [[Натриум сулфат|натриум сулфатот]].  

== Лекувачки можности на бањата ==
Топлата минерална вода во Негорски Бања доаѓа во бањата неизменета, спроведена од изворите со помош на термо изолирани цевки, за да не изгуби од својата природна топлина. Нејзината минерализација е иста како и на изворот кога се пие од чаша. Тоа се нејзините големи предности. Нејзиното дејство при капењето главно е физикално, што значи дека таа делува со својата топлина и хидростатскиот притисок.
(contracted; show full)
На околу 500 метри јужно од минералните избори се наоѓа и минералното блато (кал) на поголема површина. Тоа е единственото во Македонија и успешно се користи во здравствениот бањски комплекс. Бањскио комплекс Негорски бањи има три хотеи и тоа: “Јасен” “Илиден” и “Бужор” во кои квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости. Собите располагаат со ТВ, интернет пристап, телефон, клима уред, фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања.