Difference between revisions 1150 and 1176 on mkwikimedia

[[Село Бања|Селото Бања]] ('''[[Кочанска Бања]]''') се наоѓа на ''7 км'' од [[Кочани]] од десната страна на магистралниот пат [[Кочани]] – [[Штип]]. Сместено е во подножјето на [[Осоговските Планини]] и лежи на последните ограноци од ридиштата на овие планини, кои благо се спуштаат кон котлината на надморската висина од ''340 км''. Од источната страна се наоѓа село [[Тркање]], а од западната село [[Спанчево]], кон југ селото се граничи со(contracted; show full)вие простори Бањата била користена и од [[Турци|Турците]]. Во близина на [[Кочанска бања|Кочанската бања]], кај село [[Долни Подлог]] од дупнатина длабока ''318 метри'' откриена е топла минерална вода со јачина од ''95 литри'' во секунда и температура од ''80 степени'', што може да претставува основа за изградба на бањски здравствено рекреативни објекти.

== Надворешни врски ==
1. Н. Ташков: Туристичките вредности на бањите во Република Македонија
 (Универзитет "Гоце Делчев", Штип), Април 2004