Difference between revisions 1153 and 1154 on mkwikimediaТермоминералните извори во [[Бања Банско]] биле познати уште во римско време, за што сведочат археолошките остатоци на старите римски [[Терма|терми]]. Во околината на Бањата се наоѓаат шума од липи и костени и бистри планински потоци. [[Папрат|Папратот]] од македонското поднебје кој расте во околината на [[Бања Банско]] е заштитен од [[Обединетите Нации]]. == Историски развој на бањата Банско == (contracted; show full) == Хидрографски карактериски на бањата == Термоминералните извори се лоцирани во интересен простор. Се забележува дека овде се вкрстуваат повеќе дислокации. Повеќе испитувачи се сложуваат дека една има правец на протегање И – З. Таа е најдлабока и со најголемо протегање. На оваа дислокација и во [[Република Бугарија]] кај [[Петрич]] се јавуваат термоминерални извори кои се исто така врзани за гранатски интрузии. ⏎ ⏎ Значи, геотермичките манифестации во Струмичката област, а пред се термалните извори во Банско непосредно се врзани за длабински раседи. Интересно е да се напомене дека од Валандовскиот земјотрес во ''[[1931]] година'', главниот извор на бањата во Банско – [[Парилото]] пресушил. Водата не се јавувала девет дена, а место неа од земјата се јавувала само пареа. ⏎ ⏎ Најголема штедрост на вода има главниот извор ([[Пароли) ]]) ''40 л/сек''. Тој има и највисока температура 72оC''72 степени''. Со ваква обилност главниот избор го зазема третото место меѓу терманлните избори во [[Република Македонија]]. На прво место е “[[Косоврашки извор|Косоврашкиот извор]]” со ''68.8л/сек'', на второ место е изворот на “[[Нова Каптажа” ]]” ''51л/сек'' во село Бањиште. Другите извори се со помала штедрост и пониска температура. ⏎ ⏎ Тоа значи дека [[Бања Банско|бањата Банско]] има забележителен капацитет како основа за развој на [[Бањски туризам|бањскиот туризам.⏎ ]]. Водата на [[Бања Банско|бањата Банско]] спаѓа во групата на [[Натриум|натриумско]] – [[Сулфур|сулфорни]], алкални и [[Азот|азотни]] води кои во себе содржат ретки [[Минерал|минерали]]. Таа е од јувенилно потекло, односно доаѓа од големи длабочини и нема атмосферски влијанија.⏎ ⏎ Обилноста и температурата на водата не се менува што има посебно значење за нејзиното искористување. == Лекувачките можности на бањата Банско == Лекувачките можности на термоминералната вода во бања Банско одамна се познати. Богатството со хипертермални минерални извори на температура на водата од 47 до 72оC овозможиле природното лекувалиште да се користи уште од римско време, односно од III век. Богатите и разновидни шуми, извонредно чистиот воздух се основни услови за лекување. Поради тоа во бањата се користи најсовремената медицинска техника од страна на стручна медицинска екипа. Бањата помага при лекување на следните заболувања: :* Сите видови ревматични заболувања :* Ишијалгија и полиартриги :* Заболувања на дишните органи (бронхит, асма) :* Болести на органите и за варење (чир, гастритис, цревни заболувања) :* Состојба после фрактура на коските :* Состојба на прележана жолтица :* Нервни заболувања :* Женски гинеколошки заболуваља (стерилитет, запаление на јајниците и др.) Сите горенаведени болести денес се лекуваат во јавбната здравстврна организација. Природно лекувалиште бања Банско односно во хотелот Цар Самуил. Хотелот е најсовремено опремен за болнео – терапија и медицинска рехабилитација. Има можност од спортско – рекреативен и забавен карактер, користење на кинезотерапија, базен и хидротерапија. All content in the above text box is licensed under the Creative Commons Attribution-ShareAlike license Version 4 and was originally sourced from https://mk.wikimedia.org/w/index.php?diff=prev&oldid=1154.
![]() ![]() This site is not affiliated with or endorsed in any way by the Wikimedia Foundation or any of its affiliates. In fact, we fucking despise them.
|