Difference between revisions 1143 and 1144 on mkwikimedia

На само  три километри од [[Гевгелија]], во поднежјето на [[Кожув|Кожув планина]], лоцирани во ретка јасенова шума, се простираат надалеко познатите [[Негорска бањи|Негорски бањи]]. Тие се природни термо минерални бањи од вулканско потекло, распослани на гевгелиското труско подрачје.

== Историски развој на Негорски Бањи ==
(contracted; show full)
Самиот факт дека нејзината топлина е еднаква на телесната топлина е од голема важност, бидејки водата не мора да се загрева или лади. Негорските минерални води се познати по тоа што лечат голем број на болести меѓу кои:



:* Ревматски заболувања
:* Дегенеративни заболувања на коски и зголобови и рбетен столб
:* Пострауматски и постооперативни состојби во ортопедија
:* Остеопороза
:* Заболувања на нервните систем
:* Заболувања на гастроинтестинален систем
:* Кожни заболувања
:* Заболувања на уринарниот систем
:* Кардиоваскуларни заболувања
:* Респираторни заболувања
:* Сите форми на коронарна болест
:* Гинеколошки заболувања


Врз основа на проверените клинички успеси на болено терапија на бањското лекување денес се гледа како на рамноправно со другите можности, како нивен продолжен и дополнителен фактор.
На околу ''500 метри'' јужно од минералните избори се наоѓа и минералното блато (кал) на поголема површина. Тоа е единственото во Македонија и успешно се користи во здравствениот бањски комплекс. Бањскиот комплекс [[Негорска бања|Негорски бањи]] има три [[Хотел|хотели]] и тоа: “[[хотел Јасен|Јасен]]” “[[хотел Илиден|Илиден]]” и “[[хотел Бужор|Бужор]]” во кои квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости. Собите располагаат со ТВ, интернет пристап, телефон, клима уред, фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања.

== Надворешни врски ==
1. Н. Ташков: Туристичките вредности на бањите во Република Македонија, Април 2004