Difference between revisions 1155 and 1156 on mkwikimedia

Термоминералните извори во [[Бања Банско]] биле познати уште во римско време, за што сведочат археолошките остатоци на старите римски [[Терма|терми]]. Во околината на Бањата се наоѓаат шума од липи и костени и бистри планински потоци. [[Папрат|Папратот]] од македонското поднебје кој расте во околината на [[Бања Банско]] е заштитен од [[Обединетите Нации]]. 

== Историски развој на бањата Банско ==
(contracted; show full)

Со поконкретни податоци, располагаме од времето на владењето на [[Турци|Турците]]. Тие биле значајни поклоници на бањите. Се знае дека [[Турци|Турците]], на пример во бањските села помасивно се населувале, често ги претварале во чисто турски села. Таков е случајот во село [[Кочанска Бања|Бање – Кочанско]], а во слична положба било и селото [[Банско]]. Така се забележува дека во втората половина на ''[[XVIII
 век]]'' и почетокот на минатиот век почнале да градат во бања Банско, тогаш е реновиран базенот кој и денес постои (велиме реновиран, бидејќи [[Турци|Турците]] го викале “[[Јени Овлет]]” што значи “[[Нов Базен]]”, а тука претходно имало постар). Наредниот период во развојот на Бањата го зафаќа времето меѓу двете светски војни – кога Бањата била разрушена. По ''[[1920]] година'' двајца браќа од [[Струмица]] ја обновуваат Бањата и изградиле објект за сместување.

(contracted; show full)
:* Нервни заболувања
:* Женски гинеколошки заболуваља (стерилитет, запаление на јајниците и др.)

Сите горенаведени болести денес се лекуваат во јавната здравстврна организација. Природно лекувалиште бања Банско односно во [[хотел Цар Самуил|хотелот Цар Самуил]]. Хотелот е најсовремено опремен за болнео – терапија и медицинска рехабилитација. Има можност од спортско – рекреативен и забавен карактер, користење на [[Кинезотерапија|кинезотерапија]], базен и [[Хидротерапија|хидротерапија]].