Difference between revisions 1138 and 1139 on mkwikimedia[[Вардарски рид]] е централниот простор во гевгелиско, на кој континуирано се живеело во текот на повеќе од ''1000'' години, од крајот на [[Бронзено време|бронзеното време]] (''XIII век пред н.е.'') до доаѓањето на [[Римјани|Римјаните]] (''II век пред н.е.''). Низ шест последователни населби, почнувајќи од мала праисториска населба на Ридот 1, во текот на ''V'' и ''IV век пред н.е''. израснал старомакедонски(contracted; show full) Покрај монетите на погоре наведените македонски кралеви, во голем број се присутни и оние од автономните ковани во кованици на [[Амфиполис]], [[Пела]], [[Парореја]], [[Тесалоника]], а најмлади нумизматички материјали претставуваат римските републикански монети. По оваа обнова, Централниот комплекс егзистира до ''I век п.н.е''. кога замира животот во градот, освен на источната тераса каде продолжува и во ''I век'' од нашата ера по што е напуштен. Највисокиот дел од ридот 2 претставува централен и најекспониран дел од локалитетите. Градбите откриени во Централниот дел на [[Акропола|Акрополата]] всушност претставуваат низа од простории со различни белези и инвентар што упатува на различна намена. Сите тие биле тесно поврзани меѓусебе во единствени и мошне комплексна архитектонска средина. Коплексот бил во употр(contracted; show full)от колекционер. Посебна категорија на наоди во Куќата на колкционерот претставуваа [[Монета|монетите]]. Вкупно се пронајдени 24 примероци , главно од автономните градови [[Амфиполи]] и [[Тесалоника]] и од кралевите [[Филип V]] и [[Персеј]]. Се претпоставува дека животот во оваа куќа а воедно и на вардарски Рид замрел некаде околу ''I век'' пред Христа. Сиромаштвото на наоди од таа фаза укажува дека повеќе не било достигнато економското ниво и културните остварувања неопходни за живеење. All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikimedia.org/w/index.php?diff=prev&oldid=1139.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|