Difference between revisions 1137 and 1138 on mkwikimedia

[[Вардарски рид]] е централниот простор во гевгелиско, на кој континуирано се живеело во текот на повеќе од ''1000'' години, од крајот на  [[Бронзено време|бронзеното време]]  (''XIII век пред н.е.'') до доаѓањето на [[Римјани|Римјаните]] (''II век пред н.е.''). Низ шест последователни населби, почнувајќи од мала праисториска населба на Ридот 1, во текот на ''V'' и ''IV век пред н.е''. израснал старомакедонскиот град [[Античка Гортинија]], град посведочен во историските извори како еден од центрите на [[Античка Македонија]]. По преќин на населбата, повеќе од ''1000 години'' во полн(contracted; show full)от колекционер. Посебна категорија на наоди во Куќата на колкционерот претставуваа [[Монета|монетите]]. Вкупно се пронајдени 24 примероци , главно од автономните градови [[Амфиполи]] и [[Тесалоника]] и од кралевите [[Филип V]] и [[Персеј]]. Се претпоставува дека животот во оваа куќа а воедно и на вардарски Рид замрел некаде околу ''I век'' пред Христа. Сиромаштвото на наоди од таа фаза укажува дека повеќе не било достигнато економското ниво и културните остварувања неопходни за живеење.