Difference between revisions 1154 and 1155 on mkwikimedia

Термоминералните извори во [[Бања Банско]] биле познати уште во римско време, за што сведочат археолошките остатоци на старите римски [[Терма|терми]]. Во околината на Бањата се наоѓаат шума од липи и костени и бистри планински потоци. [[Папрат|Папратот]] од македонското поднебје кој расте во околината на [[Бања Банско]] е заштитен од [[Обединетите Нации]]. 

== Историски развој на бањата Банско ==
(contracted; show full)а [[Бањски туризам|бањскиот туризам]]. Водата на [[Бања Банско|бањата Банско]] спаѓа во групата на [[Натриум|натриумско]] – [[Сулфур|сулфорни]], алкални и [[Азот|азотни]] води кои во себе содржат ретки [[Минерал|минерали]]. Таа е од јувенилно потекло, односно доаѓа од големи длабочини и нема атмосферски влијанија. Обилноста и температурата на водата не се менува што има посебно значење за нејзиното искористување.

== Лекувачките можности на бањата Банско ==
Лекувачките можности на термоминералната вода во 
[[Бања Банско|бања Банско]] одамна се познати. Богатството со хипертермални минерални извори на температура на водата од 47 до 72оC''47'' до ''72 степени'' овозможиле природното лекувалиште да се користи уште од римско време, односно од [[''III век.'']].

Богатите и разновидни шуми, извонредно чистиот воздух се основни услови за лекување. Поради тоа во бањата се користи најсовремената медицинска техника од страна на стручна медицинска екипа. Бањата помага при лекување на следните заболувања:

:* Сите видови ревматични заболувања
:* Ишијалгија и полиартриги
:* Заболувања на дишните органи (бронхит, асма)
:* Болести на органите и за варење (чир, гастритис, цревни заболувања)
:* Состојба после фрактура на коските
:* Состојба на прележана жолтица
:* Нервни заболувања
:* Женски гинеколошки заболуваља (стерилитет, запаление на јајниците и др.)

Сите горенаведени болести денес се лекуваат во јавбната здравстврна организација. Природно лекувалиште бања Банско односно во [[хотел Цар Самуил|хотелот Цар Самуил]]. Хотелот е најсовремено опремен за болнео – терапија и медицинска рехабилитација. Има можност од спортско – рекреативен и забавен карактер, користење на [[Кинезотерапија|кинезотерапија]], базен и [[Хидротерапија|хидротерапија]].