Difference between revisions 1152 and 1153 on mkwikimediaТермоминералните извори во [[Бања Банско]] биле познати уште во римско време, за што сведочат археолошките остатоци на старите римски [[Терма|терми]]. Во околината на Бањата се наоѓаат шума од липи и костени и бистри планински потоци. [[Папрат|Папратот]] од македонското поднебје кој расте во околината на [[Бања Банско]] е заштитен од [[Обединетите Нации]]. == Историски развој на бањата Банско == (contracted; show full)афски целини Бањата има одлична географска положба. Од пространата тераса на која се подигнува бањскиот комплекс како од белведер се протега прекрасен поглед кон [[Струмичка Котлина|Струмичката Котлина]] на едната страна и кон стрмните врвови на импресивната [[Беласица]] од другата страна. Шумата на [[Беласица]] претставува дополнително задоволство. Таа и дава посебен белег на оваа бања така што го задржува вниманието на транзитните патници и посетителите на бањата. == Сообраќајна поврзаност на Бањата == [[Бања Банско|Бањата Банско]] претставува крстосница на важни патиша. Овде минува источната туристичка магистрала. Денес [[Бања Банско|бањата Банско]] е сообраќајно поврзана со [[Струмица]]. До неа води добар асфалтен пат. Од селото [[Дабиле]] се одвојува еден крак кон [[Берово]] преку [[Малешевски Планини|Малешевските Планини]]. Другиот води кон граничкиот премин [[Петрич]] во [[Република Бугарија]]. Сметаме дека е потребно изградба на пат од клучката кај [[Куклиш]], со што ќе се овозможи и поврзување на [[Валандовско – Дојранскиот регион]] со бањата. Со тоа ќе се создадат услови и за поголем број на посетители – гости. ⏎ ⏎ Кон север бањата е поврзана преку [[Радовиш]] и [[Штип]] со [[Скопје]] што е мошне важно за овој бањски комплекс. Уште подобра сообраќајна поврзаност би имала со изградба на [[Аеродром|аеродром]] што е многу важен за овој регион. Важноста се гледа во развојот на странскиот [[Туризам|туризам]] и [[Земјоделство|земјоделието]] кое пак би дало значаен придонес во оваа област. == Хидрографски карактериски на бањата == Термоминералните извори се лоцирани во интересен простор. Се забележува дека овде се вкрстуваат повеќе дислокации. Повеќе испитувачи се сложуваат дека една има правец на протегање И – З. Таа е најдлабока и со најголемо протегање. На оваа дислокација и во Република Бугарија кај Петрич се јавуваат термоминерални извори кои се исто така врзани за гранатски интрузии. (contracted; show full) :* Состојба после фрактура на коските :* Состојба на прележана жолтица :* Нервни заболувања :* Женски гинеколошки заболуваља (стерилитет, запаление на јајниците и др.) Сите горенаведени болести денес се лекуваат во јавбната здравстврна организација. Природно лекувалиште бања Банско односно во хотелот Цар Самуил. Хотелот е најсовремено опремен за болнео – терапија и медицинска рехабилитација. Има можност од спортско – рекреативен и забавен карактер, користење на кинезотерапија, базен и хидротерапија. All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikimedia.org/w/index.php?diff=prev&oldid=1153.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|