Difference between revisions 1151 and 1152 on mkwikimedia

Бања БанскоТермоминералните извори во [[Бања Банско]] биле познати уште во римско време, за што сведочат археолошките остатоци на старите римски [[Терма|терми]]. Во околината на Бањата се наоѓаат шума од липи и костени и бистри планински потоци. [[Папрат|Папратот]] од македонското поднебје кој расте во околината на [[Бања Банско]] е заштитен од [[Обединетите Нации]]. 

== Историски развој на бањата Банско ==
Откривањето на ќерамиката и другите предмети што се пронајдени во [[Струмица]] и струмичко од доцниот [[Неолит|неолит]], го докажуваат фактот дека во овој крај постојат голем број историски непроценливи вредности од римскиот период како што е [[Римска терма|римската терма]] во [[Бања Банско|бања Банско]] која е откриена многу доцна. Нема некои историски списи кои ќе говорат за постоењето и користењето на [[Бања Банско|бањата Банско]]. 

Но, со самиот факт дека на овој простор постои една ваква терма, кажува дека истата постоела и се користела уште од римско време, односно од дамнешни времиња.


Постојат остатоци од базен до чешмата за пиење топла вода, за којшто населението не знае кога е граден. Ископани се стари пари со ликот на [[цар Константин]] во месноста “[[Панаир]]”, под бањата, каде што се откриени и многу питоси. Нивите се исполнети со стари ќерамиди и конечно откриени се на неколку места низ селото многу стари ќумци, преку кои водата од топлиот извор е спроведувана преку повеќе канали кон селото, јасно потврдувајќи ја наведената констатација,  а тоа го потврдува и месното население, дека бањата функционира уште од [[Римјани|Римјаните]]. 


Со поконкретни податоци, располагаме од времето на владењето на [[Турци|Турците]]. Тие биле значајни поклоници на бањите. Се знае дека [[Турци|Турците]], на пример во бањските села помасивно се населувале, често ги претварале во чисто турски села. Таков е случајот во село [[Кочанска Бања|Бање – Кочанско]], а во слична положба било и селото [[Банско]]. Така се забележува дека во втората половина на ''[[XVIII]]'' и почетокот на минатиот век почнале да градат во бања Банско, тогаш е реновиран базенот кој и денес постои (велиме реновиран, бидејќи [[Турци|Турците]] го викале “[[Јени Овлет]]” што значи “[[Нов Базен]]”, а тука претходно имало постар).

  Наредниот период во развојот на Бањата го зафаќа времето меѓу двете светски војни – кога Бањата била разрушена. По ''[[1920]] година'' двајца браќа од [[Струмица]] ја обновуваат Бањата и изградиле објект за сместување.

== Географска положба на Бањата ==
[[Бања Банско|Бањата Банско]] е лоцирана ''12 км'' југоисточно од [[Струмица]] на источниот крај од селото [[Банско]]. Термоминералните извори се наоѓаат во подножјето на планината [[Беласица]], меѓу реката [[Дерман]] од запад, планинската коса [[Манастир]] од исток и рамното [[Струмичко Поле]] и месноста “[[Какошинска]]” од север. Бањските објекти се подигнати на една чакалеста тераса, создадена од [[Дерменска Река]] на надморска височина од ''270 метри''. 


Сместена на допирот од две различни орографски и биографски целини Бањата има одлична географска положба. 

Од пространата тераса на која се подигнува бањскиот комплекс како од белведер се протега прекрасен поглед кон [[Струмичка Котлина|Струмичката Котлина]] на едната страна и кон стрмните врвови на импресивната [[Беласица]] од другата страна. Шумата на [[Беласица]] претставува дополнително задоволство. Таа и дава посебен белег на оваа бања така што го задржува вниманието на транзитните патници и посетителите на бањата.

== Сообраќајна поврзаност на Бањата ==
Бањата Банско претставува крстосница на важни патиша. Овде минува источната туристичка магистрала.
(contracted; show full)
:* Состојба после фрактура на коските
:* Состојба на прележана жолтица
:* Нервни заболувања
:* Женски гинеколошки заболуваља (стерилитет, запаление на јајниците и др.)

Сите горенаведени болести денес се лекуваат во јавбната здравстврна организација. Природно лекувалиште бања Банско односно во хотелот Цар Самуил. Хотелот е најсовремено опремен за болнео – терапија и медицинска рехабилитација. Има можност од спортско – рекреативен и забавен карактер, користење на кинезотерапија, базен и хидротерапија.