Difference between revisions 1144 and 1158 on mkwikimedia

На само  три километри од [[Гевгелија]], во поднежјето на [[Кожув|Кожув планина]], лоцирани во ретка јасенова шума, се простираат надалеко познатите [[Негорска бањи|Негорски бањи]]. Тие се природни термо минерални бањи од вулканско потекло, распослани на гевгелиското труско подрачје.

== Историски развој на Негорски Бањи ==
Наспроти некои бањи во [[Република Македонија]] како што се [[Катловска Бања|Катловската]], [[Струмичка Бања|Струмичката]] и други за кои се знае дека ги користеле уште [[Римјани|Римјаните]], Негорските термоминерални води како бања почнуваат да се користат дури во најново време. Првите податоци за оваа термоминерална вода ги дава познатиот југословенски географ [[Јован Цвииќ]] кој го посетил овој крај во ''[[1989]] година''. Во ''[[1902]] година'' за неа пишува и [[Р. Хоернес]]. Меѓутоа, и едниот и другиот наведуваат дека овде постојат само термоминерални извори, но не и објекти кои ќе овозможат користење на истите. Наредната ''[[1903]] година'', заповедникот на турскиот гарнизон во Гевгелија, [[Шукри паша]], изградил на појакиот извор бања, односно зграда со два базена и соби за одмарање.

Базените и денеска постојат и тоа едниот е поголем и има тркалезна форма со пречник од ''2.60 метри'' и длабочина од ''1.20 метри'', а вториот е помал и има форма на коцка. Првиот во почетокот служел за капење на жените на [[Шукри паша]], а во вториот се капел само [[Шукри паша]]. Над базените на спрат се наоѓале соби, а постоела и една пространа тераса наменета за [[Теферич|теферич]] (уживање) на пашата. По изградбата на бањата, пашата забранил на христијанското население да се капе во отворените вирови. Затоа топлиот вир кој се наоѓал јужно од бањата бил заграден со трска и почнал масовно да се користи од месното христијанско население. 

По [[Прва светска војна|Првата светска војна]], воениот гарнизон од [[Гевгелија]] на местото на топлиот извор подигнал бања со голем базен долг ''9 метри'', широк ''4.5 метри'' и длабок ''0.90 метри''. Во состав на бањата се изградени и две соби за сместување и една за одмарање.
Во периодот меѓу двете светски војни во бањата не се вршени некои пообемни градежни работи. Единствено по ''[[1920]] година'' се извршени одредени асанациони работи, односно се изградени дренажни канали, преку кои е овозможено исушување на мочуриштата. Покрај честите поплави што ги правела [[Серменска Река|Серменската Река]] и силниот земјотрес што ја зафатил и бањата во ''[[1931]] година'' придонел таа да се најде во многу запуштена состојба.

За време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], бањата сосема е запуштена. За лошата состоја многу придонела и поплавата од [[Серменска Река|Серменската Река]] и тоа во ''[[1942]] година'', кога целиот бањски двор бил покриен со талог кој што навлегол и во базенот со топлата бања. Негорски бањи позабрзан развој доживуваат дури во годините по ослободувањето.

== Географска положба на Негорски бањи ==
(contracted; show full)

Водата во негорските термоминерални извори се од вулканско потекло. За постоењето на раседните кои од своја страна условуваат непостојаност на теренот потврда се и појавувањето на честите сеизмички манифестации што се јавуваат во овој крај. Така за време на Валандовскиот земјотрес во ''
[[1931]] година'', во [[Негорска Бања]] се појавиле и нови извори, а изменет е и режимот на водата во постојаните. При тоа, температурата на водата се покачила, а се појавил и посеител млаз на пареа. Со смирување на почвата постепено се намалувала и температурата и штедроста на водата. Ова јасно укажува дека при изградба на новите објекти во бањата, на овој проблем мора да му се обрна потребно внимание. Најголемата штедрост од 1.1 л/сек има Новата Каптажа, другите два извора, Ладната и Топлата бања имаат (contracted; show full)нија и успешно се користи во здравствениот бањски комплекс. Бањскиот комплекс [[Негорска бања|Негорски бањи]] има три [[Хотел|хотели]] и тоа: “[[хотел Јасен|Јасен]]” “[[хотел Илиден|Илиден]]” и “[[хотел Бужор|Бужор]]” во кои квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости. Собите располагаат со ТВ, интернет пристап, телефон, клима уред, фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања.

== Надворешни врски ==
1. Н. Ташков: Туристичките вредности на бањите во Република Македонија, Април 2004